Јас јадам селско месо само со кромид, гулаш само со кромид, турлитава со месо но без морков, грашак, грав, леќа. Ставам само зеленчук што не крева многу шеќер. Од салата само зелка со краставица, марула со краставица и јајце варено може да ставиш и како оброк или ужина е. Ми дојде преку глава месо, но ќе се издржи. Побарај на нет за намирници со ниска гликемиска вредност.
Фала ти ❤. Едвај чекам да се породам и да си се вратам на старо да си јадам овошје на раат. Ме полудува ова со шеќерот
Добро сум благодарам на прашање Терапија за сега нема да примам, ќе бидам на диета и ќе вежбам по дома. Треба да правам проверка повеќе пати во денот. Диета ендокринологот не ми даде, уплатив нутриционист и чекам да ми го даде планот, уште не ми е готов. Иначе вчера јадев јаболко да видам дали нешто ќе смени во бројките, јадев и компир, исти ми беа скроз бројките како и кога не јадев ич јаглехидрати. Исто приметив дека пред спиење мора да каснам нешто за шеќерот на гладно да ми биде понизок, што повеќе не јадам тоа е поголема бројката. Така што завчера јадев парче кашкавал и путер од кикирики а вчера кисело млеко со краставица и протеин од грашок. И двата дена на гладно ми е 6. Што не е ок ама не е ни 7.7 како што беше. Бев проверив и тромесечен, тој испадна 5.9. Чекам план од нутриционист па ќе би пишам што имам на мени и како се движат бројките
2000денари ми наплати. Nutri.vi club Ама не е само план, цело време сме во комуникација и на неа и ги праќам резултатите од мерењата.
Ајде, ќе биде се' во ред, само со дисциплина и позитивни мисли. И чекаме апдејт, да не те мислиме оти многу беше испаничена. Сега се надевам дека се смири малку.
Мешиња кој тунус леб е најдобар да се јаде за нас ,,шеќерните,, мами. До скоро бев на интегрален леб од жито лукс,последниот месец почнав со тонус, моментално сум на 'ржан па се мислам дали можеби има некој кој е посебно наменет за дијабетичари,бидејки гледам има и со микс семиња,темен збогатен со чиа семе,и приметив дека само на она плавото пакување пишува дека е без брашно и квасец,а на сите останатите видови пишува само дека се без брашно.
Најдобро за шеќер во бременост е да си правите "хроно" леб во било која форма. Без пченично, без пченкарно брашно, без квасец. Е дури тогаш ќе ги видите резултатите. ( ова од паталец, не од гаталец)
Да да тонус почнав да јадам.Но ме збуни што на еден вид од тонусот пишува без брашно и квасец а на другите видови пишува без брашно,па зборот ми беше да не има некоја врска и квасецот. Еве што ме збунува
Девојки, да ве прашам тестот за скриен шеќер е GCT? И дали треба да јадам пред тестов или не? Не ми е баш јасно дали има два вида на тестови за гестациски дијабет или се работи само за еден?
Јас правев ОГТТ и ендокринологот ми рече за трудници не треба спремање, само 12 саати пред тестот да не јадам.
Јас на почетокот го јадев со рж, пробав еднаш со пченка ама многу е тврд непцата ме болеа. Сега јадам со семки или темен со чиа, ми ја регулираат столицата. Не ми креваат на шеќер секогаш јадам по 2.
2 саати после вечера, шеќер 7.1. Пак ми се пријаде во меѓувреме ама не јадев додека не се измерив. Јадев салата со риба без масло, краставица, зелка, марула, кромид, малце сенф и лимон и едно парче тонус. А сабајле со кашкавал, ајвар, хумус, две јајца, се прејадов и беше 6.0. Што наука ќе беше ова не ми е јасно....