Вчера правев контролно испитување за скриениот шеќер. За 2 недели сум го намалила од 7.6 на 6,8, а оној на гладно сега ми е 3,6. Не знам како да продолжам сега со исхраната, овој на гладно е на долна граница дали со тоа можам да си направам друг проблем ако се намали уште? Скриениот сега 6,8 ок е?
Мене ми рекоа дека до 8, еден час после јадење е добро. Кај мене на гладно е висок. Едвај го држев до 5,5, сега од кога примив инекции за зреење на плучата кај плодот, на гладно ми оди до 6,5. но после првиот час не ми се качува многи. И уште докторите ми велат дека не сум за инсулин
Па и не си за инсулин. Штом само на гладно е покачен, а другите вредности ти се во таргет нема потреба, затоа што и инсулинот има ризик за хипогликемии, а тоа не е добро за плодот. Внимавај повеќе на вечерата, шеќерот наутро на гладно зависи од тоа.
Ептен внимавам на исхраната, но што и да вечерам, деновиве после инекциите, секогаш ми е над 6. Уште и антибиотик и пробиотик пијам, а во пробиотикот пишува дека има шекери. Уште некој ден имам од терапијата, па се надевам после тоа ке се намали малку. А за инсулинот велиш дека не е добро да се прима? Јас пак си мислев дека помирна ке бидам доколку ми го препорачат, зошто така ми е високоризична бременоста, уште и за шекерот да се грижам. Но кај, двајца доктори бев, истото ми го рекоа, дека не ми треба.
Можно е и од пробиотикот да се покачи, но пак ќе речам чим се останатите вредности добри, како и големина на плодот не треба инсулин. Кај трудници мора многу внимателно, баш поради хипогликемии, со тоа што ќе си продолжиш со исхрана бидејќи е најбитна, пешачење. Штом ОГТТ исклучил гестациски дијабетес, не се грижи, се ќе биде добро
јас треба да испитам скриен шекер ми рекоа исто по 100 грама благо на ден три дена пред тоа. а како е тоа со гликозата благо е многу? ми рекоа може да то се слоши земи си придружба до толку ли е?
Не треба благо 3 дена по ред за трудници؛ Тоа се прави кога се испитува дијабет кај општа популација؛
Само да ви споделам инфо од Понеделник и во Авицена повторно ќе испитуваат огтт само претходно треба да се закаже
е може да, јас сум во општа него сакам да прашам нешто. имам упат за хормони на тироидна, тироидни антитела, инсулин, ОГТТ и тромесечен шекер. на упатот пишува ЈЗУ биохемиска лабораторија клинички а некои што правеле ми викаат дека е на различно место. наводно за ОГТТ е во друга зграда. да не се маткам се со витусов натака навака може ли некој што знае да ми каже?
Се е на клиничка Јас огтт таму имам правено али лани (ако сега има нешто сменето незнам) Само порано оди зошто имаат бр на колку дента испитуваат
Биохемиска лабораторија е во големата зграда кај интерните клиники. А огтт обично е со закажување. Јас сум правела во центар за дијабет и во ендокринологија. Ќе треба да се консултираш на шалтер во дијабет или во лабораторија каде прво да одиш со упатот. Во центар за дијабет обично се поприступачни, не знам со коронава сега како функционираат...
Јас со овој мерам Го зедовме од Зегин најевтиниот. Мерам по 6 пати на ден, и лентите се трошат многу брзо, така да реално одат многу пари и за ленти и за иглички. Ако си во можност можеш и поскап да си купиш, но ете мене и ова ми завршува работа.
Земав Аку Чек со 2кутивчиња ленти по 1090(по 50 лентички во кутија) апаратот гратис дојде па ќе видиме како ќе се покаже ...
Јас игла сменив 3 пати Ја дезинфицирав со алкохол, плус само јас се боцкав. Истото апартче и јас го имам.