Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.062
    Пол:
    Женски
    Колку што знам треба да е со 3 боцкања за да се види движењето на инсулинот во организмот за да се види способнодта на организмот за преработка на шеќерот. Некогаш знае да појави добро ниво на инс после 1 час, а високо после 2 часа и обратно. Кај некој побрзо реагира, кај некој поспоро. Сепак нека ви каже докторот што смета дека е посоодветно за вас.
     
    На Alishan30, Butterfly1107 и Milkiway им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    Најоравилно е три пати. На гладно, па пиеш благ раствор, па за 1 часа, па за 2 часа. Треба да се види како реагира организмот за 60 и 120 минути. Дали ке падне нивото на шекер и колку.
    Мене ме боцкаа во прст.
    Скриен шекер може да има било која трудница. Не мора да е дебела и плодот не мора да е покрупен или да има повеќе околуплодова вода. Тоа се индикатори ама се вика скриен затоа што може да го има и без ниту еден знак.
    Исто како и за ддимери и лакуни. Може да има лакуни а се да е нормално, може да има незначително малку лакуни па времињата и димерите да не се добри.
    Затоа најубаво да си испитате се.
     
    На Izzy_0504, Alishan30 и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  3. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    5.534
    Каде проверуваше што те боцкале од прст?
     
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    18.447
    Пол:
    Женски
    Државно, во болница.
    Јас имам синче од 11 месеци, тоа беше лани, да не дојде до забуна.
     
  5. Вишиус

    Вишиус Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Што се лакуни? Извинете но прв пат го слушам зборот.
     
  6. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.409
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    ОГТТ кај трудници се прави со 3 боцкања и задолзително од венски примерок на крв а не од прст؛ Се надвор од ова е невалиден и инсуфициентен тест؛ Имајте го на ум ова, и барајте секогаш три боцкања, 100ден е разликат؛ Синлаб треба да си знаат а не пациентите да ги прашуваат؛
     
    На Butterfly1107 и K7M10J им се допаѓа ова.
  7. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Лакуни се како дамки или празни простори на постелката, така се гледаат на ехо. Еден вид оштетувања на постелката. Обично кога ќе ги видат те праќаат на трансфузиолог и препишуваат инекции клексан за да не се оштетува постелката уште повеќе.
     
  8. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    5.534
    Женски со упат од матичен испитувате скриен шеќер и дали знаете колку е на приватно?
     
  9. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.231
    Допаѓања:
    18.985
    Синлаб е 400 денати без упат тука негде и авицена е мислам.
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Јас без упат во авицена. 350 денари платив со 3 боцкања.
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Вишиус

    Вишиус Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Значи јас го направив и второто тестирање (како што напишав поназад, не живеам во Македонија туку во Турција) и второто беше со 100 грама гликоза, на три саати, те боцкаат, па пиеш во рок од 5 минути шеќер со вода (100 гр. гликоза), па потоа ти земаат венски крв на секој час. Е сега тој ден искрено за мене беше мачен, топло, нејадена од вечерта плус шеќер многу во рок од 5 минути и ми се слоши малку, не беше лесно. Но издржав (сестрите ме ставија во болнички кревет да одморам и имав памукче потопено во алкохол за да го мириснам повремено, тоа ме врати малку во нормала инаку веќе немав сила ни главата да ја држам). Резултатите денес ги дознавме и немам скриен шеќер, но критично е, на граница сум рекла докторката. Треба диета да правам, да намалам со благо и работи што содржат брашно. Ме интересира дали на некоја од вас ѝ откриле да има шеќер и ѝ рекле диета да прави. Што јадете обично?
     
