@K7M10J Ќе те тагнам пак извини, ама дека пиша си пиела метформин. Од матичната добив информација дека и во бременост се пиеле превентивно да не дојде до развивање на скриен шеќер. Не прашав ендокринологот, не дека и ми е нешто мака од него, супер го поднесувам, само чисто ме интересираше.
Да, минатата бременост дека го пиев пред да останам бремена и ми го продолжија до крај на прво тромесечје. Почнав да го пијам самоиницијативно дека ОГТ тестот што го правев пред бременоста ми покажа вредности во нормала ама на горна граница. Еден месец пиев и останав бремена. После прво тромесечје рекоа дека не се препорачува метформин. Скриен шеќер тогаш ми направија стандардно во 24-25та недела и искочи дека имам. Поминав без терапија, а ако треба терапија препишуваат инсулин. Сегашнава бременост ми почна без метформин и така ја терам со тоа што ОГТ тест ми направија во 10-11 та недела. Повторно покажа дека имам гестациски и цело време сум без дополнителна терапија дека добро го контролирам. Останува после пораѓај да се рекласифицира дали имам дијабет тип 2 или само сум имала гестациски. За теоријата дали метформин спречува појава на гестациски дијабет, не сум наишла на таква информација, ете првата бременост до 13та недела го примав, 10-12 недели отприлика сум била без него до ОГТ тест, ама па викаат не се пие второ и трето тромесечје...
Фала ти многу за одговорот, сакам вака информации да си имам однапред. Браво штом добро го одржуваш во бременост, ти посакувам после пораѓај да се среди шеќерот.
Дали кога се испитува скриен шеќер, треба и крвна слика да се направи или може само скриен шеќер? И која цена е во син лаб без упат од матичен? Благодарам.
Како го регулирате шеќерот на гладно? Што год да правам, насабајле ми е од 5-5,3 а 5,3 е границата за нормала.
Никако, и мојот е толку. Забележав на ручек пред да ручам, зошто повеќе активност имам, ми е секогаш 4,6-4,8, инаку пред доручек и вечера ми е 5,4-5,8 А да прашам дали смееме кисела вода да пиеме? Не е благо и нема шечери, само малку газирана е
Јас колку што знам, смееме. Мене ми е кажано да избегнувам сѐ што содржи јаглени хидрати, а во газирана вода ги нема.
Јас пијам многу кисела вода. Ожеднувам ептем и обична вода не ме заситува. Истото го мислев, дали некако влијае. Пошто треба да си купам апаратче и да следам шеќер...баш ќе видам кога ќе почнам да мерам. Правев огт тест. Шеќерот ми беше во нормала , стартно. Ме испитаа и ден по огт тестот..дури и понизок ми беше шеќерот, али ради шо пред тоа ми беше висок и бев на метформин терапија ради отпорност на инсулин, треба да го следам и да се држам до режим. Мене ми рекоа ништо не ми е забрането, само, се' што има гликоза да е ограничено. Тестот го правев на клинички - центар за дијабет. Кажете ми за апаратчињата за мерење..какво да барам...дали после треба да купувам ленти ли..што, како.
Кисела вода може понатаму да ти направи проблем со отоци, во последен триместар. Апаратче од аптека ке си купиш. Со него одат боцки и ленти ама ке мораш да докупуваш.
Заборавив да ти кажам, апаратчето не е скапо, комплет беше некаде 1200 1500 денари, ама после ке докупуваш ленти кои се 500 денари кутивче. Со една боцка можеш да се боцнеш неколку пати ама нема да е 100 % точно.
Денес ми е тежок ден, цел ден некако гладна сум, ми се јадат слатки работи, банани... Легнав да спијам, се разбудив од глад со болка во гради, од желудникот.... Ова е клетва, да не смееш да јадеш во период кога си најгладен. Што правите во овакви ситуации? Имате крејвингс?
