Јас утре ќе одам за мокрача, ќе пишам. Имав едно + минатиот пат. Ама како што читам демек тоа е нормално кај гестациски дијабет. Тебе што ти рекоа? Треба да ги немаш?
Да требало да ги немам, јас имам три плуса, пиев и вода со сода бикарбона не ми помагна сега ќе видам дали ќе се повлече некој + за една недела а и ендокринологот ми рече дека треба да ги немам
Дали има некоја да испитувала скриен шеќер во Син лаб со упат? Ако има ме интересира кој доктор ви даде упат гинеколог или општиот доктор?
Со упат од општ доктор платив 35 денари. Гиникологот рече не може да ми даде. Инаку на приватно е околу 400 мислам. Ама јави се прво прашај дали прават за секој случај.
Фалаа. Прават да и тие ми рекоа општиот лекар да ми даде упат, но имам проблем мојот матичен лекар ме праќа кај гинеколог т.е не сака да слушне да ми даде упат. Не се некои пари може, ама ме фати инает... Па ај викам да прашам дали воопшто некој земал упат од општ лекар.
Во кој прст се боцкате? Јас се боцкам во овој од кај што ни вадат крв и во двата и на лева и на десна рака. Ама дека се боцкам по 4 пати на ден, веќе и двата ми се решето. Сега дури кога ќе се боцнам не е веќе дупче него линија (испукана кожа од претходните боцки). Прашањето ми е кој прст е најдобро да го боцкам, да им дадам шанса на овие да заздрават?
На гинеколозите им го скинале правото ми рекоа во Син лаб. Попладне пак ке одам до кај општиот доктор и најверојатно ке треба да се искарам и да ги пријавам некаде...
На мене ми кажаа дека може од сите 8 прсти, без палците. Јас наизменично се боцкам на четирите прсти и на двете раце.
@Butterfly1107 направи ли мокрача? Денес за ужина си каснав едно парче сирење се пострвив по него, измерив по 1ч 5.5 ми даде резултат
Не сум, утре ќе правам, се успав денес И мене сирење и кашкавал ми се ок за јадење ама нутриционистот ми рече да не претерувам со нив заради тоа што се масни.
Ѝ се јавив на докторката сабајле, ѝ кажав дека се сомневам дека имам скриен шеќер затоа што сум жедна и навечер се будам за во вц 3-4 пати во текот на ноќта. Одма ме прати на проверка, иако веќе имав јадено, од прстот покажа нормално, ама во мокраќата покажа глукоза(не знам колку точно). Ќе ми прават дополнителни испитувања во вторник, ама дотогаш ќе пукнам! Дали е ова сигурен доказ дека имам дијабет?
Која недела си? Јас пиев многу вода, мислев дека така треба ама уствари од шеќерот било. Значи збориме за 5 литри дневно и секако во вц бев цело време. Освен тоа после јадење почнував да се потам, мислев дека е од бременоста. И имав тахикардија. Тоа беа моите знаци, сега ги снема со диетава. Нашрај си испитување, ќе покаже ако има нешто.
16+6. Исто, се убивам од пиење вода. Можеби не 5л на ден, ама по 2-3 сигурно. Особено навечер, ми се суши устата додека спијам и пијам многу вода.
Можно е да имаш скриен шеќер во бременост ама мораш тестот со 2-3 боцкања да го правиш. И лесно се регулира, само со исхрана. За дијабет треба многу повеќе од ова. Ти можеш уште сега да си припазиш на исхрана, прочитај наназад од прилика што треба да избегнуваш.
Имам другарка која го имаше во бременоста и го среди, така да тоа не ме загрижува. Она што ме загрижува е тоа што ѝ рекле дека ако го има во првата бременост, сигурно ќе го добие и во втората, а понатаму постои шанса и да биде дијабетичар во животот. Сте чуле нешто за ова?