Јас го пробав кефирот и ми го качи шеќерот од 4.8 на 8.2. Кај секој различно реагира. А баш се израдував дека ќе можам да пијам дека многу сакам ќефир. Мене само тонусот не ми го крева. А био лев еднаш земав од фурна Диме немаше тонус и тој многу ми го качи. Од тонус гајле неам. Само по две кришки јадам насабајле за доручек
Јадам тонус без брашно и без квасец, од две лепчиња сум ок. Битно комбинирај го со јајце или друг протеин, зашто со две тонус лепчиња веќе достигаш до лимитот за јаглехидрати по оброк. После се што ќе каснеш мериш? Колку пари даде за ленти жено Мене ако ми падне шеќерот под 5 што и да јадам после тоа скока. Затоа не дозволувам да ми падне. Ама може да е и индивидуално. Пред некој ден јадев риба и еден печен компир и 5.8 бев после 2 часа. Така да ете јас со компир немам проблем ама многу имаат.
Па не баш после се, и заборавам али ми рекоа овие 4 ден да го мерам со дневник да одам на ендокринолог. За ленти пари многу издадов по 7-8 пати на ден мерам.и јас тој тонус го јадев ама пошто почна до 9.6 да ми го качува шеќерот се откажав, обично јадам белка од јајце со кашкавал и домата. Ќе пишам утре што ми рекле и кога ќе ми речат за царски веќе сум 9ти
Денес бев на преглед, јас сум 36+2 бебето одговара на 33+6 . Бев и кај ендокринологот ми рече да се придржувам на диетата ама да јадам повеќе (само за сладолед имам апетит) ќе видат за некој ден како ќе напредува ако е исто исто царски. Сега јадам една рака ореви, ми рекоа да не си одам дома да седам во Скопје .
Оти сме на диета слабо растат, и кај мене беше така 7месец... па матичниот ми рече повеќе јаглехидратии.
Сега јадам се, само бел леб не, компир варен ретко, ориз 1месечно и благо...и не мерам. Кога виде дека имам кетони одма рече комбинирај. Овошје каснувам банана јаболко, постојано салати..доматите како чоколатца ги јадам, ме освежуваат. Млеко сега со бисквити почнав, гладна сум ми се јаде. Тонусот не ме најадува, ми се слошува.
Леле мали им биле, големи им биле. Аман! Јаглехидрати внесувај гравче, леќа, киноа, амарат, хељда. Пример вчера јадев полнети пиперки со киноа и печурки. Може спанаќ тавче, наместо ориз ќе ставиш хељда. Леќа, грав и боранија со салата исто не качува шеќер. Риба со компир пробај. Ајде уште малце ќе издржиме.
Различно кај секој е. Може на некој да му крева шеќер одреден производ а на некој не. Кај секој е индивидуално.
100% се согласувам. Но ако и рекле да јаде повеќе јаглехидрати, тие се моите јадења од нутриционист дадени.
Денес претерав со јадење Кога станав јадев рака ореви, за доручек 2 белки со сланина, кашкавал и домата, сладолед па пола јаболка, за ручек пилешки стек со салата, пак сладолед и рака бадеми, за вечера телешко печено со компир со домата и краставица и сега мислам дека масата ќе ја изедам толку апетит не сум имала.
Од зур маркет во Горче, во маалската продавница од автокоманда, на бензинска макпетрол веке 3 дена сум ск. Сигурно и во веро го има
Дали имате пробано некои од газираниве сокови без шеќер? Обично не сум за газирано ама какво е жешко, се би дала за една чаша газирано нешто со многу лед
Бев во големиот веро нема сладолед без шеќер за зал. Стигна и маж ми сега може бебе да не изненади кога сака
Денес го направив и јас испитувањето за скриен шекер. На гладно резултатот е 5,3 Еден час после течноста 9,1 Два часа после течноста 8,7 Имам отстапување од референтните вредности . Ако има некоја што е поискусна нека каже мислење додека се посоветувам со доктор.
Ќе те стават на диета, ќе мериш шеќер и ќе смениш начин на исхрана. Засега исфрли бело тесто, благо овошје...и ќе ти кажат се што треба
Не јадам ниту благо, ниту производи со бело брашно и бел шекер. Од благо јадам само по две-три црни сливи дневно и овошје. За овие вредности ке мора редовно да мерам шекер? Од лабараторијата ми рекоа само вториот час е малку покачен, но не е страшно.