Па и вторава вредност не е за потценување. Ако добро го регулираш со диета нема да има потреба од терапија. На почеток е тешко додека научиш од што колку да јадеш ама се навикнуваш
Центарот за дијабет работи зошто не провериш јас минатиот месец проверував тромесечен и имаше и др луге... Инаку @Alishan30 не ти рекоа по 2часа од јадење да боцкаш? Јас на почеток боцкав на гладно пред ручек и 2часа по него (од ендокринологот така ми беше посочено ) И внесувам во тел на апликацијата за accu chek апаратчето ... (ама може бидејки не сум трудна па затоа така)
Термини има сега некои од скоро ама кај доктор нема, се договорив со докторката наредна недела кога ќе одам на трансфузиологија и на гак да ја побарам. Ако не тогаш пред пораѓај за последниот извештај. Инаку и јас по еден час боцкам и сега и претходната бременост. Така ми посочи ендокринологот.
Добро тоа со часовите може има врска и бременоста... @Alishan30 (сигурно тие знаат повеќе од мене ) инаку да конкретно кај доктор нема но ако се јавиш на ендокринологија ќе ти кажат кој ден е таму... јас сум кај адамова инаку Побарај си ја докторката нема да те врати сигг..и со лесно
Фалааа. Абе човек не е ни да оди ни да не оди, на нејзино инсистирање дека сум бремена во услови на корона е ова со вибер лечење ама ме знае дека бев дисциплинирана и со претходната бременост па може и затоа ме остави така
Тенкју докторке Со првата бременост умрев од тоа диетата. Сега ќе внимавам, ама овошје ми бара душа, бутам како да нема утре. До следна недела да видам што ќе ми каже гинекологов.
Ве читав над 10 страни уназад и ќе читам уште. Во меѓувреме, што јадете за ужинка? Прочитав сте спомнале сладолед без шеќер, други поздрави опции? Гледам да избегнувам засладувачи колку можам. Последен пат заборавив да се консултирам со докторката, кога мерев скриен шеќер проверив и гликоза и протеини во мокраќата, гликозата ми беше +4. Е сега, две работи, мериме сами во вц, таму ја имаме цела потребна опрема и после го кажуваме резултатот на докторките. Кога ѝ спомнав на медицинската сестра за резултатот, рече многу е, ама тие стапчињата со кои мериме не се секогаш најпрецизни, следен пат ќе мериме заедно со нешто друго. Друга работа беше тоа што не ми беше дозволено да пијам вода после 12 навечер, ноќта пред да мерам скриен шеќер. Јас во текот на ноќта можеби 5 пати бев до вц. Единствена течност која ја примив тој ден во тие неколку часа додека чекав за мерење и резултати беше слаткиот раствор што ни го даваат, по некоја логика, јас него го измочав, затоа што претходно, цела дехидрирана, немав ни потреба за мокрење. Се согласувате со мене? Знае некој зошто гликозата во мокраќата би се покачила толку многу?
Во 7 и 50 ме боцнаа. Во 8 и 50 ми дадоа да се напијам шеќер. Сега ми рече да седам два часа...зошто јас мислев на еден час од испиеното се испитува? Или во 9 и 50 да се направам на тошо и да си и речам дека помина еден час од кога го испив растворот.
Оди им еден час откако ти го дале растворот, ако одиш порано нема цел. Кажи им со 3 боцкања сакаш. И не е логично што чекале еден час да ти дадат раствор, одма по боцкањето се дава Јас кога сум правела ми рекле дека можам во тие 2 саати вода да пијам, спомни им ако не дека не си пиела ништо...
Знаат и не смеам. Докторката ми даде една голтка вода само, колку да заплакнам уста. Да напоменам дека не ги правам тестовиве во Македонија, затоа е различно. Друга мисла ме загрижи сега, можат бебињата да добијат дијабет од нас?
Требало кога те боцнале првиот пат, да го испиеш шербетот, па после 1час да ти мерат шеќер, па после 2 часа повторно мерење. Вака 1 час плус ќе седиш таму
Прво ако имаш гестациски дијабет и не се контролира има поголем ризик од компликации за време на бременоста. Кога ќе се роди бебето може да е многу поголемо со повеќе масно ткиво и можно е после породувањето ако не се набљудува нагло да му падне шеќерот и да доведе тоа до компликации. Ги викаат џинови на стаклени нозе. Ама ти нема што да мислиш на такви сценарија и да се секираш, дај Боже да се ок резултатите. Ако не се ќе си воведеш режим на исхрана, ќе се боцкаш, ќе контролираш се да биде во граница на нормала и ќе си бидете ок и ти и бебенцето
Во синлаб правев и прашав а зошто не ме боцкате на еден час... еден дрзок одговор што добив ЕПА ТАКА ТУКА ПРАВИМЕ!. А има некоја разлика со три или две боцкања? И не ми одговори А седев 3 часа. Ме боцна па после еден час ми даде да пијам и после 2 часа ме боцнаа . Ни движење ни вода никакво согорување да немало. Умрев. Гадно многу. Кој знае што ке излезе од ова вака. Само да е се во ред
Извини што ќе се вмешам, не сум трудница но вторникот баш бев во синлаб правев огтт тест во кисела вода. Ептен беа културни девојките таму и многу брзо и лесно поминав, и на мене и на другите трудници имаше неколку, не боцнаа на гладно ни дадоа да испиеме течноста, па за два часа повторно боцкање. Јас како што се плашам од боцкање не ни прашав дали треба 2 или 3 пати. Ама сите 2 пати не боцкаа само. Ама течноста веднаш по првото боцкање на гладно ни ја дадоа. Стварно мислам за џабе те измалтретирале еден час повеќе да седиш. Ајде поминало, битно да е се во ред само.
И јас вчера во Синлаб. Одма кажав сакам со 3 боцкања. Ме боцнаа одма го испив шеќерот, после си одев дома, дома лежев за 50мин пак бев таму преку ред ме боцкаа за да запазат боцкање на 60 мин. Мачно ама не е страшно. Чудно зошто вака те боцкаат, се разбравте ли убаво што проверуваш?
Да да баш убаво на почеток се разбравме. Бидејќи испитував и крвна слика ми рече еве сега ке те боцнеме почекај ке те викнам за да испиеш. Ајде еден час седев ми даде шеќер испив колку е часот баш ме праша викам 8 и 50,епа 10 и 50 второ боцкање. Ако одиш дома вода не,цигари ако пушиш не и да лежиш. Акде викам ке чекам во кола. И одма тука прашав зошто вака ме боцнаа. Па се вратив абе викам да не треба во 9 и 50? Не не во 10 и 50... И така прашав зошто некој ги боцкаат три пати мене само два не ми одговори. Оавсн дека тука така правеле со 2 часа седење. Кој знае зошто само две боцкања имав. Т.е која е разликата на две и три боцкања. Ајде помина ке видам резултати после...