Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Мене за кетоните ендокринологот ми рече да пијам во 1.5 вода со 2 лажици джсода бикарбона 3 дена и на 4ти ден да проверам пак урина, плус да ја известам за бебето како е после контролата утре.
     
  2. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Значи, кетони имаме поради исхраната, во кетоза сме поради намален внес на јаглехидрати. Додека не се вратиме на нормална исхрана, ќе имаме кетони. Какви соди какви чуда.
    Сум држела на времето стопати кетогени диети и редовно сум имала кетони, дури и намерно проверував урина и дали сум влегла во кетоза бидејќи тогаш имаше ефект диетата.
     
    На Mihaela123456, Butterfly1107, eta и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Па мене ме чуди зошто цело време и ендокринологот, матичниот и докторката во Ремедика ме тераат да пијам течности за да ги снема, или крајно решение да биде инфузијата.
     
  4. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Кетозата не е добра ако имаш проблеми со бубрези на пример.
    Но течности треба да се пијат.
     
    На Chuchanov и eta им се допаѓа ова.
  5. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Може прави разлика колку плуса имаш на резултатите. Мене со 1 плус ми рече дека најверојатно е од исхраната и не ми кажа ништо за сода или слично. Па прашај ја на следен преглед информативно дали е голем проблем тоа.
     
    На 0ли му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Се јавив кај мојот матичен гиниколог, за кетоните ми рече повеќе течности да пијам, ништо друго. Во ред било :)
     
    На Chuchanov и 0ли им се допаѓа ова.
  7. Rainbowbaby

    Rainbowbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Денес испитував криен шеќер, не ги разбирам многу резултатите ама ми личи ок дека е. На контрола сум наредната недела, ама гледам има овде членки што ја разбираат темава баш па ако може да добијам мислење за мојот резултат.
     

    Прикачени фајлови:

  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Па малку се покачени ама не е страшно. Припази си на исхраната, можеш да прочиташ околу тоа во темава ама горе доле сигурно знаеш што не треба. Зашто вака не е страшно ама ако не припазиш може да се кренат вредностите.
     
    На Bilbilce, Butterfly1107 и Rainbowbaby им се допаѓа ова.
  9. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Сношти правев палачинки, денес добив екстра резултати на гладно ми беше 4,по 1 час ми е 6.2. Две изедов со домат и сирење, следен пат ќе ставам и марула.
    Еве ви рецепт за палачинките:
    120 гр. ржано брашно
    250 мл вода
    2 лажици маслиново масло+за нанесување на тавата
    2 лажици сок од лимон
    1 јајце
    1/2 лажица сода бикарбона
    1/2 лажица сол
    Ги мешав одделно сувите, одделно течните состојки. Врз сувите ги додадов течните се убаво измешав и на загреана тава ги направив. Ми излегоа 5 палачинки.
     
    На eta, Maja92@, 0ли и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Дали имате прашано или дали ви имаат кажано докторите, дали ќе прават проверки дополнителни кај бебињата?
    Гледам на групиве што се за супорт, после раѓање им мерат шеќер на бебињата за да видат дали имаат проблем и сега се замислив....
     
  11. Bilbilce

    Bilbilce Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    223
    Пол:
    Женски
    До сега никој не ми спомнал дека и на бебето може да се пренесе. Јас знам дека проверки на бебиња прават ако си била дијабетичар со терапија со се уште пред да си бремена ама сеа вака ние што сме со гестациски шеќер....незз дали е до толку ризично за бебето.
     
    На Butterfly1107, Chuchanov и Jana06 им се допаѓа ова.
  12. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.183
    Допаѓања:
    15.514
    Може да биде ризично за бебето доколку пред и за време на пораѓајот шеќерот кај мајката е висок повеќе од дозволеното. Докторката ми објаснуваше дека во тој случај панкреасот на бебето произведува повеќе инсулин за да се справи со високиот шеќер. Но, кога ќе се пресече папочната врвка, се прекинува дотокот на крв со покачен шеќер, а кај бебето продолжува зголеменото лачење на инсулин, со што постои ризик за настанување на хипогликемија кај него, т.е шеќерот паѓа до опасно ниско ниво.
     
    На Butterfly1107 и Chuchanov им се допаѓа ова.
  13. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Во која недела испитувате скрие шекер?
    Гледам на страната на Систина пишува од 24 до 28 недела.
    Утре сум 24+2, дали ми е рано да го направам ???
    Ке ве молам искуства ако може, кога испитувате скриен шекер ?
     
    На Maja92@ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Јас 27-28ма испитував. Ако ти е понапредно бебето или ти си многу здебелена испитај порано.
     
    На Chuchanov, eta и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  15. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.582
    И јас сакам да прашам дали може да се испита порано скриен шеќер?
    Зошто кога дознав дека сум бремена на анализите беше 5.4 па внимавав на исхрана ама и до 5ти месец повракав па и не јадев многу... Арно ама сега се опуштив зошто ми беше 4.5 последните два пати... И незнам што ме натера денес да мерам на гладно 5.2..доручкував 8.9 и кога вечерав а вечерав благ оброк се имаше дигнато 11.. Се загрижив и затоа прашувам дали може и порано да се направи иначе сум 23 недела..
     
  16. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Можеш и сега според мене. Инаку јас правев скриен во 8ма заради висок шеќер на гладно и испадна супер ама затоа во 28ма се шлогирав од вредностите :/
     
    На kjofti4 и eta им се допаѓа ова.
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    Слободно проверувајте си и порано.
     
    На Chuchanov и kjofti4 им се допаѓа ова.
  18. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Сега се враќам од кај матичниот за кетоните +++ ми рече дека може да имам некој проблем со бубрезите, до ++ не било толку страшно.ми рече да продолжам со вода и сода а истото ми го кажа и ендокринологот.течности многу до понеделник па пак на контрола
     
    На eta и Jana06 им се допаѓа ова.
  19. Bebence29

    Bebence29 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2020
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    929
    Пол:
    Женски
    35та недела сум од денес, вчера правев тест за скриен шеќер излезе позитивен, немав никакви симптоми на контрола сум во понеделник премногу паника ме фака пошто е касно откриен. Дали има некоа со волку касна дијагноза и како поминала?
     
  20. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Како е позитивен? Може не се вредностите толку лоши?