Содата од Алкалоид е супер, нема алуминиум 100%. Ние со години користиме сода по дома за пиење. Мајка ми специјално прашуваше за неа во Контрола на храна и лекови.
Не, не реков дека има алуминиум таа од Алкалоид, не сум ја проверилам, не знам. Само реков да зема без алуминиум, а ако е таа без, тогаш супер. А ова со алуминиум најверојатно е и маркетиншки трик, мит.
Дали некоја од вас пие лекови или инсулин за шеќерот? Како се снајдовте со лековите? Бројките после јадење ми се добри ама на гладно никако не се симнува под 5.6. Засега ендокринологот ништо не ми кажува. Читам по нет дека бројките на гладно тешко се контролираат со храна. Што и да јадам навечер и да не јадам пак си се толку..
Ако не јадам ужини добивам голема бројка после јадење. Не ги јадам секогаш ама понекогаш многу огладнувам измеѓу оброци и ако чекам до ручек или вечера да јадам отиде бројката над 7. :/
Дали после вечерата имате и ужина? Јас рано вечерам во 17- 18 часот, планирам оваа вечер да земам кај 20 часот една рака бадеми за ужина
Јас пак ќе се замешам.Нели на гладно до 6.1 е нормално?Прашувам зошто цело време ми беше околу 4, последниот пат 5.3(ова кога испитував обична крвна слика) и гинеколог ми рече дека ок е. Скриен шеќер ќе испитуваме за две недели.
Сабајлето мерев на гладно шеќерот ми беше 4.1,по 1 час од доручек 9.7 што од памет се извади а јадев 2 парчиња тонус со ајвар, варено јајце, маслинки, домат и краставица досега мжникигаш не ми е покажало толку високо...
Ајвар, млеко, зденка, пржени работи и бело брашно мене ми се строго забранети. Пробај мери уште еднаш, читам на некои дека ако нешто имаш на прстите, некој остаток од храна, давало високо. Не се секирај, сега прошетај низ дома 30мин и мери пак. Се дешава...
По 2 чаша ми е 6.4,а за чудо млеко со овесни снегулки и пола банана по 1 ч ми беше 6.3 а по 2ч 4.9 И мене ми се скоро истите работи забранети и хумусот и путерот ми се, а за ајварот не ми рече докторката. Омлет од белки правам и тоа ми даде убави резултати по 1 ч 6.5, а по 2 ч 4.8 уште малко ни остана се надевам што побрзо да се среди ова со шеќерот.
Денес проверив урина имам 3 плуса кај кетони и пх вредноста ми е 8.0 бев кај матичниот рече какао да не пијам една недела, овошје да не јадам, по 2 литри чај од брусница да пијам наместо вода и апчиња Cysticare по едно на ден за една недела пак треба да проверам урина.
Изгледа има што ми рече да не пијам, плус јас цело време го пијам без шеќер. Ќе издржам една недела ќе видам дали ќе се среди.
Какао пијам откако сум бремена, кетони сум немала никогаш сè додека не почнав со диетата за скриен шеќер.