Најубаво е да се прави во некоја приватна лабараторија. Не мора цело време два часа да седиш таму, може да ти земат крв, па да си седиш во кола еден час, па повторно истото.
Може ама само интегрален. Овошје до две парчиња на ден, и тоа во комбинација со јогурт, јатки или одма после оброк, затоа што ако јадеш само овошје тоа го качува шеќерот брзо. Суво овошје никако. Не се препорачува банана, грозје, тропско овошје освен портокал, лимон и папаја. Од млечни прозводи може јогурт, сирење со макс. 40% масленост. Зеленчук може се колку сакаш. Компир во мали количини колку што ти собира во дланката, најдобро е да биде млад компир и да се јаде со се лушпа. Леб интегрален само, од мин. 90% црно брашно. Исто и тестенини. Пченка и производи он неа треба да се одбегнуваат затоа што содржи шеќер. Млеко треба ептен малку да се пие, затоа што исто така содржи шеќер. Течности (вода и незасладени чаеви) мин. 2л на ден.
Девојки а дали и послем пораѓај треба да си на истиот режим за шеќерот или си се враќаш со нормална исхрана ????
После пораѓај се тестираш дали било само гестациски или веќе си во преддијабетична состојба. Според резултатите ќе ти каже докторката. Ако не се пазиш сега можно е да остане проблемот и после пораѓај, хронична болест е дијабетесот.
Да ми кажа ендокринологот дека послем три месеци од кога ќе се породам да направам исто испитување ко што го правиме во бременост. И ми вика во 99% случаите им се враќа во нормала. Се надевам и јас ќе сум во тие 99%
Мешиња вие што имате дијабет како се храните?Што јадете за доручек,ручек и вечера.Од овошје,зеленчук што внесувате? И какви испитувања сте правеле досега. Јас одам на еднокринологија,но на секој преглед (еднаш месечно) само крв за тероидна ми проверува Др а друго ништо не ми проверува.Се боцкам инсулин,мерам дома шеќер и правам профил како ми е шекерот пред оброк и 1час по оброк па според тие резултати ми ја одредува дозата за инсулин.До сега ниту тримесечен ништо никакво испитувања немам направено на еднокрино кога идам.
Има на интернет многу информации за начинот на исхрана при оваа состојба. Истажи си повеќе за тоа кои намирници имаат висок а кој низок гликемиски индекс. Има многу работи кои можат да се јадат, треба само да научиш правилно да ги комбинираш. Кај ендокринологот не ли дадоа упатства за исхрана? Инсулинот треба да е последна опција..
Мене ме интересира колку ти е шеќерот пред и после и дали имаш историја некаква со дијабет, па примаш инсулин.
Пред оброк ми е 7-8 а по оброк 9-10 Историја имав ваква: и пред бременоста имав висока инсулинска резистенција,едно 3 ипол години бев на терапија еутирох и глукофаж,па едндокринологот ми кажа ако дојде до бременост веднаш да се јавам за корекција на терапија.Така и биде кога дознав дека сум бремена ми прекина глукофажот,ме префрли на инсулин и ми ја корегирање терапијата со Еутироксот.
Да да Само многу ми е страв како ќе ја истерам бременоста да не ни се случи нешто на мене и на бебко 29недела ја терам.
Може. Секако се препорачуваат јаткасти во бременост, башка вообичаено помалку калории се внесуваат со ваква исхрана, а тие се калорични. Умерено И со кисело млеко и јогурт бидете внимателни, креваат шеќер. Јас само 3-4 мали лажички кисело млеко јадам со 1 лажица мелен лен за столицата.