Мене ме интересира на гладно колку ти е? Доста голема разлика имаш сега во мерењето и кога тестираше во болница.
Вчера 5.6, денес 5.3. Вчера после вечерата многу ми се јадеше па каснав една јагода и една лажичка путер од кикирики. Ама сабајле топ беше шеќерот.
А ти претходно да не си претерувала со јаглехидрати, па затоа да ти беше покачен доста? Сега многу брзо ти се регулираше само со исхрана.
Не сум јадела многу, јадев овошје ама не се движев ич. Четири недели бев дома од кои 3 сосем сама без маж ми, слабо спиев, бев под стрес дека сама. Сега сум со мм, пешачам по дома, дојдовме во Богданци, шетам по дворот. Спијам убаво по 9 саати. И мислам дека сето тоа има влијание.
Погоре некоја членка прашуваше во која приватна лабораторија се прави тест за скриен шеќер - во Синлаб прават.
Да се јавам јас на репорт Мерам шеќер 4 пати во денот, некои мерења се супер, некогаш имам отстапки. Го добив планот за мене, од утре почнувам. Многу семки, зрна и варива Ме радува што имам и овошје киви, грејфрут, јагода и шумско овошје Другото се врти просо, амарант, киноа, хељда, семки, јатки, грав, леќа, салати, брокула, печурки, морков, спанаќ Ќе видиме како ќе биде. Среќа Биокосмос вршат деливери иначе како ќе барав семиња и зрна не знам
Да, и на гладно и после јадење добивав бројки над 7. Сега последниве денови на гладно се движам во рамките на 5.3 до 5.6 а после јадење некогаш е ОК некогаш не. Сега ќе видам како ќе бидат со диетава.
Ти благодарам и со лесно. Јас здравје по некоја недела треба да испитам ама ми е страв бидејќи вторава бременост ја почнав здебелена.
Супер, дај боже да се средиш. Баш пишувај резултати ме интересира дека доста од набројаните намирници качуваат шеќер.
Прееска си го мерев доручкував 2 портокали после кафе со млеко пиев па јадев јуфки со сирење и после јадење ми беше 5.9