Ова млеко од Зегин е преубаво и вреди за секоја пара. Јас до сега користев Алпро или од дм ама ова е мнооогу подобро. Малку јаглехидрати има, нема додаден шеќер.
И јас ова го купував и супер е стварно. Но од брзо време почнав сама да си правам кокосово млеко. Преевтино е сама да си го направиш.
Со кесички кокос. Една кесичка кокос ја ставам да одстои во флаширана вода 1 час. Потоа целата кесичка ја ставам во Нутри билет заедно со 800 мл до 1л вода. Целото тоа се блендира и се прецедува со газа. И си го чуваш во фрижидер.
Внимавај, пивото може да го качи шеќерот. И татко ми си мери шеќер и ми има кажано дека кога пие пиво многу му се качува.
Не ризикувам. Нема да пијам ќе почекам уште малце и така ми се броени денови секој ден чекам дечково да излезе
Јас преска сум заспала и помеѓу ужинка и ручек имав размак од 3ипол саати. И знаев дека ќе биде голема бројката. Јадењево претходно 5ки ми давало, денес после 2 саати 7.1, а после ручек одма станав, џогирав, правосмукував, бришев прашина, не сум застанала. Ај сеа пешачев уште 30мин ваљда ќе падне. Али не ми е јасно зошто толкава разлика ми прави, никако не смеам глад да почуствувам :/ Јадев иначе фалафел завиткан во марула со домат и кромид
И мене ми дава големи бројки ако не јадам на време потоа ми пага после некој час. Кромидот мене ми е забранет за јадење
Јадев 2 реда чоколадо за дијабетичари по 1час шеќерот ми е 5.0,спиев не сњ движев ич, дали тонус лебот ви крева шеќер? Мене да кога го јадам на сабајлето