Да ама јас сум или со низок шекер или со нормален и никој во фамилија немал дијабетес, докторката ми рече и тоа делувало
6.7 и надоле два саати после јадење е ОК. Се мери два саати после првото залче. 5.5 и надоле на гладно сабајлечки е ОК
Ова погоре што го пишав го видов од страните на фб за поддршка на трудници со гестациски дијабет. Ендокринологот ми нема кажано ништо за граници. Има некоја од вас инфо во кои граници треба да се движи?
Каква риба јадете? Јас претходно јадев пастрмка, татко ми носеше од Охрид или свежа ципура и леврек од веро. Сега заради ситуацијава ќе треба замрзната да јадам. Може ли ракчиња/шкампи замрзнати да јадеме? Вчера за ручек јадев туна од конзерва (знам дека не ОК за бремени, ова ми е прв пат и последен), сакав да видам како ќе ми биде шеќерот. После 2ч добив 5.6. Јадев марула, кромид, морков, краставица, пола авокадо и голема туна конзерва, со лимон и сол.
Јас ги добив резултатите од тримесечно шеќер 4.5 ми е а се движи од 4.7-6.3, обичниот ми е 3.9, скриениот после 2часа 9.6 во вторник сум на ендокринолог се надевам ќе ми смени исхрана малку, и имам ++кетони во урина
На граница си со скриениот, мислам дека ќе треба да продолжиш со режимот. Пиши што ќе ти каже ендокринологот. Кетоните се од исхраната, имам и јас.
Женски дали даваат упати за ендокринологија зс во државна ? Треба да одам на контрола ама незнам дали и воопшто ќе ме примат
Јас пред една недела требаше да одам, матичниот не ми даде упат со изговор дека системот не дозволува.Па се слушнав со Др од ендокринологија бидејќи кога неможев и претходно да извадам упат ме примаше без упат ( од таму вадеше самата).Но овој пат кога и се јавив кажа ако сум немала проблем никако да не сум одела сега,и да сум одложела контролата за кога ќе се смири ова со коронава.
Не, јас тоа го имам во доручек секој втор ден. Битно е да го комбинираш со протеини и масти, пример јајце со авокадо
Јас затоа и почнав да јадам хумус зашто гледам многу девојки го конзумираат. Го мачкам на тонус лебче и најчесто со свежа краставичка или патлиџан го јадам а понекогаш кога ми се јаде кисело со кисели краставички. Сабајле го јадев со кисели краставички и послем 1 час мерев 8.6 ми беше од памет се извадив.
Киселите краставички имаат шеќер, се става во водата, а краставичките се полни со течност. Можеби тие малку придонеле за да се качи. А колку лепчиња изеде?
Јогуртот има повеќе шеќери од протеини, освен ако не е протеински. Пишува во составот колку протеини колку шеќери има. Иначе колку треба да ти биде после саат време? Кои граници ти ги кажаа? Јас мерам на два саати ама границите од интернет ги видов.
Исфрли млечни производи некое време. Ќе почнеш полека да внесуваш во исхрана само со ниска масленост. Ама паузирај прво неколку дена.