Јас да ти кажам почнав да се фрустрирам. Последнава недела добивам различни бројки од јадења кои претходно ми давале супер резултати. Спремна сум да заврши дијаветов веќе. Немам седнато од страв да не ми се качи шеќерот. После секое јадење само средувам низ дома, шетам, мијам, перам, пеглам. Некогаш ми се спие после јадење ама не ми дава душата да легнам и да ризикувам. 34+1 сум денес, бебко нека поседи до крај ама целава ситуација е навистина тешка. Психолошки ова ми паѓа многу тешко :/
Јас сум породена пред 4 ипол месеци. Прееска го видов апаратчето викам дај ќе измерам саат време после јадење. 10.3 дамла ме мавна. Исхранава ми е стварно лом, бутам леб како стока зошто ништо не ме држи ради доењето, ама ова морам поубаво да го испитам. На гладно секогаш ми е океј шеќерот, ама да правам оггт тест, верувам дека ќе паднам дебело. Има ли некоја што има скриен шеќер надвор од бременост, што и дали прима терапија, какви компликации во животот и прави. Откако ќе прекинам со доење ќе почнам да пазам на исхрана, сега и да сакам не можам, цела сум стресена од глад, а ослабев дури 3 кила помалку имам него пред да останам бремена
И јас добивам високи резултати од нешто што не ми качувал воопшто шеќер, вчера се извадив од памет после ручек 14.4 а многу бев активна по 2 часа мерев ми беше симнат на 7.1.денес 2 часа посл е сладолед ми е 6.2. Јас сум 35+4 се ближи крајот али пак треба внимавање на се, лебот скрос ми го забранија и мене ми се спие после јадење многу ама се воздржувам нозете почнаа многу да ми отекуваат. Едвај чекам да заврши дијабетот и јас.
Јас мислам дека имам исто проблем со шеќер и ме плаши тоа. Планирам да се стабилизирам после пораѓај, да фатам ред. После да почнам да вежбам и да пешачам и после тоа да почнам да мерам шеќер. Реално после пораѓај хормоните се испомешани, не спиеш доволно, стрес... Тоа се си влијае. Башка сега затворени, да не беше коронава барем на раат ќе може надвор да прошеташ. Дај си време, нека помине и лудилово....
Се стои, ама јас ред не можам да фатам. Можеби и железото ми е слабо, со короништево не успеав крвна слика да направам,ама јас ако излезам да прошетам малце вечерта едвај живеам. А како огладнувам, како вол тоа е страшно. Не можам никако да го контролирам тој глад. Знам проблеми во забременување прави, јас немав проблем со тоа, а може и склона сум си кон шеќер, па треба да внимавам на исхрана. За ручек бел леб се потепав од јадење, а и капучино пиев
Ова од синлаб ама незз колку гликоза даваат, како што може да видиш не ми го правеа На ГАК пиев 75гр гликоза
Го има низ продавници кај што држат на кри кри сладоледи. Има и во лупка од вишна денес тој ќе го купам
"Не содржи шеќери, туку други шеќери и засладувачи". Fair enough... Некогаш тие други шеќери и засладувачи се поштетни и од самиот шеќер. Зошто не напишале кои се.