  12. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Јас и многу други сме така со диета. Во глобала треба да ги поделиш оброците на помали, 5 пати на ден. Да не бидеш гладна, но и да не се прејадуваш. Убаво ти кажала што да избегнуваш, значи тестенини, пици, торти, сладолед, лебови не. Леб може некој црн леб една кришка, две. Мене и од две ми се качува. Мајонези, павлаки, банана, грозје, урми исто го качуваат шеќерот. Мене ми се качува и од јогурт, житарици. Ќе си видиш од што ти се качува и тоа поретко и помалку ќе го конзумираш. Повеќе протеини, помалку јаглехидрати. Оброкот ако ти е комбиниран и со двете помалку се качува шеќерот. Пржено не, зачини многу малку колку да не е без вкус. Манџа на пример ако јадеш без запршка. Има на гугл табели пиши лебни единици табела ќе ти излезат статии и табели отприлика да знаеш што колку лебни единици содржи. Мене ми препорачаа 16 лебни единици дневно да внесувам. Со претходната бременост баш броев залаци што се вика. Со тек на време ќе знаеш отприлика од што колку да изедеш за да ти се качи шеќерот максимум до 8-8 ипол еден час после јадење. На гладно треба да биде максимум до 5,3. Мерам 7 пати дневно. Е сега тебе сигурно не ти рекле да мериш така да останува на тебе да држиш баланс со оброците.
     
  13. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.969
    Допаѓања:
    34.603
    Пол:
    Женски
    Ај вака (иако не сум трудна може не сум компетентна но) скриениот шеќер ми беше на горна граница и од ендокринологија кога ми ја даваа диетата ми го објаснија следново:
    Јајца зденки сирење кашкавал месо(дури и саламче) зеленчук као пиперки патлиџан краставици немаат шеќер (дозволено е да се јаде)
    Лебот (белите пецива тестенини ) се бројат единици (разликата меѓу интегрален и обичен е што интегралниот постепено го качува шеќерот)
    Јогурт , млеко кисело млеко имаат шеќер (1единица е 1 чаша)
    Пример : имаш 2кришки леб и чаша јогурт + јајце и зденка или патлиџан или сиренце или п (тоа ти се 3единици за појадок) Кромид во салата или во манџа не го броиш (како единица) ама ако јадеш похован се рачуна,исто за месо пример парче стек обичен нема шеќер ама ако го ставиш погован во јајце презла брашно автоматски има шеќери и се рачуна ...
    !!!Се е дозволено да се јаде но ќе броиш единици!!!

    Се надевам помогнав околу **диетата**
    (Сево ова ми е од центарот за дијабет) и имате распределено единици за внес
    3/4 за појадок
    1за ужина
    4/5 за ручек
    1за ужина
    3 за вечера
    1 за ужина*
    позз и секое добро...
     
    Последна измена: 14 јули 2020
    На GolemaMala и eta им се допаѓа ова.
  14. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Ќе се дружиме. Сабајле проверував, на гладно 5,8. Првиот пат по кликозата 12 со нешто, вториот 11 со нешто. Тоа е...
     
  15. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    Мене ми беа строго забранети зденките и смеев само кравјо/козјо сирење или кашкавал. Внимавајте работите што ги јадете да бидат нутритивни, а не само без шеќер.
     
    На PurpleMind, eta и K7M10J им се допаѓа ова.
  16. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.014
    Пол:
    Женски
    Вие кои сте со гестациски дијабет, правите ли профил и дали запишувате?
    Од утре ќе мерам 3 пати по 2 мерења дневно, на гладно и 1 час по јадење.
     
  17. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Што се случи, не беа добри резултатите? Јас мерам 7 пати, пред и еден час после главните оброци и еден час после ужинката пред спиење. Запишувам, цртам табели и и праќам на вибер на докторката. Од март месец така функционирам ради коронава. Сите испитувања што треба да се прават ги правам приватно и кошта доста пари тоа. Како и да е пред пораѓај ќе мора да ме примат во центар за дијабет, ќе ми треба извештај од докторката.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    5.534
    Дали знае некој да ми каже дали имам шеќер чим покажува малку покачен на 3 то боцкање?
     

    Прикачени фајлови:

  19. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Мислам до 8 или 8,5 е границата ама пошто третата вредност ти е ок може и да ти кажат само да смениш исхрана. Имаат математичка пресметка со трите вредности и така одредуваат
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    119.014
    Пол:
    Женски
    0ч.- 5,6
    1ч.- 10,8
    2ч.- 8,2

    До 8,5 дозволуваат. Но ендокринологот ми кажа на кои работи да внимавам во исхрана, да правам профил и да мерам на гладно и 1ч по јадење, 3 дена така, неколку пати во месецот.и ќе и праќам табели.
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.