Во глобала ништо ама среќа Ehrman не спасија со протеинските пудинзи и овошни јогурти. Ги има во поголемите маркети. Исто, можеш да си правиш домашен пудинг, ставаш бадемово млеко во тањир и чиа семе и го оставаш преку ноќ во фрижидер. Ќе стегне малку и му доаѓа како пудинг. Мада јас си купувам од продавница од протеинските.
Јас кога одев на обука како да пазам на шеќерот ме учеа дека се помалку смеам ама почесто.Овошје колку ми е голема раката.Јас јадев по малку благо меѓу мерењата или ден кога не мерев шеќер,ама после тоа шетав.
Фала ти баш ќе ги побарам да ги пробам. Да и мене ми кажаа дека може овошје по едно на ден колку раката
За овошјето ќе ви кажам мене ендокринологот што ми кажа, па секоја од вас нормално ќе си одлучи за себе. Ми рече дека е огромна заблуда дека трудниците мора да јадат многу овошје. Секоја трудница и доаѓала со тоа размислување. Ми рече само да јадам зеленчук во изобилие и немам никаква потреба од овошје. Останав подзината. Кога отворив по нет сфатив дека зеленчукот има повеќе витамини од овошјето така да, јас освен аронија за крвта и понекогаш малина, капина друго не јадам.
Јас цела бременост еве сеа сум 29та недела се убив од јадење цело време само тоа. И сега кога мерев шеќерот плафон. Ама сите ми викаа за трудници само овошје и зеленчук ама излезе дека овошје треба многу малце. НОВ А од овие пудинзи колку е дозволено ? Едно неделно или ????
Јас јадам пола банана, кокосово млеко, една лажичка путер од кикирики и една лажичка какао. Ако сакате поблаго да биде, бананата нека биде по зрела. Тоа ми е убав десерт, плус додавам понекогаш и чиа и протеин од грашок и ми доаѓа како оброк. А овие пудинзиве се полни со емулгатори, ги имам јадено.
Женски, која вредност на шеќер во крв се рачуна за висока во бременост? Јас сум 17 недела, последните рутински крвни слики шеќерот беше 5.2 и 5.4, гинекологот спомна дека е висок, но не ми даде инструкции нешто да превземам.
И мене ми е така, ми беше 5.7, 4.9, 5.8 и последно 7ца. Препотачливо е под 5.1 да биде. Мене во 8ма недела одма ме пратија на ендокринолог за мерење на тримесечен шеќер, инсулин и скриен шеќер и тогаш испадна супер се и ендокринологот ми рече да не јадам благо. Сега кога искочи 7ца се јавив во една приватна Срце, и ми рекоа од таму дека чим во 8ма бил добар нема потреба да се испитува. Јас сум на диета сега и ќе почекам да го повторам тестот за скриен. Друго што ме советуваа е да не правам проверки во Синлаб, воопшто не им биле конзистентни резулататите и кај секој покажувало покачен. Така да во план ми е пак на ендокринологија да си го испитам. Јас сум 24+ 6
Женски ,денес испитав скриен шекер . На гладно 4.6 , после 1 час 4.4 , после 2 часа 4.1 Како ви изгледа ?
Јас планирам во понеделник да испитам скриен шеќер. Докторот не ми кажа ама јас си сакам. Ми кажаа од лабораторијата дека 3 пати боцкале во прст и два саати требало мирување. Кажете ми точно како оди ова? Треба ли да јадам нешто? Како се испитува?
Ќе одиш рано насабајле гладна, по можност 2-3 дена пред да го правиш прегледот да јадеш нешто по light и не благи работи, колку можеш да одбегнуваш тие 2-3 дена пред да го правиш испитувањето. Ќе одиш значи рано штом станеш, те боцкаат еднаш на гладно, ти даваат течност гликоза да ја пиеш во рок од 10 мин.треба да ја испиеш, голтка по голтка, седиш таму 1 час, не треба да се движиш, вода може малку да пиеш додека го чекаш второто боцкање. Те боцкаат по 1 час и пак седиш уште 1 час, те боцкаат и вториот час и толку, си одиш и јадеш што сакаш. Со среќа