Се случува Јас ако добијам некоја сомнителна вредност обавезно тестирам од три различни прсти и земам средна вредност. Битно е со вода да ги миеш пред боцкање, немој со сапун. Првата капка избриши ја и со втората капка крв тестирај.
Епа не го бришам зашто ми ги зеза бројките, само со вода ги мијам и со чиста крпа ги бришам а после боцката ставам алкохол.
Значи не треба да се пребришува со алкохол. Јас пак до сега така правев. Значи подобро и без алкохол и без сапун.
Истото ми се случи и на мене денес. Последните две недели наутро добивам бројки под или над лимитот. Бев на контрола и за малку да ме ставеа на инсулин ама дека сум при крај и се е во ред со бебето се предомислија. Сабајле се мерам со последната од старите ленти и добивам бројка 6 , викам ај да пробам со новите, се мерев уште три пати и добив 4.5, 4.3, и 4.7. Иначе на мене ми кажаа со сапун да ги мијам рацете пред мерење, никако со алкохол.
Од кај сега дека не треба со алкохол да се пребришува прстот па и во лабораторија кога ни земаат крв прво не прскаат со алкохол...што би значело тоа дека мерењата не се точни се јавуваат отстапки?
Не се секирајте ништо нема да ви биде ако не го пребришете. Се пореметуваат бројките кога имате нешто на прстите. Секој нека си прави како сака. Јас читам и влечам заклучоци од групиве за поддршка од фб. Таму еден куп жени споделуваат искуства и навистина и кај мене има промена ако ги мијам само со вода и првата капка ја бришам. Ако сметате дека не е океј така слободно продолжете со алкохолот. Битно е да родиме живи и здрави бебчиња и да го пребродиме ова чудо Еве ги колачињата од зегин, многу се вкусни, земав и наполитанки од истата фирма
Конечно денес, на гладно си видов резултат 4,7. Има напредок . Цела недела испробувам, што да јадам, кога да јадам. На гладно постојано ми беше од 5,3 до 5,9. Многу ми олесна што црешите, не ми го качуваат шекерот, а и на интернет пишува дека имаат само 22 гликемијска вредност. Ги обожавам, само да не претерам со количината
И мојот на гладно е така, почнав да гледам 4.6 зашто вечерав едно варено јајце со салата, мерев 2 часа после јадење и после тоа пиев 100мл збрегов протеин пред спиење. И мери од 8 до 10 часа најмногу, да не чекаш за мерење повеќе од тоа.
Девојки, можно ли е ова ??? За 8 дена што внимавам на исхраната и не јадам јаглехидрати, сум ослабнала 1 кг? Здраво ли е ова?
Да, јас ослабев, стагнирав едно време а сега пак слабеам И Оли ако види баш ќе ти каже и она ослабе. Така да ние слабееме, бебињата растат
Ти благодарам мила Штом бебињата растат, тогаш да не се грижам . А и побрзо ке се ставиме во форма после породувањето .
Здраво Упат за скриен шеќер од каде земате? Мене денес кај матичниот гинеколог ми кажаа дека они не давале. А планирам во Авицена, а знам дека ќе ми бараат.