Упдејт, не дека се исповедам ама сакам на некоја идна трудница која ќе пребарува како јас вчера да и дадам инфо што е со мене. Од утре почнувам со мерење на шеќер, треба дополнително тромесечен да испитам, со овие резултати за неколку дена треба да се јавам кај ендокринологот да одлучи дали ќе сум на терапија. Исто така сакам да напоменам, тоа што ми го кажа една членка тука во приватна порака, е дека на фејсбук има многу супорт групи за гестациски дијабет и навистина помагаат. Вчера и денес се изначитав и навистина ми помогна да се смирам. Кај повеќето жени се јавува проблемот заради хормонски дисбаланс предизвикан од плацентата, нема никаква врска со јадењето, но внимавањето на исхрана помага. Исто така веќе зборував со нутриционист, утре ќе имам план за исхрана.
@Butterfly1107 Не се секирај, ќе биде добро. Ќе следиш насоки и нема гајле. Па пиши по нешто од советите, да украдеме некоја идеја и другите
Исхраната може многу да ти помогне, но мој совет, од искуство, внимавај и на стресот. Пробај да се смириш, и без паника и нервози од утре ќе си го фатиш редот. И кај мене излегоа повисоки вредностите на тестот, но после една една недела мерење се испостави дека вредностите на шеќерот ми се како кај трудница без овој проблем. Првиот ден кога бев кај дијабетолог, кога се вратив се мерев на гладно и после скромен појадок, добив вредности кои се блиску до границата, и со самото тоа што се ослободив малку, од утредента вредностите ми беа неспоредливо пониски, а повеќе пати јадев повеќе и "порозична" храна. После првата контрола, ми го намалија бројот на мерења од седумпати на двапати на ден. И еве досега е се во ред, со мала промена во исхраната и средување на мислите во главата, терам без проблем.
Ти благодарам, и на тебе и на другите девојки, навистина ми значи поддршката. Се што ќе ми дадат како совет ќе го споделам тука.
Да те прашам само, кога мереше? Мене ми рекоа два пати, едниот на гладно другиот кога сакам. Ама некако нелогично ми е кога сакам да се боцкам. Проблемот е што сеа ендокринолозиве никаде ги нема, професоркава со триста врски ја барав и само тоа ми го кажа, до петок два пати да мерам и тромесечен да испитам.
Јас прво требаше да се мерам наутро на гладно, после појадок, пред и после ручек и вечера и пред спиење. А после контролата треба наутро на гладно обавезно, и после еден од оброците, наизменично, некој ден после ручек, друг ден после појадок а некогаш после вечера. Многу ретко ми е вклучено и мерење пред спиење. Се мерам по шема дадена од докторката. Инаку за почеток мислам дека треба почести мерења, најмногу поради тоа што мерењето ти помага да видиш која храна како ти влијае, јас така научив која храна најмногу ми го качува шеќерот а која најмалку. Кај секој тоа влијание е различно. Ако имаш прашања и дилеми, слободно прашувај, колку знаеме и можеме ќе помагаме.
Темно чоколадо јадам со 99% какао. Горчи, но убаво е за железо и го јадам ако ме мрзи да сварам какао.
Баш сакав да ве прашам нешто. Вчера за ручек јадев манџичка грашок со мевце и мерам послем 1 час шеќерот 8 ми беше. Знам дека ориз комшир не е дозволено.