Има едни колачи интегрино хроно се викаат. Кога ептен ми е тешко, знам да изедам едно такво до 2. Па малку да се смирам
На гладно шеќерот ми се движи од 4,8-5,3. Три пати после појадок ми беше на границата, 8,2-8,3 и баш тогаш јадев некој спортски, протеински леб. Го баталив лебот скроз. Порадии некоја причина дијабетологот предложи ДА ПРОБАМЕ со една таблета насабајле, а јас таблети не сакам! Освен тоа, на другарка со гестациски ѝ рекле дека ако земаш лекови во бременоста, ќе продолжиш да ги земаш и после бременоста. Ова нема логика и ми е кажано дека не е точно, ама ми е врежано во глава. Освен тоа, цел живот гледам да избегнувам лекови и не гледам зошто би земала ако го контролирам шеќерот само со храна, макар и да е на границата понекогаш. Сега кога се разбудив, тестирам, 5,3, на граница. Реков ај да пробам да се размрдам малку и да пијам вода. Проверувам по половина час, рипнал на 6 и одма земав да јадам. Уште учам како ми реагира организмот и кога се покаќува шеќерот. Патем, има некоја жена на форумов која имала гестациски и продолжила да се влече со дијабет и после бременоста?
Јас имав гестациски, сега бебе е 7 месеци и дојам, ама земав случајно да измерам шеќер околу саат после јадење пред некој месец, над 10 ми беше, дамла ме мавна. Чекам да прекинам со доење зошто стварно не можам да пазам на исхрана, а и за да ме држи главно јаглехидрати бутам, па убаво ќе испитам. Не знам дали сум го имала ова пред бременост, секогаш на крвна слика, а и во бременост од сабајле ми бил во граници на нормала. Кога ќе каснам нешто, лудило. Треба да се прати ситуација и после бременост за секој случај..
Можеби ти се качил затоа што не е лесно со мало бебе, неспиење, јадење кога стигнеш, што викаш буташ што било, стрес... Се надевам ќе ти се нормализира кога ќе си дојдеш на себе.
Викаат доењето го намалувало шеќерот, ама тоа е.. Баш треба да си дојдам на себе, па и ќе припазувам на храна малку кога знам дека организмот ми е склон кон тоа. Ајде со лесно, издржи, вреди сѐ за бебуш. Знам колку ви е тешко. Јас по 2 реда милка јадев во кризни периоди, не ми го рипаше шеќерот, не сме роботи мајката
Девојки јас денеска бев на испитување за скриен шеќер. Арно поминав, на гладно ми беше 4.9 а по 2 часа кога ми го измерија со испиената гликоза 6.4 Рекоа добар ти е , немаш ништо. Леле гадна за пиење таа гликозата, па уште и наеднаш требаше да ги испијам 2те големи чаши. Животов ми се скрати, цел ден киселини ме мачат и бебево мрда на сите страни..
Јас.Исто како тебе.На гладно само 0,1 единица над границата ми беше.Ако не јадев одма ми скокаше Ме следат на дијебетолог веќе 5 години.Што се не ми испитаа и генетски и во Америка праќаа крв и ништо не најдоа. Сакаа да ми дадат инсулин како трудна ама јас реков ќе пешачам и не дозволувам.Па во деновите кога мерев јадев леќа после саат време ми беш 6,0 шеќерот.Јадев од тост лебовите интегрален тој најмалку ми дигаше.Јадев исто грав, качамак кога мерев.Избегнував ориз, компир, тестенини итн.Често јадев чоколадо ама пример еден ред. Не ми го качуваше толку како ориз или макарони.Ако нешто ми го качеше ќе си пишев *што сум јадела и така знаев што да избегавам.Ако ми е над 8 одма шетав 1час па мерев па запишував. Бебето ми се роди 41+0 со 3390кг. немаше низок шеќер се беше во ред. @Alishan30 зошто инсулин зарем ти се толку големи вредностите? Да не си под некој стрес?Мене шеќерот ми беше висок оти бев без работа и мислев како што ќе биде.Кога се вработив и малата потпорасна вредностите ми се нормализираа.Исто и докторката ми кажа дека инсулинот не е страшен и после бременоста се прекинува. Добро бе луѓе зарем за апаратче, игли и ленти плаќате?Зарем за дијабетичари не е бесплатно? Јас во Германија 1 цент немам платено за било каква контрола кај дијабетологот.Генетски испитување за Америка праќаа па чекав 6 месеци резултати.Тие ми го дадоа апаратчето гратис.Ленти и игли ми запишуваат на рецепт секогаш бесплатно.Обично црвена рецепта се плаќа 5 евра провизија ама немам ништо за дијабетот платено.Незнам зошто толку пари