Почни си со диета, има многу пишувано... и мери шеќер ако можеш... исфрли бел леб, благо и овошје... а и доктор ќе ти каже подетално. Мерките на бебето како се, ако си одговара не се паничи
Се си одговара, само имам повеќе плодова вода плус качив и притисок мене ми е страв пошто за една недела влегувам во 9ти месец
го поставив прашањево во друга тема не ми дадоа одговор , Ве молам кажете ми во последнава година имам качено 9 кг , сега бремена 6 недели и интернистот одлучи да ме стави на диета пд 1600 до 1900 калории дневно инаку имам хашимото ама не сум под терапија сега за сега хормоните се ОК , да го исфрлам шекерот и да најдам замена за него знаете ли некоја замена со минимален број на калории која е дозволена во бременост , захарин да зимам или стевиа таблети , стварно незнам што да правам ама во кафе и чај морам шеќер да ставам
Ако имаш притисок одма на доктор и ќе те следи, не се паничи... исфрли ги овие работи и солта заради притисокот... ќе ти дадат терапија не се плаши, да издржиш уште една недела и ако е итно царски за една недела... и јас сум точно 35
Најдобро да баталиш и кафе и чај, вода е најубаво да си пиеш. Ако ептен мораш тогаш мислам стевиа е најдобар избор.
имам многу низок притисок , во бременост често ми се спојува 80 со 70 и уморот се споено рецепт за катастрофа , сега пвој период пијам какао и помага помалку во спротивно неможам да функционирам .... фала на одговорот и јас претпоставував стевиа е подобро решение
Мојот притисок е 130 со 90 отоци по нозете страшни од матичниот и ендокринологот иста препорака пешачење секој ден плус магнезиум дупла доза по два пати на ден. Се ми беше 90 со 60 до пред скриениот шеќер
Ме интересира ако не ти е тешко да ми кажеш колку ти беа мерењата на шеќерот и дали бебчето беше поголемо или не? Моето е поголемо и некако ме удира мисла дека имам скриен шеќер а треба да испитам за околу 3 недели. Фала однапред
Битно е да не се претерува на крај си не е страшно. Јас денес се напив кока кола зеро 2 чаши,ќе правам кето сладолед (многу ми се јаде). Матичниот ми даде упот пак да проверам скриен шеќер во 35та недела
Јас имав само повеќе плодова вода , бебето ми беше за една недела помало, слаба сум обично викаат со вишок кг претежно имаат шеќер или ако се качи многу кг, проверив шеќер испадна дека го имам
После 1 саат не памтам колку беше, а после 2 саати 9.5. Бебето никогаш не било понапредно,, некогаш таман, некогаш поназад. Се друго си беше нормално, никаков показател на ехо дека имам скриен шеќер.
Што значи тромесечен шеќер да се испита? Вредноста на 1 час ми е на сама граница разговарав со ендокринолог изгледа ќе бидам на диета а ми спомна и тромесечен шеќер..па дур се видам ако некој знае што е тоа да сподели.
Тоа е гликолизиран хемоглобин, се испитува преку крв. Мене последно 4,95 ми беше. Едит: ,,Гликозилиран хемоглобин (HbA1c) е форма на хемоглобин кој се врзува со гликозата. HbA1c служи како маркер за одредување на просечното ниво на гликозата во крвта во текот на претходните 3 месеци (животен век на црвените крвни клетки)."
А треба да ми земаат крв па имаат некоја математика или? како е процедурата? Јас не сум пратела во предходните три месеци денес правев огтт затоа не ми е јасно