Девојки, испитувала ли некоја скриен шеќер скоро и каде? За во Скопје ме интересира. Разбрав дека поради ситуацијава Авицена не го прават тој тест сега.
Јас денес бев кај Ендокринолог Стефанка за кетоните во урина ми рече да пијам по 2литри вода на ден со 2 лажички сода бикарбона, диетата не ја прекинувам ќе терам до крај,него ми рече да не доручкував и ручам толку касно, а многу ретко вечерав, ми рече до 8 доручек, 1 најкасно ручек и 5-6 вечера.
Мене така ми се оброците, само нема шанси да ми е појадокот до 8, во 8 пијам Аспирин кој треба да е на гладно, но во 9 јадам. Ручекот ми е во 12:30-13:00 Вечерата ми е околу 18 и до легнување само вода пијам. Пијам 2,5 литри вода и пак имам кетони ++.
Јас што имам фобија од шеќеров мислам дека и после пораѓај ќе ми биде страв се да си јадам да се вратам во нормала.
Јас морам да признаам дека се опуштив во карантин Јадев и благо (не многу, пример 2 коцки чоколадо ама пак), јадев бурито, кока кола се напив кога ми беше лошо и има уште некои пропусти. Знам, знам, се ми е јасно ама посилно е од мене. Среќа на преглед се беше во ред, ваљда нема да за*бам сега нешто на крај... Ама се договоривме со мм дека кога ќе се породам тој ќе готви првите 1-2 месеци и ќе има целосна контрола над мојата исхрана. Нема желби туку што ќе ми зготви тоа (само здрава исхрана). И се радувам зашто ептен го бива и ужива да готви. Морам да се вратам во ред.
Јас исклучок што имам направено ми е два три дена по ред по две коцки 75 % темно чоколадо. Ама ми фали сладолед, некое убаво смути, некоја убава сочна палачинка . Иначе штом се породам си се враќам на овошје тоа сигурно.
Ааа да, и овошје што никогаш не сум го обожавала сега денот не можам да си го замислам без свежо цеден сок од портокал. Абе за инает. Иначе да, сладолед не јадам ама сега би убила за еден, она отровот од Cineplexx, slashy или како и да се викаше и пита со месо... Зашто си го правам ова
Јас сладолед 365 дена по цел ден можам да јадам. Ајде при крај сме ќе издржиме уште малце. И после ќе си правиме кеиф на душата
Сабајлето јадев мафини сама што си ги подготвив, само нив после 1 час шеќерот ми беше 5.5,на гладно заборавив да мерам
Пазам, не грешам, некако страв ми е, доста плодова вода имам и не сакам да направам беља. И доста му е една недела понапредно да е. Но едвај чекам овошје да јадам, тоа ми фали. Тамам доаѓа време кога има најубаво овошје. И јас чекам да видам какви се тие мафини.
Јас пијам повеќе од 3литри вода, мерев баш пред некој ден и во последната урина имав кетони :/ Ако најдете некој шугар фре, глутен фре рецепт пишувајте. Го гледам американкиве јадат сладолед и благи работи. Ама сите се кето, полни со протеини и масти а многу малце шеќер :/ Ако знаете за нешто такво лај нас пишете. Лога ќе дојдам во ск ќе пробам со протеинските топчиња и барови да видам како ќе поминам.
Во водата стави си и сода бикарбона, на литро вода 1 лажичка мала, јас само што стигнав дома прво тоа го направив