1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Зависи гиникологот што ќе ти каже. Може да ти каже да се советуваш со ендокринолог и после зависи од него. Има некои што се построги, некои се полабави. Не е страшно...
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Мене само 1ч ми беше покачен и ме ставија на диета, мораш да си прашаш свој доктор. Ние нашите искуства ти ги кажуваме.
     
    На Butterfly1107 и eta им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува да ти кажат да мериш со овие вредности ама пак зависи од докторот. И ориз, компир, некои мешункасти, овошје и сл качуваат шеќер. Види си на интернет што го покачува може јадеш нешто, а не си свесна. Најдобро да си припазиш за твое добро.
     
    На eta и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  4. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    @Jana06 , @lovely12 , @Butterfly1107 ви благодарам многу :hug: :hug: :hug:.
    Обавезно ке се ставам на диета од денес, и онака многу леб и овошје јадам. Лебот интрегрален, домашно месен, но пак е многу (facepalm)
     
    На Butterfly1107 и Jana06 им се допаѓа ова.
  5. Malesia

    Malesia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.088
    Допаѓања:
    2.007
    Пол:
    Женски
    Некој совет за овие покачени вредности?
     

    Прикачени фајлови:

  6. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Врти назад по страниве еден куп муабети има од паталците како нас :)
     
    На Malesia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Денес последен ден мерам шеќер
    На гладно 4.9 (никогаш не ми е бил толку висок, цела нок не спиев)
    Јадев рака ореви
    Доручек 2 јајца, кашкавал и домата
    По 1 час ми беше 5.5
    Ужина сладолед, па рака бадеми
    Ручек бел грав со салата
    По 1 час 6.8,изедов уште еден сладолед по 1 час ми е 7.4, се осекам уште гладна за жал
    За вечера имам пилешко со салата околу 19 часот
     
    На eta и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  8. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Последно мерење ми е 7.4 јадев пилешки стек со салата од домата краставица и марула+и од на маж ми помфритот затоа ми е повисока бројката али во границите е.
     
    На eta, lovely12 и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  9. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Се конултирав со ендокринолог, ми рече да внимавам на исхраната, да исфрлам тестенини и благо.
    Ми рече да мерам една недела колку ми е шекерот, пред јадење и еден час после јадење.
    Може да ми објасниш, кога мериш на гладно, колку време пред оброкот треба да се мери?
     
  10. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Јас мерам сабајле на гладно, обично тоа гледам да е период од 8 до 10 саати. Не повеќе од 10 саати. Значи ако легнам во 00:00 каснувам нешто малце и сабајлето до 9 гледам да измерам. После тоа јадам, гледам кога ми е првиот залак и ставам аларм 2часа (за тебе 1час) после тоа мерам. После тоа јадам ужинка, 2 часа после ужинката јадам ручек, значи ако мериш пред ручек гледај да имаш барем 2часа размак помеѓу ужинката и главниот оброк. Во меѓувреме пиј само вода, можеш и кафе ама без шеќер или млеко.
    Види ако случајно се осетиш гладно измеѓу, запиши си дека си каснала нешто и после колку време си мерела. Не мора да е стриктно, зашто некогаш заради обврски не може баш во точно време да се мери. Се надевам убаво објаснив, пиши за било што да те интересира слободно.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Мене едно ме чуди кога јадам со доручекот леб тонус шеќерот ми е 9 строго тонус без квасец и брашно. Кога јадам без леб ми е 5.6 до 6 максимум. Јадам сладолед шеќерот ми е 5.7,јадам чоколадо со 85% какао исто ми е 5.7. Вчера мерев јадев лигни печени 8.1 ми беше но после 2 часа 5.8.сега има уште нржеколку ленти не планирам до крај да мерам така ми рекоа освен ако не јадам ништо ново
     
    На eta и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  12. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Да, тонусот малце повеќе крева, треба да се пази со што се комбинира.
    Мене добитна комбинација ми е 2 пржени јајца, краставица, домат и сирење, секогаш добри бројки добивам и го јадам ова комбо ако имам обврски некои и долго време сум гладна
     
    На Chuchanov му/ѝ се допаѓа ова.
  13. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    @Butterfly1107 , @Chuchanov , многу ви благодарам, сега ми е појасно како треба да мерам и што треба да јадам :* :*
     
    На Butterfly1107 и Chuchanov им се допаѓа ова.
  14. Chikitaa

    Chikitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Бев на интернист докторката ми вика зошто те пратиле :o и викам ради вториот час што ми е 7.9 резултатот а од 7.8 до 11 е нарушена толеранција ... само ми рече не си за терапија ... газирано не , благо еден ред наместо цело ... мада јас не ни јадам чоколадо , тестенини бело брашно да избегавам, ако толку ми се јадело по едно парче ... толку ..
     
    На princess5 и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  15. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.247
    Здраво, сакам да Ве прашам во врска со проверка на скриен шеќер како оди. Матичен ми кажа да одам сега значи во среда односно ова недела, кажете ми во која сс прави ние сега ќе бидеме 27ма . Ме интересира процес тој највероватно само упат ќе ми даде а каде се проверува и како ?
     
  16. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Зависи за кај ќе ти даде упат таму ќе одиш. Мене матичен гиниколог не ми даде упат, рече не може таа да дава. Обичен матичен ми даде за во Синлаб и платив 35 денари. Инаку е 400 денари на приватно ми се чини. После 24та се прави, не покасно од 28ма недела.
    Одиш таму, ти земаат крв на гладно, па ти даваат да пиеш гликоза и после ќе дојдеш пак за на 1час да ти извадат крв и пак на 2часа и тоа е тоа.
     
    На Anaouou му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    @Chuchanov дали примети промена во бројките откако влезе во 9ти?
    Читам од групиве на фб дека кај некои жени почнува да се регулира полека шеќерот. Јас приметив дека сега после јадење многу помали бројки добивам, дури не мора ни да шетам после јадење. Тој на гладно ми е кога како, некад 4.9, некад 5.7, ама тоа и од претходно ми беше така.
    Едит: Се мислам дали да каснам нешто што не смеам и да проверам како ќе биде.. Ама страв ми е, не би идела во екстрем.
     
  18. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Приметив и тоа многу огромна разлика во бројките на гладно оваа сабајле ми беше 3.7, јадев многу работи забранети најмногу имав од љигни 8.1,помфрит 7.4 а од јадењата дозволени до 6 најмногу ми е првиот час што предходно ми давале бројки над 7, плус почнав некои денови повеќе од дозволеното да јадам и пак супер бројки добивам без никаква физичка активност низ дома. Јадам по едно јаболко на ден обавезно гледам дека не ми пречи воопшто.последен пат кога јадев пастрмка по 1 час имав 4.6 што е супер бројка. Пробај по малко од тоа што не треба па пиши како ти бил шеќерот,не верувам дека ќе имаш висока бројка.
     
    На eta и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  19. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Земав од Зегин денес колачиња без шеќер, изедов две после ручек, шеќерот 5.8 после два часа :)
    Ручав туна салата, кромид, марула, рукола, краставица, 120гр златна мешавина, лимонов сок и маслинов.
    Знам дека туна не се јаде во бременост, од шубе најскапата ја купив. До сега 3 пати имам јадено, за шеќерот навистина ми е одлична. :/
     
    На Chuchanov и eta им се допаѓа ова.
  20. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    2.880
    Вака е во граница според мерките на лабораторијата, но некаде прочитав до 7 било дозволено на второто мерење?
     

    Прикачени фајлови: