и овие ги правев пред некој ден, ама со чаша ги сечев, пошто радукана кора и расечена ми се ронеа крекерите
Мене гледам денес не ми запишала докторката да мерам по 2 чаша од јадење. Денес ми е многу лошо од патот сум измалтретирана неможам да јадам ништо. Што ми е најважно плодовата вода ми е во нормала
Дали и каде испитувате скриен шеќер во моменталната ситуација..се плашам дали е сигурно пошто треба три саати да се седи.
Денес на гладно шеќерот ми беше 4.3 касно доручкував во 11 а станата бев од 6 ми покажа 8.4 шеќер, дури во 7 часот ручав ми покажа 8.3 а кога јадам на 4-5 часа ми ево границите на нормалата
Јас мора да јадам на 2 или 2ипол саати ужинка иначе што и да јадам обавезно добивам високи бројки. Ужинките ми се јагоди 3 со шака леблебија, јаболко со путер од кикирики, грејфрут со 2 бразилски ореви, марула/краставица салата, јогурт со чиа, аронија со ореви итн...
Кога имам и јас ужина меѓу оброците ми е во границите на нормала исто најбитно е да јадеме на време. Мене ужината ми е се иста пола јаболка, пола мандарина,8 зрна аронија обавезно јадам заради крвта, или една рака малини со бадем непечен.многу ретко јадам по 2 коцки црно чоколадо.
Devojki jas ne sum trudna no se trudime vekje podolgo vreme...i zaradi policisticni jajnici go ispituvav insulinot..od maticniot ne dobiv nikakvi preporaki pa sakm vas da ve prasam poiskusnite so mislite
Мене ми беше на почетокот од бременост на гладно 13 инсулин, после 2ч 40. Ми рече ендокринологот супер дека биле. Гледам дека и твоите се во граница, така да немаш за што да се грижиш. Здрајве во бременост после 24та недела се испитува гестациски дијабет, заради пореметувањето на инсулинот од страна на постелката. Кај некои се појавува ГД, кај некој не, нема зошто да се грижиш уште сега
А за кетоните не ти рекоа ништо? Мене после 2 дена со сода бикарбона и вода ако не ми се исчистат ми рекоа дека ќе примам една инфузија. Јас веќе 2 дена ептен пазам со времето за јадење само денес шеќерот после 1ч ми беше 9.2 го мерев пошто јадев прв пат 2 парчиња тонус со путер, пола краставица, пола авокадо и 6 маслинки несолени утре сабајле за доручек планирам 2 лажици овесни снегулки со млеко и пола банана па ќе пишам колку ќе ми покаже. Веќе не мерам редовно само на гладно и нешто ново во мени што ќе јадам
@Chuchanov Ништо не ми рекоа за кетоните. Ако земаш сода, земи чиста, онаква што е за во јадење, а не каква било. Јас сум ја користела на Имуно, ја има и по маркети, во Тинекс ја купував. Каква е таа инфузија? Баш прашај ја, ме интересира што има во неа.
Имам сода на Алкалоид ќе ја побарам и на Имуно здравје во вторник. Ќе ја прашам докторката во вторник кога ќе и пратам резултати од урина. Денес јадев млеко со 2 лажици овесни снегулки и пола банана на гладно ми беше 4.3 по 1ч 6.3 по 2ч 4.9
Кај мене некаде во 17-18 недела ми се појавија кетони.Јас примав две шишиња инфузии,и одма повторно ми проверија беа исчистени не покажа кетони.
Ако гликоза ви даваат, се крева шеќер и затоа ги снемува кетоните. Каква друга инфизија би било иначе врска немам. Едит. @Chuchanov Земај си сода без алуминиум.
Дозволено ли е млеко од индиски ореви ? Јас сабајлево баш го направив млекото и планирам за послем за чиа пудинг со малини да си направам со него па затоа прашувам ?
Незнам но не верувам дека е било гликоза, бидејки јас сум со висок шеќер со дијабет.Сега не сум дома дојдов кај мојте,по празникот ке си отидам па можам на извештај да видам каква инфузија е била ако сакаш.