Женски што правите кога ви се јаде благо ? Мене некои кризи ме фаќаат ќе полудам од што ми се јаде благо Пробав од тие овошните јогурти ама киселини ме фаќаат и се откажав
Пробај со протеинските пудинзи на Ehrmann,мене искрено воопшто не ми се допаѓаат за денес си направив чиа пудинг од кокосово млеко, ставив малку сецкани бадеми, аронија и малина.
Сè ова ти кренало шеќер. Во колбасите ако не се домашни, обично има шеќер како конзерванс, компирот исто така крева шеќер, туршијата ако има шеќер како конзерванс и лебот без разлика што бил црн.
Девојки, јас сум очајна. Се исплакав за сите пари. Денес правев крвна слика и шеќерот на гладно испадна 6.9. Два дена не јадев ништо што може да го крене, ниту овошје. Благо и бел леб секако не јадам со денови. Згора на тоа и кетони во урина имам и стварно не ми е јасно... Пратив маил на гиникологот, ќе и се јавам после. Се јавив во Систина, ендокринологот бил на одмор. Во Срце не работеле. Не знам кај да закажам. Не знам што да правам, скроз сум збунета...
И во Ремедика е на одмор оваа недела се јавив пред малку, јас правев крвна слика сабајлето ми измерија шекер на гладно 3,9 на долна граница исто имам кетони во урина.јадев јас пола јаболка од киселите и по 10 зрна аронија за крвта.
Полека, какво плачење. Многу фактори имаат удел. Може резултатите не се точни како прво. Ако испитуваш втор пат, колку ти беше првиот пат? Што вечераше вчера и во колку? Дали пиеше вода ноќеска?
За доручек јадев три парчиња тонус со варено јајце, хумус, домат и краставица. После тоа јадев зелка салата со краставица. И во 17-30 јадев тиквичка варена во пасиран домат. Вода пиев цел ден и пред спиење. Пред три недели исто испадна 7ца на гладно и мислев дека или е грешка или дека претходниот ден јадев сирење, палента и кечап. Ама ете не било од тоа... Сеа вртам барам ендокринолог да ме прими или барем преку маил да ги види резултатите. Ако треба и апаратче ќе купам. Ама мислев дека знам што ми го покачува шеќерот, очигледно не знам.
Немој да се паничиш, мрне шеќерот многу ми се качува ако не сум наспана и кога сум нервозна. Кечапот и палентата качуваат шеќер, купи си апаратче. Јас купив од 600 плус ленти 350ден, и мерам кое јадење колку ми качува... Најубаво ти ќе го регулираш...
Да ве известам а воедно и да има инфо ако на некој друг му треба. После консултација со гиникологот, ендокринолог и луѓе од ГАК, утре ќе одам да ми прават ОГТТ тест. Тоа го рекоа сите. Ич не сакам сега по болници да седам ама тоа е што е, немам друга опција. Барем ќе знам на што сум и ако треба ќе примам терапија.
Ако не би сакала по болници да седиш 3 саати земи си апаратче за мерење шеќер и напрај си го дома истото.Се движат околу 700-800 денари.Гинекологот ќе ти каже како да го измериш.
Еве веќе на трето боцкање сум. Гиникологот рече мора тестот да го правам. Не ми даде избор. Чекам резултати па ќе видиме.
Па јас мислев дека тој тест си го правела пред некој ден кога пиша. Во државна си? Ајде пиши резултати после.
Го правев во 8ма недела претходно. Резултатите се катастрофа На гладно 7.7 После 1саат 14.5 После два саати 11.1 И така си поплакав, си имав и напад не можев воздух да земам и сега вртиме по телефони да си најдам доктор да ми препише терапија и да ми каже што како.
Да, не се добри. Исплачи се ајде да не ти тежи и смири се. Ќе ти дадат терапија ако треба, диета и ќе помине бременоста. Си знаат докторите ќе го следат бебчето како напредува. Пази си се сега за да се среди откако ќе се породиш. Тешко ти е сега знам ама ќе помине, што не поминало. Биди похрабра за беба