Значи ти за првпат доби дијабет во бременоста и после тоа продолжи да го имаш? И јас се изненадив што плаќаат за апаратче, игли и ленти. И тоа трудници! Мада веќе ништо не ме чуди во Македонија што се случува. Мене шеќерот ми се појави сега, во седми месец, и баш во ептен стресен период. Претходно кога мерев шеќер си беше уредно. Читам поназад некои не јадат млечни производи, јас цела бременост се УДАВИВ во сирење, кашкавал и јогурт. Среќа па шеќерот не ми реагира многу на тоа. Нема да мириснам благо и леб, ама без сирење и јогурт не можам.
Да во бременоста ми го открија.Сега неколку пат ми беше во ред и натаму ме следат.Јас неколку пати ја прашав докторката да не ми е од стрес.Нее Кога ми помина стресниот период се подобрив. Сега сум пак трудна и ми рекоа од одма треба да ме следат.Ама јас чекам втора контрола која ми е за 6 недели од првата ради одмор и не сум се јавила на контрола. Инаку млекото не ми правеше проблем и јас без млечни производи неможам
@Ava.84 само ако сме на инсулин ни се бесплатни апаратчето и лентите. Сега не. А вредностите еве ми ги Спојлер Заради инвитрото морав многу да примам хормони и кортико, и лежење заради крварење и ниска постелка. Тоа ми беше стрес, и да се нервирав првите 4-5 месеци. Ете сега не се нервирам но баш кога се опуштив ова се случува. Плус генетски имам во фамилија шеќер
По јадење треба да е помало од 7,8. Високи ти се Се надевам знаеш што ти дига повеќе вредност.Мојата еднаш виде 9 и рече инсулин ако не го исконтролираш со исхрана.Па кога мерев бев на диетаАма кога не мерев јадев благо ,овошје што сакав . Ама пак умерено. Еве некој од моите во 2016.Тие со маркерот ги сметаше за високи. Спојлер Јас сум сигурна дека со исхрана можеш да го регулираш.Овес топло ти препорачувам .Гледав една емисија како пациенти на инсулин со пешачење т.е физичка активост и овесни каши 3 пати на ден ги префрлија на таблети.Со многу слаба диета ги излечија од дијабет тип2.Така да тражи на интерне т и ќе најдеш исхрана и ќе го ставиш во ред
Ај кога веќе почнавме да си ги покажуваме, да ви ја покажам и јас мојата. Кажано ми е да мерам на гладно, еден час после секој оброк и навечер пред спиење(ова неколку пати не измерив, затоа што заспав). На гладно треба да биде до 5,3. После оброк испод 8, а навечер под 7. Првиот ден кога шеќерот е највисок, не бев на диета. Ме интересира, колку време пешачите(или км) и какви физички активности имате? Другарка ми со огромен стомак тренираше како луда, јас сум бавна и тромава, едвај се движам.
Твоите се одлични резултати, јас во споредба со вашите табели изгледа стварно ќе ме стават на инсулин Немам физичка активност многу, немам ни кај да одам, по оброк. Во тие 55квадрати шетам и работам, но не е доволно изгледа
Мене ми рекоа ако не можам да излезам надвор поради временски услови, да тренирам по дома. Ако немаш ризична бременост, консултирај се со лекар, па почни со некои лесни вежби за трудници од јутуб. Диабетологот ми рече вреди и да седнам на пилатес топка и да правам гимнастика со рацете. И чистењето низ дома е тренинг, и те каков! Откако останав бремена, една соба едвај ја чистам.
Тоа чистам, низ дома се си работам, не ми е мачно тоа. Ме водат како патолошка бременост заради првите месеци, но потоа се било во ред. Баш ќе прашам што смеам да вежбам. А @Mantub одсекогаш везам, исклучоци постојат многу сакам во аптека рачно напишан рецепт да е читлив, јасно се'
Ма не е страшно треба да видат и бебето да биде поголемо од неделите и од 3 дена резултати не даваат ќе те следат неколку недели.За шетањто те разбирам во мк сам да излезеш во мал град готово ненормален сиА и немаш секогаш друштво .Полошо е што и паркови нема за да прошеташ(ова во мојот град).А и додека ситгнеш до паркот 200луѓе познати ќе сретнеш.Што е ризично за корона. Пробај дома на лента или на точок ако имаш.Полека не брзу.Јога за трудни. Сега ја прочитав пораката за инвитрата и стресот и фамилијарно.Гените играат и како улога.Мене секогаш ме прашуваа имаш ли фамилија не, не си гојазна зошто имаш проблеми?Веќе породена бев.Мене секое плакање на бебето ми беше стрес, а многу плакаше.После ми помина боловањето јас треба работа да тражам ама малата нон стоп болна од градинката .Како да ми биде? Една кашлица што фати не ја пушти 7 месеци и како да бидам.Нервози.Одам на 10 доктори сите викаат нормално е сега почнала со градинкаТерапија капки за нос.Затоа реков стресот беше кај мене пресуден.Исто имам братучетка и таа исто од стрес шеќер имаше.Па оти докторка сама си препишуваше таблети.Откако и таа средија некои работи во животот повеќе не зима терапија.Ама еве докторитве викаа не е стрес.Лоша исхрана и начин на живот А шеќер секогаш одбегнував во мојот живот @PurpleMind јас шетав колку имав сила и колку бев расположена . Некогаш 30 мин некогаш 1 час. Бев многу подвижна.Исто дома вежбав јога за бремени вежби за карлица и половина околу 20 мин.тоа ме релаксираше секој ден.
