Секој ендокринолог различно кажува. Мене таа што ме гледаше претходно ми рече после 2часа од јадење ако е под 8 нема проблем. :/ А сега гледам да ми биде обавезно под 6.7. А за пред јадење не ми спомнале, ама имам приметено дека ако дојде под 5, после тоа што и да јадам имам огромни бројки, што значи никако гладни не смееме да бидеме.
Мене често ми се дешава да немам апетит навечер и обично јадам неколку бадеми, ручекот ми е до 2 часот најкасно.
Утре треба да испитувам скриен шеќер. Вечер до колку можам да јадам и дали утре од сабајле можам да пијам вода?
Мене ми рекоа вечерта до 8 да јадам после тоа ништо ако сакам наредното утро да испитувам, рекоа мин 10 саати да не јадам ништо. За вода не ми спомнаа.
Јас го открив кефирот, има со 0% масленост и со 1%. Супер бројки добивам, секогаш под 6. Сега си правам таратор често
Јас денес се јавував да прашам Вода може ама да не претерувам ми рекоа А за јадење 12 саата обавезно Ќе одам во понеделник во Синлаб
Испитував денес. Вчера последно јадев околу 20h. Вода пиев малку, и од кога го испив шербетот вода дури после последното боцкање. Резултатите ми беа во граница на нормала, среќа.
И јас добивам супер рез од сирење и кашкавал. Немаат јаглехидрати, тоа се само масти. Исто после два саати добив 5.8 од риба и 150гр компир. Двете печени без масло. Може да јадеш јаглехидрати се додека се споени со протеин ама сепак да не се претерува. Јас се придржувам до диетава ама некогаш правам експерименти.