Здраво и јас имам гестациски дијабетис дали ќе може да ми предложете некоја добра исхрана, што точно да јадам цел ден.
Како ти се вредностите? Нели се консултра со ендокринолог? обично сите сме различни и различно ни кажуваат по колку да внесуваме храна. Јас би советувала тестенини и бел леб да одбегнуваш, газиран сок, благи работи и тоа е, вака по општо.
Za zal ja sum vo germanija i tuka e se drugo jace napisano ne e kako vo MK sto citam,a jas germanski neznam dobro i zatoa trazam po internet da najdam dobra ishrana
Ама, сама неможиш да си одредиш единици. За храна во глобала е тоа, почести оброци а помали, јаглехидрати да се избегнуваат или да се добро избалансирани. Битно е да не се изгладнуваш. Оброци да не прескокнуваш, да имаш ужина после секој оброк. Често се мере шеќер, па добро би било и да знае и докторот кој те води. Незнам како е во Германија, но прашај го гинекологот, да ти посочи евентуално како понатаму. Има многу табели за исхрана, но сепак сама не би почнала ништо, подруго е кога некој стручен ќе те насочи. Тука на темава сите сме различни, моите единици можеби тебе нема да ти помогнат
Jas sum vo cetvrtok na endokrinolog i ke vidam so ke mi kaze ama sea samo trazam opsto so treba da jadam i ke cekam on da kaze, inace fala na odgovorot
И јас како трбе во синлаб со 2 боцкања ги однесов кај докторката резултатите и баш ја прашав дали се валидни нели 2 боцкања а сите викаат треба 3 ми вика да секако и ова се валидни ако има некој показател тогаш може да те пратам да го повториш уште еднаш ама ретко. Секако се гледа дали е покачен или не. Мене не ми беше гадно и си пиев по голтка две вода рекоа можам. Преседов во кола не отидов дома ...ај битно поминавме
@Happyinlove течноста не ја даваат одма за пиење затоа што чекаат резултати од првото боцкање. Ако случајно ти е премногу висок базичниот шеќер, да не те здрма од гликозата!
Мене ме боцнаа и одма ми растворија да испијам и кога и да имало трудница истово го праеле.болцкаат и одма шеќер. Зборам за 2 пати боцкање во Синлаб не знам зошто толку се разликува од авицена треба сите да се исти...
Кано што прочитав во кола чекла.и јас така чекав во кола дека далеку мј беше дома да се вратам. Во синлаб не ти даваат да чекаш таму. На тел се јавив ми реко правиме испитување ама во лаб не дозволуваме да се седи...само што не разбеав зошто од зсмање крв чекала 1ч за шеќерпт мене одма ми го дадоа. Ако е како што викаш да проверат како си на гладно пред да ти дадат нели на сите треба да прават така. На тел исто ми кажаа дојди точно во 8 боцкаме даваме шеќер и чекаш 2ч...Чудни работи прват синлаб
Во Центар за дијабет и Ендокринологија боцкаат и одма ти даваат да пиеш. 3 пати боцкаат обавезно, со третото боцкање оставаш и мокрача. Дозволено е да пиеш вода. Треба да мируваш тие 2 саати додека трае тестирањето.
Ќе ти дадат апараче за мерење на шеќер и ќе ти кажат дека треба 7 пати во ден да мериш и да запишуваш на тетратка што ќе ти ја дадат.Ќе ти кажат 3-4 пати неделно по 7 пати.Така 2 -3недели па контрола.Ќе ти ги разгледаат вредностите и ќе ти кажат што да правиш. Мене ме советуваа овошје колку што ми е голема дланката само толку.Банана ако сакам наутро пола навечер пола.Бело брашно да избегнуваш, благо, ориз, компир итн .Кога ќе видиш се треба по малку и после оброк 1час пешачи и нема да имаш никогаш висок шеќер.Ова од искуство.
Јас со двете бремености сум со мерење секој ден по 7 пати. За јадење ми кажаа отприлика и картонче има едно со лебни единици колку да внесуваш и е како мал водич од што колку да јадеш. Има и на чичко гугл пиши лебни единици ќе почнат да ти излегуваат разни табели и иста таква како картончето што го даваат и разни статии. Апаратче, игли, тетратка тоа во Македонија сама си купуваш, следува од државата апаратче само за тие на инсулин што се. Целта со диетата е да избегнеме инсулин. Мене и од пола банана многу ми се качува и од јогурт, житарици... Со тек на време ќе видиш кај тебе од што повеќе реагира организмот и тие работи ќе ги избегнуваш. Салати можеш да јадеш колку сакаш со исклучок на одредени зеленчуци како грав, грашак и други што треба сепак да измериш колку ќе конзумираш. Од месо не се качува шеќер ама сепак да не претеруваш, маснотии да не качиш и така.. Прегледај ја темава наназад сигурно ќе најдеш дополнителни информации... Вака има многу за пишување.
Дали некоја од вас била кај проф. Бранкица Крстевска во Срце? И дали примала инсулин заради гестациски дијабет?
Јас бев минатата недела кај неа, ама поради ПЦОС и само метформин ми даде, во обиди сме за бременост. Воглавном океј стара жена во пензија е, ми остави океј мислење ќе терам со неа па ќе видиме. Инаку за неа добив препорака и од гинекологот. Само се чека доста за термин, јас се јавив и за две три недели ми закажаа дури.
Професорка ми беше и многу е спремна, знам дека е во пензија. Термин дури за 20 дена одприлика има. Многу се чека, а немам баш време за чекање
Оф... знам и јас ме удри шок првично кога ми рекоа за 3 недели ама не ми се брзаше па си почекав. Инаку и гинекологов мој ептен ја препорача конкретно за мојов проблем, штом и ти викаш значи ја бива, да имам доверба. Да видиш по другиве приватни ендокринолози ако ептен нема простор за чекање.
Одев кај неа пред и за време на претходната бременост. Задоволна сум од неа, искусна докторка е и не се плаши да појача терапија. Е сега што се скапички и што на контрола ми наплатија како за преглед ме изнервираа малку и не отидов пак. Бранкица ми ја посочи Саша Јовановска Мишевска како добар ендокринолог во државна. Сега е директорка таа, па ме превзема Билјана Тодорова кога ми го дијагностицираа гестацискиот дијабет претходната бременост. Супер докторки се. Јас не стигнав до инсулин. Ти држам среќа со метформинот. Јас со претходната бременост при првиот месец воведен метформин останав бремена. Баш беше вака лето. Појачај витамин д или сончај се.
Ти благодарам, дајбоже за брзо да биде. Зимам витамин д и елова уште од минатата година исто по препорака од гинекологот, од мај сега почнавме со обиди, но знаеше и ме спремаше однапред.
Јас требаше да одам, имав закажано, но имав итен царски и се се одложи. Мене др.Гордана ми рече да одам кај неа на консултација, рече дека е добра и дека многу и верува. Мене ми закажааза наредниот ден, од денес за утре. Објаснив каква е работата, дека имам ризична бременост и дека докторката сака нејзино мислење, и без проблем ми закажаа за наредниот ден.