Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. Chikitaa

    Chikitaa Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2019
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Од матичен гинеколог јас земав упат за скриен шеќер
     
    На MPR му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Можеш и без упат. 350 денари е. Со упат боцкаат 2 пати, а без 3.
    сепак, подобро е 3 боцкања.
     
    На MPR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Од општ матичен земав и мене мојот гиниколог ми рече дека не може да ми даде.
     
    На MPR и Maja92@ им се допаѓа ова.
  4. NanaMia

    NanaMia Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    2.938
    Пол:
    Женски
    Ај да ве прашам поискусните со шеќеров. На крвна слика ми излезе шеќер 5.8 малце покачен над граница. Докторката вика напрај си скриен шеќер ,нема индикации којзнае колкави ама пак. Е сеа, ако нема, не планирам да се малтретирам, дете нема кај да оставам. Што мислите вие, висок е многу, според ваше искуство? 30та недела сум иначе
     
    Последна измена: 2 јуни 2020
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    До сега немаш испитано скриен шеќер?Јас како јас не би оставила на случајност, но секој си знае за себе :)
     
    На Butterfly1107 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NanaMia

    NanaMia Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    2.938
    Пол:
    Женски
    Не сум испитала. Со првата бременост не ми посочи матичен. Сега со оваа дури во 30та недела
     
  7. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.470
    Допаѓања:
    3.554
    Пол:
    Женски
    Ај вајда ќе кажат поискусните. Јас испитував околу 28 недела, во ред беше. Исто и јас имав еднаш 5,нешто вредност на обичен шеќер но докторката не беше загрижена.
     
  8. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    Кај мене на гладно шекерот постојано е над 5. Ми оди до 5,8.
    На тестот за скриен шекер, после 1 час ми покажа вредност од над 9.
    И гинекологот и ендокринологот, ми рекоа да внимавам на исхраната, да исфрлам јаглехидрати и благо, и да си мерам шекер пред јадење и еден час после јадење. Веке 9 дена како сум на овој режим, има денови кога на гладно ми е 4 и нешто, но и денови кога повторно ми се качува на 5,8.
    Не знам до што е така, на толку пазење.
    Вчера баш зборев со ендокрнологот, ми рече да внимавам, на гладно да не ми дојде над 6, а после првиот час после јадење над 8.
    Ти најдобро си знаеш, јас да сум на твое место би го направила тестот за скриен шекер, чисто да видиш колку ти се качува, после првиот и вториот час.
     
    На Alishan30, Butterfly1107, Среќичка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Мене на гладно ми беше 4, а скриениот 7,6. За трудници тоа било повеќе од дозволено, 7,6 иако овој на гладно е ОК. Сега сум на диета. Јас и без ова не јадев ниту леб ниту благо, сега не знам што да исфрлам од исхраната, бидејќи секако се трудев да се хранам здраво. Решив да исфрлам и овошјето и воопшто да намалам исхрана, и сега цело време сум гладна.
     
  10. NanaMia

    NanaMia Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    2.938
    Пол:
    Женски
    Ох маки, ништо, ќе правам и јас,тоа е
     
  11. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Направи , подобро да знаеш дали е со во ред одколку да ги доведеш во опасност и твоето здравје и здравјето на бебето.
     
    На NanaMia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Јас имав 5.8 на првата крвна слика во 7ма недела, мојата матична веднаш ме прати на ендокринологија. Во 8ма недела ми испитаа скриен шеќер, инсулинемија и тромесечен. Резултатите излегоаа совршени. Во 28 недела шеќерот на гладно искочи 6.9, веднаш правеве скриен, резултатите катастрофа беа. Од тогаш сум на диета и го контролирам со храна. На гладно секогаш ми се движеше од 5.0 до 5.7, имам и неколку 6ки. Откако влегов во 9ти месец на гладно се движи од 4.5 до 5.0. Јас да сум на твое место секако би испитала или земи апаратче и мери сама. Сепак од она што научив до сега е дека кај шеќерот нема црно/бело, секој организам реагира различно на различни продукти. Не е секогаш не јади тесто и благо и сме завршиле. Комбинациите на храната и сооднос јаглехидрати/протеини/масти многу влијаат врз шеќерот.
     
    На PurpleMind и NanaMia им се допаѓа ова.
  13. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Јас сум нова во ова, ако може некој совет плус за комбинирање на храна како и што јадете?
     
  14. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Епа најубаво земи апартче и мери што ти одговара на тебе. Пример јас можам да јадам компир се додека е комбиниран со протеин-риба (јас не јадам месо) ама од месо се препорачува пилешко. Исто така јаглехидрати насабајле ми го дигаат ептен шеќерот, покасно во денот можам да ги јадам. Мора да јадам на два саати, не смеам да дозволам во текот на денот да ми падне под 5ка шеќерот бидејќи тогаш што и да каснам ќе ми биде висок. За вечера гледам да јадам многу протеини. Имаме пишувано поназад во темава многу за јадењето јас и уште една членка. Сврти 10страни поназад, милион совети има :D Пиши слободно пак ако нешто ти треба помош.
     
  15. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Ова нешто многу сложено со мерењево на храна, инаку читам за кетоните кај мене се 0. Како се поврзани кетоните со скриениот шеќер?
     
  16. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Не ме фаќај за збор бидејќи не сум читала многу зашто матичната воопшто не беше загрижена за нив. Но кетоните се јавувале поради промена на начинот на исхрана, телото преминувало во кетоза, како зошто, немам поим.
     
  17. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.886
    Мене ми е дека двајца гинеколози на одделение каде што ме препрати матичната рекоа дека и скриениот шекер ми е во ред, ги погледна и кетоните се во ред, а матичната е за тоа дека скриениот е покачен и морам да бидам на диета па за 2 недели контрола. Решив да ја послушам неа за секој случај, инаку притисокот ми е низок 55 со 90 сега уште и со ова гладување. Не знам дали имате симптоми за скриениот шекер, јас почнав пред некој месец ноќе ептен да ми се суши устата, многу ожеднувам како никогаш порано, дали е поврзано со шекерот не знам .
     
  18. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Имав тахикардија, сува уста, се потев многу после јадење и пиев многу вода и заради тоа и мокрев многу.
     
  19. MPR

    MPR Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2019
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Како информација да имате, Авицена не прави анализи на скриен шеќер поради висурот, бидејќи протолот нивен налага да се седи таму 3 часа а сега е невозможно.
    Јас завршив работа во Synlab.
     
    На Izzy_0504 и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  20. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.616
    Допаѓања:
    35.535
    Пол:
    Женски
    @eta Тој 1 кг сега што е помалку на вага е вода што си ја исфрлила бидејќи не внесуваш многу јаглехидрати и не се задржува водата и ја исфрлаш. Но и ќе подослабиш додека си на диетата, не е тоа нешто невообичаено додека не се премногу килограми и наеднаш. Јас пред да почнам со режимот, од почеток на бременост имав качено 4-4,5 кг и потоа кога исфрлив овошје и намалив на јаглехидрати, до крај симнав околу 2,5-3 кг.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.