Ќе ти земат крв од вена и ќе ти испитаат HbA1C се вика или како што ти кажа Оли - гликолизиран хемоглобин. Јас имам скриен шеќер ама тримесечниот ми беше под нормала така да, не мора ништо да значи.
Фала ви женски ☺ кај мене вредностите на огтт се генерално во ред само таа на 1 час е на граница па малку се зачудив зашто дополнителни испитувања, диети ми предлага др на телефон, ама утре ќе се видам лично вајда ќе ми објасни што како.
Дали те ставија на диета и дали правеше за тромесечен шеќер? Ми спомна и урина да испитувам кетони или така нешто, ќе препрашам утре.
Проверив тромесечен, добар беше... ми напоменаа на почеток да мерам шеќер и она што ми качува да избегнувам. И сама си комбинирав, тргнав бело тесто јадев тонус, компир и ориз одбегнував(само пире компир не ми качуваше многу), кисело млеко одбегнував многу ми качуваше... благо искрено не ни имам желба. Е овошјето ми го намалија, само по две овошки дневно...а јас сакам многу овошје. А кетони немав ама откако намалив јаглехидрати имам еден +
Докторот сто пати го прашав за скриен шеќер, ми велеше нема потреба. Во 27 недела планирав да испитам, ама почна паника околу вирусот и од лабораториите ми велеа да не одам ако не е итно. На претходниот преглед во 35 недела докторот ми рече да испитам поради сомневање кое го имал заради големината на плодот. Бебето беше 2750грама. Утрово испитав. На гладно ми беше 4.8, после 1 час од гликозата 9.4 и последното боцкање беше 7.2 вредноста. Од лабораторијата рекоа во ред е супер било, сум немала скриен шеќер според вредностите. За секој случај отидов до кај матичниот, ги виде резултатите и ми рече дека според него не се во ред и треба да бидам на диета и да пешачам. Ме виде на ехо и денес бебето беше 3050 грама, а јас сум 35+5, бебето според мерки одговарало за 37 недела. Не ми кажа ниту што да јадам ниту било какви насоки не ми даде. Само да избегнувам благо и сокови. Прашањето ми е зошто така ми рече дека не му се допаѓал резултатот кога прашав и други и ми рекоа во ред е.
Треба да повнимаваш на исхраната, да си на диета, разгледај наназад, имаме многу пишувано за ова. Исфрли благо, сокови, овошје, тестенини. При крај си со бременоста, но не е лошо да повнимаваш до крај.
Фала ти. Имам читано по малку, ама сепак ме буни тоа што ми го кажа докторот. Не дека лошо ќе ми биде на некоја диета. Само ме бунат вредностите и тоа што секој различно кажува. Плус некако доцна ме прати да испитам.
Јас немав скриен шеќер, вредностите ми беа на горна граница (сепак во нормала) ама заради килажата докторот кажа да пешачам. Докторката која ме пораѓаше уште на почеток на бременоста кажа да внимавам. Докторот всушност велеше дека освен ако он не каже поинаку, секоја трудница треба да се однесува нормално, да не јаде за двајца и да пешачи редовно. Пред се за циркулација.
Точно, доцна те испратил да проверуваш, досега требаше со овие вредности да внимаваш, но еве до крај барем истерај со рестрикции. Не ти е баш низок шеќерот ни по еден ни по два часа, па уште веднаш стави се на диета.
Може да си на диета, без бел леб и благо. Не се загрижувај баш дека си 35+5, а бебето 37. Веќе си скоро 36, тоа значи само една недела разлика. И веќе си " во сигурна зона". Мерењата веќе може да се +-300 гр, а тоа многу менува. Плус шеќерот оди и на нервна база, така да само лабаво до крај.
Јас малко се опуштив по два пати ужина јадам овие два дена, земам рака бадеми по 1час рака кикирики печени. Наредна среда сум на првото цтг и ќе закажам царски, едвај чекам да јадам чоколадо и сладолед.
Јас му реков на мм дома да има сладолед и торта кога ќе се вратам Ама ме загрижува што тромесечниот и во осма недела ми беше 5.8, а според интернетот тоа е пре диабетично :/ Ќе треба за брзо да почнам со вежбање после пораѓај и да не се опуштам многу. Дедо ми беше дијабетичар на инсулин, можно е од него да имам наследено нешто... Многу ме мачи ова во последно време...
Дај боже да се среди се да си немаш никаква мака со Шеќерот по породување. Кај мене нема никој дијабетичар јас сум прва со скриениот.
Некој што мери шеќер дома ако може да ми каже колку треба да е после еден час по јадење, така ми кажа др да мерам. Пред јадење вајда до 6ка ама незнам после еден час кои се границите. Земав апаратче ама некако малку иглички се дали се докупуваат посебно ?
Се докупуваат, пред јадење до 5.3 после 1ч до 7.8 по 2ч до 6.8 ми е границата мене дадена од едокринолог.