Фала ти најмногу . До сега ми било во овие граници дури некогаш сабајле и 4,7 ми е. А најмногу да до 7 ми бил. Само сеа се изненадив од хумусов.
Мене на сабајле од 5.0 до 5.6 ми се движи, гледам на овие групиве за поддршка дека по 5.6 е ОК на гладно. Секој ден праќам јас резултати на мојот ендокринолог, до сега вика добро се држам. Мерам после 2ч од појадок и гледам да биде под 6.7. Ама се дешава и 7 да биде.
Зависи што јадеш. На пример, за ручек парче пилешко печено и салата би било околу 400 калории. Две варени јајца за доручек се исто околу 400 калории. Па замисли уште колку имаш за јадење. Од друга страна, ако не пазиш на исхрана ќе изедеш еден помфрит, еден чипс и една кока кола и отидоа калориите за денот.
Јасно да, не јадам јас месо ама јатките ми се вклуени цело време а тие се доста калорични. Плус јадам многу често, на два саати. Ако јадам на подолг временски период одма ми скока. Пред некој ден не јадев ужина меѓу доручек и ручек, имав размак меѓу нив 6 саати и после два саати од ручекот добив 8.2. А не јадев јаглехидрати ниту шеќери :/
Денес имав предобар ден. На гладно 4.7 2ч по доручек 5.5 2ч по ручек 5.8 Сабајле пиев чај со лимон и една лажичка ленено, после 1ч една кива со 3 бразилски ореви. После 2ч пола канче кисело млеко со зрна овес и чиа, 6 бадеми, 8 зрна аронија и 1 лажица путер од кикирики. Ужина салата од марула, краставица, пиперка, семки од тиква и сончоглед Ручек печена пастрмка со салата марула, авокадо, кромид и роквица. И не издржав каснав 3/4 пржени компири од тањирот на мм За вечера планирам јаболко со путер од кикирики.
Женски пробав хумус со комбиниран со протеини со јајце ама пак 8 ми покажа. Пред јадење 5.5 по еден час 8.
Е па ај пробај не јади хумус, можеби тебе не ти одговара како храна, мачкај го лепчето со нешто друго и мери.
Нема разлика кога мерите, се мери или после еден час или после два часа од првото залче. Само границите се различни.
@Jana06 и @Bilbilce Зависи како ви кажале, и мене ми прави проблем по 1ч и само тогаш мерам. Ама толеранција е до 8.8 така ми рекоа.Важно е и по 1ч, само толеранцијата е до 8.8... А најубаво се гледа по 2ч, некој метаболизам е поуспорен како кај мене