Јас мерев скриен шекер и тримесечен. Скриениот по 2 часа ми е 9.1 а горна граница е 8.5 Отидов на ендокринолог и ми даде режим со лебни единици, максимум во денот да се внесуваат 16ле или 1600 калории. Шекер мерам 4 пати на ден и водам дневник на шекерот и исхраната. 3 ден сум на исхраната нооо тешко ми е многу, мислам дека броењево повеќе на психа ме удира. Инаку исхраната е повеќе на база на протеини и зеленчук а помалку ј.хидрати, скроб и овошје. Редот оди вака Доручек Ужина Ручек Ужина Вечера Ужина 60 грама бадеми се 385 калории
Некаде прочитав дека три дена пред да се испитува скриен шекер требе да се изеде по 100 грама чоколадо дневно.Точно ли е ова?Треба да испитам јас неделава
Точно е зашто треба да се оптовари организмот со шеќер ама не мораш и досега ниеден доктор не ми препорачал. Ако не дај Боже имаш висок шеќер ќе покаже секако.
Да...оти првиот саат ми беше покачен и затоа ми даде да проверам... и излезе 6...рече супер е... нормално совет тесто и благо да не јадам
Многу се чудни тие тестирања. Кога проверував скриен шеќер ми беше 9.5. Ме прати докторката да испитам тримесечен и излезе под долна граница. Ми рече супер ваљда и затоа поминав без терапија ама се чудеше многу како е можно.
Незнам од памет ме извадија со вредноста на 1ч, а другиве се супер... ама пак јас слабо јадам благо може и оти ми беше лошо од шербетот...кој ги знаее