Мене за појадок еве неколку дена по ред две парчиња тонус леб не ме најадуваат, се осекам многу гладна.
Јас јадам по 3, во комбинција авокадо со јајце и кромид, хумус со јајце и домат, ајвар со јајце, хумус со краставица, домат и кромид, крем сир со ајвар, крем сир со краставица. Денес ќе јадам хељда со краставида, домат и малце сирење.
Дали се испитува исклучиво во 28 недела или може и понатаму..страв ми е да одам поради целата ситуација
Истото и јас ја прашав матичната пошто ми рекоа во болница 3 саати таму седиш и 3 пати боцкаат после пиењето на течноста,а во оваа ситуација со вирусот 5 минути не седам... Најубав предлог ми даде да најдам од некој или да си купам апарат за мерење на шеќер и истото дома да си го направам.Не се скапи тие апаратчиња околу 700 800 денари биле ама барем ти останува
Јас јадам и маслинки ама од млечно ништо веќе не јада, денес изедов 3 парчиња тонус и сум таман најадена
Јас јадам несолени маслинки, другите неможам ич,а веќе неколку дена ми се пие кока кола газиран воопшто не пиев незнам што ми е
Е јас немам не солени Ајде идната недела идам кај свеки може да нарачам да ми купат Денес доручкував веганска органска паштета( последната ја изедов ), кромид, пржено јајце и 3 парчиња тонус
Дали сите испитувате скриен секер,затоа сто јас уште малце во 9ти влагам,докторката ми вика сум немала потреба затоа што шекерот ми бил 5..
Мешиња со дијабет и скриен шеќер дали пиете смути,и што мислите дали е добро да се пие? Јас на два три дена си правам по една чаша околу 200-250ml и го комбинирам -Пола јаболко,парче морков и малку цвекло -пола портокал,пола лимон и четвртина цитрон -грст малини (7-,неколку јагоди и 4-5 знца аронија. -пола банана,по четвртина јаболко и круша. Кога и да ја прашам матичната за неа се во умерени дози смеело ништо конкретно не објаснува во врска со исхраната на ич не се замара
И јас купив таква паштета од кам. Јас си се почастив со чаша кока кола зеро.уште малку имаме ќе издржиме
Смути не. Сабајле пиев цеден портокал, а дневно јадев 1-2 мандарини, 1 киви и малку вишни, па откако проверив скриен, сосема сè исфрлив и прекинав овошје да консумирам. Останав само на 10 зрна аронија и толку. Башка како цедени сокови и како смути повеќе шеќерот се крева.
Јас пијам смуди и тоа со пола банана, пола јаболко, цеден лимон и портокал, протеин, јагода, вишна, аронија и малина. Овошјето мене не ми го крева шеќерот. Шеќерот ми го креваат животински масти од млеко, кашкавал и сирење(месо не јадам). Мајонез и кечап, бело брашно, рафиниран шеќер и сите благи работи. Смоки, чипс, путер, макарони.... Лично според мои убедувања овошјето не може да биде лошо во никој случај. Не треба да се претерува ама не треба ниту да се исклучи скроз. Од каде би добивале антиоксиданси? Има статии милион за ова. Ако имаш апаратче можеш многу лесно да провериш што ти го крева шеќерот. Како и било што друго исхраната за скриен шеќер не е one size fits all.
Статии има и за тоа дека не треба да се исклучи, но и за тоа дека треба да се тргне од менито. По статии не се водам во бременост, насоки од ендокринологот и од гинеколог следам за оваа работа. После разговор за исхраната каква ми е, ми вели тргни го овошјето. Е ај не тргни го. Ни статии ни лични мои убедувања немаат тука влијание, слушаш ендокринолог според резултатите и гинеколог според ехото. Но ништо страшно, се издржува и без шеќери, после ќе си јадам и овошје.
Јас сум или со низок шеќер(3.5, 3.9) или со нормален(4.5, 5.0) ама докторката ми рече дека без разлика на тоа можно е скриениот да не е како што треба.Јас имам апаратче дома и ќе си го мерам сама за да не одам по болници со ситуацијава