Јас денес баш проверив скриен, и немам. Чудно ми е што баш после пиење на глукозата вредноста ми е пониска од пред тоа. А за симптомиве, баш сега читам низ темава и има мислења дека нормално е кај трудница жед и често мокрење. А за гестацискиот дијабетис на нет пишува дека нема некои особени ссимптоми. Освен тие што имаат ваков дијабетис, можат да споделат ако имаат некои специфични симптоми....
Јас кога правев огтт (не бев трудна) ми покажа малку над нормалата дека имам скриен шеќер а обичниот ми беше и е нормален... да не го правев испитувањето немаше ни да знам... бидејки јас лично немав некои симптоми и се мислев само кај труднци се јавува но не било така... но пак ќе кажам ниту мокрев почесто ни нишш посебно да го посочам ко симптом
Само што испитав скриен шеќер, после 2 саати ми е 9.5. Дали сте биле на терапија со ваков резултат или само диета? И што значи ова, дека е само моментална состојба во бременост?
I jas proveriv posle priviot saat mi e 10.5, a treba 8.8... a posle 2cas e 4.8...i sega ke odam kaj endokrinolog...
Јас имав 9.3. Не примав терапија зошто не ни отидов на ендокринолог. Матичниот беше многу лабав во однос на мојот шеќер, ама јас сама си држев диета. Од 5 месец или кога и да се проверуваше не качив ни кило до пораѓај. Немав ни индикации, се породив во 41 недела со бебе 3 кила. Треба да е само во бременост, сега не ми е гајле искрено дали имам скриен шеќер, гнетам што ми дојде.
Му се има ли на некој слошено од шербетот? Јас од ко го испив после 30мин. го повратив ми беше мн лошо од толку мн благо.
Јас имав само многу јака главоболка. Да не си го испила многу брзо или во прво тромесечие да не си? Претпоставувам неуспешно било испитувањето, ако одиш повторно вечерта пред испитување пиј многу вода и утредента откако ќе го испиеш шербетот побарај малку вода и пиј си по една голтка.
26+5 сум. Јас по некое време од кога го испив имав зуење во ушите, вртоглавица, се потев. После пола саат веќе не можев да издржам и повратив. Не знам дали пак да одам да испитувам, бидејќи ова не беше успешно. Не очекував дека олку многу ќе ми се слоши.
А бебето како е со неделите? И кај мене е висок после еден и после два часа, околу 10 ми е. Ендокринологот ми рече само на храна да внимавам, дека не дава терапија за тоа, на граница била вредноста. И' спомнав за апаратче, рече нема потреба. Внимавав и претходно на исхраната, а сега од две парчиња тонус за доручек намалив на едно. Исфрлив овошје, иако јадев само една мандарина, едно киви и малку вишни. За ручек секако не јадам леб, тестенини не јадам, сокови, благо ништо од тоа воопшто.
Бебето пред 1 месец беше таман со неделите. Мене ми рече да купам апаратче, да мерам до понеделник и да водам дневник. На диета сум протеини, зеленчук и само интегрален или тонус леб и во понеделник ќе види ако си е добар шеќерот во овие 5 дена ќе останам само на диета. И еве 3ти ден како мерам со диетата не отишол над 5 што е супер, многу се смирив. Инаку, мислам дека ми рече да мерам зашто јас имам инсулинска резистенција и фамилијарна историја со дијабет. Овошје ми рече 1 портокал или 1 јаболко неделно максимум, а јас дека слушам од страна трудници требало да јадат што повеќе овошје, на сила мислам дека бутав во уста. Кога и кажав ми рече буквално некој ве доведува сите трудници во заблуда за овошјето. И тоа е, ќе видиме во понеделник ама мислам дека ќе биде во ред.
А кај мене (погоре имав пишано), бидејќи бебе е една (на последен преглед матичнава ко да спомна дека и за две недели напреднало и затоа ми даде да испитам тримесечен шеќер) тримесечниот беше нормален. После, на своја рака си испитав и скриен со шербетот:нагладно 3.80 а по пиење по 2 часа 2.80 мислам беше.Рано ми е за на преглед, а не знам како можи да падни шеќерот. Битно, пишуваше да не е поголем од 8 (а не пишуваше од колку да не е помал) ама веќе не мислам на тоа само ме интересира некој да не има друг со ваков случај
Терај со ограничување, сигурна сум дека ќе биде сè супер. Дисциплинирана биди си, уште малку остана, ќе истуркаме
Старо е мислењево ама морав да искоментирам,скриен шеќер не се мери од прст,тоа прво,второ после оптеретувањето со шеќер,ОБАВЕЗНО мирување во чекалната,мене дури лаборантот ми спомна и за во тел ѕверењето,ми вика намали тоа и тоа троши шеќер. Провери си и на друго место.
Бадеми може, да. И има еден протеински пудинг по маркетиве, само 5 гр јаглехидрати на 100 гр пудинг, чашките се од 200 гр. Не е благ, а вкусен е, пробај го. Салати може да си правиш, шеф салата на пример, зелка и сл., супа со мевциња да си свариш домашна. Ова се пудинзите.
Не ми ја отвара сликата ама ако се на Ehrman ги знам, ги јадев порано, а сега имаат и овошни јогурти и многу се убави.
Многу се убави, има парчиња овошје во нив и вчера баш јадев еден. После 1 саат мерев шеќер беше 4.3 така да, не го качуваат мислам дека е безбедно да се јадат. Инаку, досега кисело млеко на Битолска млекара со парче тонус леб ми го качи најмногу шеќерот 7.1, многу се изненадив.
Ама затоа се вика скриен шеќер, подмукол е, ништо никаков симптом да немаш, како јас на пример, може да ти најдат скриен шеќер. Нема врска дали јадеш многу благо или не, бебето е мало или големо, намалена или зголемена плодова вода, тоа ништо не мора да значи, кај мене немаше ништо од тоа и ми се покажа доста покачен шеќер и во двете претходни бремености. И во оваа ми беше покачен ама не многу , а се супер со бебе и со плодова вода, се во грсници на нормала. Тука во Гр е задолжителна проверката на скриениот шеќер, сите трудници мора да го прават. Ама и нема ништо лошо во тоа, подобро да знаеш на што си, отколку да те копка после што би било...