Мене цела бременост ми беше шеќерот 3 на гладно. Не е страшно, само јади благо кога ке осетиш дека имаш вртоглавици и ти паѓа.
Мене па се ми е ниско, од холестерол, до шекер, железо.. сега треба да правам крвна слика пак, не сум правела еден месец. Така кога ти се врти касни си благо, а ако ептен ти е лошо и веќе ти се стемнува и врти газиран сок (кока кола пример), побрзо ке дејствува Земи си и кутија сладолед имај дома, таман и за разладување...
Мешковци дали имате испитувано скриен шеќер во 28-ма недела? Јас денес испитав и при првото боцкање ми покажа 5.8, со испиен шербет после 60м 11 и по 120 м 7.2. Матичната ми рече дека ми е покачен шеќерот и благо да не јадам, па за 2 недели на контрола. Не ми даде никакви лекарства, а вчера на ехо ми покажа дека бебето одговара на 29 недела. Дали некоја од вас имала искуство со скриен шеќер?
Јас имам скриен шеќер Дозволените вредности се На гладно до 5.1 По 1 час 10.5 По 2 часа 8.5 Кај тебе првото 5.8 е повисоко - но многу е важно дали си го правела во адриа лаб бидејќи тие на апаратче го прават и не е баш точно. На нивното 5.9 ми покажа, па си платив приватно да ми мерат со реагенси излезе 4.76 Втората ти е за малку повисока... не се плаши и паничи ова мислам дека р во ред. Ако сакаш зарадо себе напраи уште еден ОГТТ тест во друга лабараторија. Инаку за покачен шеќер виновни се јаглехидратите, бел леб најмногу, ориз компир, мармалади, шеќер.... не се плаши каснувај си од се по малку . Најважно е да не прејадуваш. Бебето во раст е во ред ако е до 2 недели напред, не се сите бебиња исти. Важно е да немаш повеќе плодова вода и да нема разлика во развиток на брбето (мозок и органи да се 1 недела назад а тежина 2 недело напред- тоа е бебе пример на лошо контролиран скриен шеќер) Се извинувам на сите за долг пост а тебе @barby се надевам ти помогнав.
@Butterfly87 Многу ти благодарам, ми помогна премногу, се таму ми беше паметот. Иначе бебето во сите вредности е поголемо, и матичната ми рече дека нема потреба за грижа бидејќи плодовата вода е во ред. Уште оваа недела ќе пазам на јадењето, следната недела сум на контрола па ќе видам што ќе ми речат. Кажи ми овошје смеам да јадам( јаболка, јагоди, лимон) и каде правеше со регенси? Уште еднаш фала ти многу на одговорот
Во авицена зс се вадат крф од вена и сите 3 мерења им се со реагенси. Секое овошје има шеќер, затоа ти викам не се секирај само не се прејадувај и јади си се што ќе ти се посака. Едино внимавај да не мешаш ориз и леб, компир и леб.... повеќе месо тоа има 0 шеќери и ако смееп повеќе движи се. Со движење се согорува шеќерот, а не се оптеретува панкреасот
и јас одам кај него засега сум задоволна ни да те испаничи ни ништо се смирено објаснува кажува. јас метформин пијам и за неколку месеци сум пак на контрола кај него а ако останам трудна порано се надевам во ред ќе биди
Е супер. И мене ми немаше логика, ама во упатствоно на антибиотикот пишува доколку се прават анализи на крв, да се напомене дека се земаат антибиотици.
Читам овде за резултатите од шеќерот ама Моите се различни 3 пати ме боцнаја. Првиот пат: 79 после пијав гликоза По еден час: 93 По два часа: 84 Вака ми пишува, што велите добро е? Гинекологот ми рече дека е добро ама да си прашам и овде.
Кога последен пат јадеше пред да ти земат крв? Дали од јадењето до боцкањето поминаа минимум десет часа? Првата вредност ти е многу висока некако, ако се тие вредности за кои претпоставувам.