Како е сега била некоја во Авицена за скриен шеќер? Не можам да ги добијам? Или каде одите? И ме интересира дали одите со упат или приватно?
Се јавив денес во Авицена да прашам, ми рекоа сеуште не почнале да испитуваат скриен шеќер. Јас утре или понеделник планирам да одам во Синлаб да испитувам.
И мене на овој начин ми испитаа (и тоа пред 2 години, а не со состојбава), но не требало дома да не пуштат, туку таму да седиш и да мируваш. Нареден пат би испитала на приватно, да биде правилно.
Се редактирав дека веќе ми одговориле за синлаб ... Највеќе ме интересира како издржувате 2 3ч на тестирање ја мислам ќе пукнам за јадење и а сум малце нејадена одма вртоглавици ми се лоши припаѓам ...Како се снаоѓате?
Па нели сме мајки лавици, и се ќе трпиме за бебуш.... моментално сум во Синлаб, само што ја испив чашата со шербет/шеќер...уфффф ама е гаден, едвај се издржувам да не повраќам...
Ќе трпиме мене ми е дека сама морам да се возам (мм не може а немаме контакти со никој од фам ради корона) и често знам да си припаднам не е еднаш да ме легнувале после крв зимање. Ништо книга со мене полна батерија и ајт...значи може и сабота? Супер така ќе може мм да ме развозува
Во сабота отвараат во 8 часот, обиди се од 8:00 до 8:30 да бидеш во лабораторијата, зошто прием на странки им е до 10.30, и гледам само што затворија врата (а 2 часа нели треба да мируваш до следно боцкање)
Мене ме пратија дома нема чекање таму, претходно можеби. А инаку, од благото, не ми се пријаде 2 саати, не е страшно. Не ми беше гадна водичката со гликоза, воопште
Јас да си се пожалам.. денес испитував скриен шеќер и после гликозата толку ми се слоши... многу силно срцебиење, лошење со нагони на повраќање... прелошо чувство... Со мааалку водичка и во поладна просторија, се потсмирив. Сега чекам уште третото боцкање, па дома на клима и да јадам нешто нормално... Со резултатите матичниот ви кажува што понатаму или?
Еве ми ги резултатите.. се ми изгледа ок. Ги пратив кај матичната, ќе чекам да видам што ќе ми каже.. Што мислите вие?
Во Индус Медика и сум презадоволна. Три боцкања, на секој саат. Чекав таму во меѓувреме. Сите услужливи, лаборантот со прелесна рака.