Нормално дека постои можност ако ти кажат диета или терапија, а ти си тераш по твое и не пазиш. И мене ми го кажаа истото ама јас си имам друга историја пред бременост и дијабет во фамилија. Припази на исхрана и не се секирај.
Поголем ризик постои, но 2+2не се секогаш 4во медицината. Може да биде попретпазлива и да прави повеќе проверки превентивно.
И јас сум слушнала дека штом се појави во првата бременост, големи се шансите да има и во втората. Јас имав во првата бременост, а сега ќе испитувам во понеделник. Не се сеќавам првиот пат кога испитував (пред 9 години) дали смеам во текот на ноќта пред проверката да пијам вода?
Сега имам ++ кетони. Сабајле кога мерев од прст, шеќерот 5.1 а на крвнава слика 4.6. Офф.... Ќе ги пратам на матичната во понеделник ќе видиме што ќе каже, ќе пишам.
Сега ќе ве замарам. Во 3:30 изедов еден тост со 'ржан леб и кашкавал. Во 4:30 јадев торта(не толку слатка), во 7 измерив шеќер, 4,8. Дали ако имам гестациски дијабет, ќе ја покажува оваа вредност, која е нормална?
Се мери после 1 час од јадење и треба да е до 7.8 вредноста, а после 2часа до 6.8 за тие со гестациски дијабет
Се мери 1 саат или 2 саати после јадење. Ама ако си јадела торта и ти е 4ка не ми изгледа дека имаш проблем.
Гестациски дијабет е скриен шеќер и се проверува со огт тест. Тоа што си измерила покажува дека немаш дијабет. Ама не значи дека немаш и скриен шеќер. За скриен шеќер прво те боцкаат на гладно, па пиеш течност, па за 1 час и уште еднаш за 2 часа.
Дали ви се случило исто јадење да ви даде различна вредност? Јас пред една недела јадев млеко со 2 лажици овесни снегулки и пола банана по 1ч ми беше 6.6,денес исто јадев по 1ч ми е 8.7. Незнам зошто така
Да, тоа е заради хормоните за жал. Мене леќа ми даваше 5.6 после два саати, а пред некој ден ми даде 7.7. Плус и многу зависело што имаш јадено пред тоа и претходниот ден.
Предходниот ден ми беа сите вредности во нормалата,веднаш по појадокот една чаша чај од брусница дефинитвно се хормоните. Еве после 2ч ми 6.0, утре ќе јадам леќа првпат па ќе видам како ќе ми бидат резултатите.
Како што читав има многу замарање во врска со количината на јаглехидрати. Сеа ќе ги лупнам бројкиве зашо не се сеќавам како идеа. Значи во главните оброци јаглехидратите не треба да поминуваат над 60гр, а во ужинките најмногу 15/20гр јаглехидрати треба да има. Плус во ужинките незз по колку гр протеин треба и масти за да се спојат со јаглехидратите исто важи и за главните јадења. Уствари најбитни се тие соодноси за добри бројки и од тоа зависело и бројките во следниот ден. Читав на нет јас и плус девојчето што ми го правеше планот ми објаснуваше. Ама за точните соодноси пиши на нет.
Мене ми е чудно дури и овесни снегулки или овошје како јадете. Јас такви ствари не јадев. Еве читам 100гр овес има 60гр.јаглехидрати и плус бананата? Мене за доручек ми беа јајца, некогаш со сланина некогаш со свежа краставица или патлиџан. Намаз на тонус леб. Леб, маслинки, краставица, некогаш мало парче сирење. За ручек строго месо и салати, еднаш во неделата манџа или зеленчук печен, домашна супа... Благо само протеинскиот пудинг и тоа 1-2 неделно. Морате построго, ова општо за сите го пишувам. Значи 2-3 недели ептен строга диета (најадени ама од протеини) и после шеќерот кога ќе дојде во ред можете да почнете да олабавувате.
Мене ендокринологот ми напиша еднаш неделно да јадам овес со млеко и банана, инаку во принцип скоро секој ден за доручек имам јајца со домат, краставица и маслинки.утре пак ќе проверам урина па ќе видам дали имам пак +++ кетони или има исчезнато некој плус.
Јас немам банана, имам јагоди во комбинација со ореви и цимет, јагода со путер од кикиики, јаболко во комбинација со путер од кикирики, јаболко со бразилски орев, кива со бразилски орев.И млеко ми е строго забрането. Овес имам само во цело зрно, никако снегулки и супер бројки добивам од него. Доручек имам кисело млеко со зрна- овес, чиа, просо, јајце варено со хумус, авокадо крем салата, палачинки од овес. Ручек-грав, боранија, леќа (само во вода варени со сол), хељда варена со зеленчук, киноа салата, риба, фалафел. Со секој ручек обилна салата. Вечера-салата, супа, крем салати со кисело млеко комбинации. За ужинки имам крекери, салати, овошје.
еве го мојот резултат пх, протеини и седимент ми се средија али кетоните си останаа на +++, џабе и вода со сода бикарбона пиев и чај од брусница, инфузијата не ми бега.