1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Од 24 до 28 ма недела се прави освен ако има некакви индикации да се направи порано, а за цена не знам ама имаат на сајтот ценовник...
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    18.809
    За Авицена не ти препорачувам да одиш во таа во Тафталиџе дека сега преку целиот ден доаѓаат пациенти се тестираат таму за корона. Одделено е ама пак не е тоа тоа..Има наназад инфо околу тоа можеш да прочиташ...Чисто за твоја безбедност
     
    На ..barbie.. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Претходно ми направија тест за гестациски, беше рано, ама се исплашив затоа што пиев многу вода... Сѐ беше супер. Сега на два пати после јадење шеќерот ми беше 8 кома нешто. Дали е ова индикатор за скриен шеќер? :(
     
  4. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    После колку време?
     
  5. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Не е, зависи што си јадела и коjа количина. Која недела си? Кога го испитуваше ?
     
  6. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Јадев и го мерев по 45 минути.

    Изедов една кифла со кисело млеко. 27ма недела и претходно го испитував пред 20тата недела ми се чини(не сум сигурна, треба да проверам кога имам пишувано на темава).
    Претходниот пат кога направив проверка беше некој сендив, значи пак сум јадела бело пециво. А и ноќеска претерав со благо.

    Едит: Последен пат сум правела тест во 17та недела.
     
  7. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Консултирај се со матичен дали пак да направиш, до 28ма се прави ама некои и до 30та го прават. Ако мислиш дека имаш некои предиспозиции.... Јас оваа бременост во 10-11та недела го правев дека претходната имав гестациски, а не ми беше рекласифициран меѓу двете бремености. Имам фамилијарна анамнеза со дијабет, зголемена тежина, години...
     
    На PurpleMind му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    И јас ги имам овие, затоа се потресувам толку. :)
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Се мери 1 или 2 час/а после првиот залак, под услов да не јадеш повеќе од 30мин и после оброкот да не јадеш ништо до мерењето.
    Границите за мене беа после 1час да е под 8, после 2часа да е под 6.7.
     
    На eta и PurpleMind им се допаѓа ова.
  10. Вишиус

    Вишиус Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Девојки, бремена сум 26 недели и 5 дена. Во петокот правев тест за скриен шеќер во приватна болница. Не живеам во Македонија туку во Турција, и сега во петокот кога го направив тестот од сабајле јадев мала погача (не ми кажаа ништо на гладно срце да дојдам). Денес сопругот се јави во болницата и докторката рече повторно да правиме тест, не можеле да откријат. Овој пат со 100 грама гликоза, претходно со 50 грама гликоза. Дали на некоја ѝ се случило да не можат да ѝ откријат па повторно за два-три дена да го прави тестот со зголемена доза на гликоза? Односно прв пат те боцкаат два пати во двете раце, па ти даваат шеќер во вода да пиеш, па по еден час повторно те боцкаат (ова беше моето искуство). Малку сум загрижена да не имам случајно скирен шеќер. Од друга страна пак не е препорачливо да се прави вториот тест со многу гликоза (има доста полемики околу тоа дали е здраво или не за бебето). Мојата моменталната тежина е 74 кг, тежината ан бебето 958 грама. Прво бебе ми е, и многу сум збунета. Плус падната ми е крвта, железото (цел живот имам проблеми со железо, ама ајде тоа со апчиња ќе накачам), Б витамин ми бил паднат. Ќе одиме пак да видиме, но би сакала да прочитам и ваши искуства. Денес целата се вознемирив, а боцкањата воопшто не се пријатни баш.
     
  11. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.037
    Допаѓања:
    5.450
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, полошо е да не го откриеш отколку да го повториш тестот. И пред да одиш на боцкање 12 саати нема јадење само вода.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    491
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Женски
    Еве мое искуство со проверка на скриен шеќер. Вчера ме вратија, не сакаа да ми испитуваат затоа што сум дошла пешки до болница, а болницата практично до зградата ми е. Никој не ми кажа такво нешто. Денеска отидов пак, со кола, 200м :D. Гладна бев од вчера од 8ч вечерта. Исто не смеело ни пред испитувањето вода да се пие. Стануваш од спиење и право на испитување. 3 пати ме боцкаа. После првото ми дадоа чаша од 300мл, да ја испијам одма цела и нераствореното да го изгрицкам. Мислев дека ќе биде гадно, ама не беше страшно. После 1 саат пак боцкање, па уште едно. Чекам резултати во 13ч.
     
    На Izzy_0504, Butterfly1107 и princess5 им се допаѓа ова.
  13. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    18.809
    Девојки
    Денес правев проверка на скриен шеќер во Синлаб според референтниве вредности е во ред како што гледам..некој ако знае да ми потврди?
    Тек во вторник сум кај докторкава
     

    Прикачени фајлови:

  14. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    И јас
    И јас сум со уредна бременоста и тежина па излезе дека имам скриен шеќер, дури 11,сега сум на диета мерам постојано па ќе видиме дали ќе преминам на инсулин
     
  15. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    18.809
    @Dua! Јас правев во синлаб тафталиџе отидов со кола и седев во кола. Пред лаб имаш клупа ако не си со кола можеш таму да преседиш. И мене матичната не ме прати ама сепак направив 400 ден е.
     
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    6.999
    Допаѓања:
    118.099
    Пол:
    Женски
    По ова е во ред
    А прво мерење нема?
    Нели нулта мерење, па по 60мин, па по 120мин.
    Јас така знам.
    Следната недела ќе испитувам ми рекоа во 28ма недела да испитам
     
  17. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    18.809
    Мене 2 пати ме боцкаа еднаш на гладно и еднаш после 2ч по испиен шеќер. Тоа да не е со 3 боцкања?
    Не ме ни прашаа додуша само кажав дека сум за шеќер и толку. Мене не ме прати матичен прочитав може во 26та и викам ај а во вторник сум на контрола кај др што ќе ме пораѓа затоа сега правев
     
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    6.999
    Допаѓања:
    118.099
    Пол:
    Женски
    Ова ми го дадоа мене, а и вака знам дека се испитува за скриен шеќер ОГТТ
    20200711_134218.jpg

    Да не ти бараат со 3 боцкања, тоа ми беше прашањето.
    Но и по ова се гледа дека немаш гестациски дијабет ти
     
  19. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.171
    Допаѓања:
    18.809
    Па докториве ми рекоа немам потреба да правам плус и ради коронава ама јас сепак направив да не го мислам сега и тоа. Овде во синлаб валда ако напоменеш е со 3 боцкање а кај нив описот на веб страна е со 2 боцкања и 2 пати крв од вена ти зема. Не знам зошто така различно прават:?:
    Важно е дека ми се ок резултативе бар и тој дел да го решиме:hug:
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    5.523
    Јас кога ги прашував со колку боцкања треба во Синлаб ми кажаа тоа доктор ке одлучи. И јас ќе одам следнава недела, многу ми е малтретирање со 3 боцкања |( инаку супер ти се резултати