Пошто купив апаратче, малку се намачија во аптека да ми покажат како да го користам и пак ја утнаа (една лента потрошивме џабе)... Сабајлево и јас пробував па уште две потрошив пошто ко прле пред магаре правам пред да дочитам се'... Кажувајте сега, колку пати во текот на денот мерите? 6 ли? Сабајле на гладно, 1 саат по доручек, пред ручек, саат по ручек и пред-саат по вечера или? Кога сабајле мерите (саат) итн. Секое боцкање, друга боцка ли ставате или истата ја користите и чистите/дезинфицирате пред.. За сабајле да мерите, има ли правило кога да се заврши вечерата..во смисла 8-12 саати гладен или? Затоа што на проба.. сабајлево, апаратчево ми покажа 7ка ќе се шекнам ако ова е тоа) Тнх.
Јас мерев 6 пати на ден, како што имаш ти пишано, на гладно, еден час после доручик, пред и еден час после ручек и пред и еден час после вечера. Апаратчето многу е лесен за употреба, ке го свикнеш со тек на време. И мене така на почетокот ми беше потешко, но ке се навикнеш. Знаеш, кои намирници треба да ги избегнуваш, треба да имаш три редовни оброци и две до три ужинки мегју нив. Сите јаткасти плодови, го намалуваат шекерот, посебно бадемите. Од нив обавезно да си јадеш секој ден. Од овошје, кај мене црешите не ми го покачуваа шекерот, исто јадев и замрзнати малини, аронија, вишни. Јас од почетокот боцка менував на секое мерење, подоцна ја дезинфицирав после секое мерење и ја менував секој ден. Кај мене млечните производи, посебно битолскиот јогурт, многу ми го качуваа шекерот, па јадев претежно месо(телешко, пилешко) и риба. И свинското месо не се препорачува, исто треба да исфрлиш тестенини, леб, слатки работи, сокови. Јади повеке зеленчук, значи обилна салата скоро со секој оброк. Не знам што друго да ти пишам, ако те интересира нешто слободно прашај. Тоа што ти бил шекерот 7, е сигурно, дека долго време не си била јадена, затоа и се препорачуваат почести оброци.
Јас непазев за вечера точно ама покасно од 21 не сум вечерала ако ме фатеше покасно не вечерав.Овие тука препорачуваат најкасно во 19 да е вечератаРучекот во 12 -13, доручек во 7.Оди па темпирај Прво се мери на гладно, па после 1 час од доручек.Па пред ручек на гладно,па еден час по ручекот.Пред вечерата и 1ч по вечерата.Кај мене во тетратката имаше и пред да си легнеш.Ама јас си легнував по еден час од мерење и не мерев втор пат. За боцките јас се боцкав еден пат една боцка ги добивам гратис и ги имав полно,лентите секогаш побрзо ми се трошеа.Тука прочитев дека некои со една боцка се боцка почето ама како прават не знам. Не е комплицирано ќе ти стане рутина
Ета, фала ти многу за препораката за храна - бадеми и замрзнати црвени овошки. Баш тоа во последно време јадам ко ужина, ама се случува да доручкувам или ужинам парче сирење, кашкавал со патлиџан, краставица и/или или нискомаслен јогурт. По првото боцкање сега, изедов парче мешано сирење па се мерев саат покасно и 5.4 беше. Денес само ќе испробувам изгледа. Месо треба да појачам. Имам нагон за јадење месо, а не толку јадам. Охо, Ава, тој германски терк и тетин ми (Германец) го тера цел живот))). Ја ќе приумрам за леб така. Ќе гледам да ги менувам и дезинфицирам боцкиве што ги имам и, да распоредам оброци и ужинки според ненормалните напади на глад ) фала ви. На крај и притисок ќе треба да почнам да следам со сево))
@zhap4e еве ти видео, јас си го најдов моето апаратче на јутуб и овде се ти е објаснето. 6 пати мерев, пред доручек и 1 ч. по доручек, пред ручек и 1 ч по ручек и пред вечера и еден час по вечера. Битно е да ги имаш редовно земено оброците и ужинките, да не се прескокнуваат, колку што можеш да си физички активна по јадењето, за да се троши шеќерот. Доручкував во 9, (јади побавно, не брзај). До 9 и 15 јадев, потоа во 10 и 15 се боцкав. За ручек кај 15-16ч јадев, а за вечера најкасно во 20-20:30 ч вечерав, оти седам навечер до касно. По јадење гледав 2 часа да поминат за да земам ужинка пример 1 јаболко или 1 праска или 2 бисквити. И тоа ми беше. Чудно е што така ми се навикна телото и сега се будам веќе околу 8 ипол зошто ми се јаде. Еве и денес сум веќе будна. Ако има нешто плус, прашувај. Едит: за иглата не пишав, еднаш дневно ја менував, во пенкалцето е внатре таа, само јас се боцкам и за следниот ден ставам нова.
Минатиот пат на Алишен и кажав за овесот ама не го кажав рецептотГледав емисија во кои луѓе со дијабетес 2 со јадење овесни каши 3 пати на ден од инсулин поминаа на таблети.Кашите ги спремаа со вода и овес и дозволено е се што по англиски и германски на крај има бери/берен.Како јагоди, рибизли, боровинки,малини итн Сите овие немаат многу шеќер во нив и кашите им ги правеа со нив.Јас јадев овес со млеко и ќе додадам некои од овие или кога повеќе сакав блачко пола банана.Значи овие овошја можеш да ги јадеш без проблем.Месото не го дига шеќерот , а е добро за крвта.Најинтересно ми беше дека ми рекоа се што е со поголема масленост да избегавам.Зошто? Ако се здебелам потешко ќе го регулирам шеќеротЗатоа кажуваат помалку месо. Оваа пирамида ми рекоа да ја пазам [/QUOTE] Врвот никогаш, најдолу најчесто.5000 чекори или 30мин одење. Ако ми текне уште нешто ќе пишам.
Тнх, Ава и Алишан. Мислев овесна каша да почнам да доручкувам. Чат пат да менувам со друго нешто. Еден предлог оброци имав најдено за цела недела, па дел и ќе ги практикувам.... https://m.parent24.com/Pregnant/Pregnancy_health/7-DAY-meal-plan-20150826
Еве и јас да се надоврзам. Од Центар за дијабет препорака за гликемиски профил. 7 пати мерам, пред и еден час после главните оброци и еден час по вечерната ужина. Значи 3 главни оброци и три ужинки. Мерењата ми ги пишаа првиот пат, на пример доручек 8, па во 9 мерење. Ручек во 13, во 14 мерење, вечера во 18, во 19 мерење, и последно мерење во 22 часот. Е сега јас не се водам строго вака под саат. Сабајле кога и да станам пијам еутирокс па чекам саат време пошто не смеам да јадам одма по апчето и почнувам со мерење. Кога ќе го завршам јадењето гледам на саат и мерам еден час потоа. Ако е времето блиску знам и да прескокнам ужина и да преминам на следен главен оброк. На гладно да не ти биде над 5,3. После јадење да не биде над 8-8 ипол. Иглите ги дезинфицирам и во текот на денот една користам. Последната ужинка навечер нека не ти биде пивеќе од 1-2 лебни единици за да не ти е висок пред спиење шеќерот. Мене обично ми е околу 5,2-5,6 и сабајлето ми е околу 4,7. Треба околу 8 до 10 саати според табелата да има разлика помеѓу вечерата и доручекот повеќе не. Рацете обавезно со сапун миење пред мерење затоа што може си фатила некоја храна и да ти покаже повисоко.
Според доктори, кога би мерела од вена, би покажало 6. Иглите можеш да ги бришеш со алкохол, секој ден по една.
@zhap4e Сирење кашкавал зденки не ги броиш во единици (ама затоа јогурт ,млеко и кисело млеко да имаат шеќери по 1ч една единица...) месо може да се јаде е сега ако е поховано го рачунаш ако е обично не... кромид во салата или манџичка не го рачунаш а ако јадеш да речеме похован се рачуна единици ... тестенини треба да избегнуваш но ако ти се јадат да речеме макарони 4суп.лажици е една единица ...ај во порака ќе ти пратам од центар за дијабет табели за да се водиш колку единици и како... А за апаратче побарај на јутуб има објаснувања...