Гестациски дијабетес/Скриен шеќер

Дискусија во 'Бременост' започната од lolyta777, 5 април 2012.

  1. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    34.790
    Пол:
    Женски
    Мила тоа ќе се консултираш со ендокринологот дали да водиш евиденција ...јас на почетокот запишував што и како ... но сега не -(да напоменам не сум бремена но имав проблем со скриениот (предгестациски) и сум со терапија и ќе треба да внимавам кога ќе сум бремена)
    @Alishan30 мила вбимавај на стресот пред некој ден иста ситуација кај мене... но сепак чувај го бебуш подалеку од стресот а така ќе се чувате двете
     
    На zhap4e и Alishan30 им се допаѓа ова.
  2. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    Денеска правев тест за скриен шеќер. Може ли некоја која се разбира да ми ги погледне резултатите? Морам матичната да ја чекам да се врати од одмор инаку. 20200804_131637.jpg
     
  3. Mila_Skopje

    Mila_Skopje Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.643
    Пол:
    Женски
    Ти фали во 60мин вредност؛ Ама и без таа и на гладно и вп 120мин е покачен т؛е имаш гестациски дијабетес؛
     
  4. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Треба да е под 8,5 за вториот час кај трудници.
    Кога ти се враќа матичната, обично се дава упат за консултација со ендокринолог.
    Режим на исхрана ќе ти дадат и на што повеќе да внимаваш.
    Ќе правиш профил, пред и 1 час по јадење, па дај боже само со храна да успееш да го контролираш.
     
    На Tsukinory му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    Одлично уште ова ми фалеше. (facepalm)
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Не ти е многу покачен, скоро на граница е.
    Со храна и без нервози ке можеш да го контролираш.

    Зошто некаде прават на 60 па на 120 минути а некаде не?
    Мене и матичен и ендокринолог ми кажаа дека не е битна само вредноста по 2 часа, туку и после 1 час. Треба да се види како организмот го обработува шеќерот. Поточно колку ке се качи и колку ке падне.
     
    На Tsukinory и Mila_Skopje им се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    А вчера кога последно јадеше? Да не заборави дека до 19ч е најдобро да престанеш со јадење
     
    На Tsukinory и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    без нервози. Не е ништо страшно. Не е многу покачен. Стресот плус ти придонесува, сигурно. Со промена на исхрана ќе се регулира тоа. Куп сме тука фалични:))) со еден,друг,трет проблем што ни изникнаа од старт. Позитивно само :D:hug:
     
    На Ava.84, Alishan30, Tsukinory и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    Тоа е се во ред. Синлаб така настапуваат со тестов и мене ми беше чудно. Ама нели треба да се земе во предвид дека недела и пол веќе сум на строг мирување само кревет/тоалет. Како ај кажете ќе го одржувам шеќерот кога не се движам воопшто? Дали да лежам за да не отварам и да го раснам плодот или да се ставам на режим и да се движам? Има ли решение во вакви случаи?
     
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека на овие вредности не треба да одиш за да го намалиш шеќерот, не ти е толку покачена вредноста.
    Не ги паметам моите вредности, знам само дека беа малку над граница и добив совет да внимавам на јадење. Јас немав ризична бременост и се движев ама во граници на нормала. Ендокринолог не ми кажа дека мора да шетам.

    Мислам дека кај тебе најбитно е строго мирување.

    Кога би ја знаеле вредноста по 60 минути би имале подобра слика за тоа како организмот се справува со шеќерот. Мала е разликата од 8.5 до 8.8. Значи по 1 час треба да е највисок а потоа да падне т. е. Ее организмот да го преработи.
     
    На Tsukinory му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Ко и мене шо ми рекоа едни лежи, другиве движи се. Се регулира шеќерот со промена на исхрана, ќе видиш. Не мора да се движиш. ќе лежиш ко шо ти рекле. Ќе си го мериш шеќерот ко ние другите. Не е тешко. Не се сеќирај
     
    На Alishan30 и Tsukinory им се допаѓа ова.
  12. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    До колку се вредностите за првиот час?
     
  13. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на мислењата и советите. Тоа е. Не сакам повеќе од ова сега што сум да се возмемирувам. Мислам 90% ми од стрес. На колку работи апчиња движења знаци внимавам што е уште една работа плус. Ќе си јадам салати и месо варено/печено. И повеќе течности. Ќе фатам некој режим. На крај крева и не ме чуди кога ќе размислам пола фамилија ми се дијабетичари. Колку да внимавам наследно ми е.
     
    На Ava.84, Alishan30, Milkiway и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. GolemaMala

    GolemaMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2020
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    788
    Пол:
    Женски
    Малку над горна граница ти се, и на гладно и после 2 часа.
    Мене ми беа близу горна граница, ми препорачаа д пазам на исхраната, да не јадам благо, тестенини, овошје.... И да се движам.
    А ендокринологот виде дека ми дале 100гр гликоза наместо 75гр, па сега треба да правам пак, со помала количина. Со колку грама гликоза го правеше тестот? До 85кг тежина се прави со 75гр гликоза.
     
    На Tsukinory му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    @Tsukinory овие не се вредности за кои би те натерале да мериш шеќер. Отфрили ги очигледните работи теста, бело брашно, шеќер и тоа е тоа.
    Инаку не знам што е работава навистина ама за шеќеров има двојни аршини. Познаничка моја на 1ч имаше 10 на 2ч 9.5 и гиникологот не се замара и рече биди си на диета онака најслободно. Гледам си јаде благо гајле си нема зашто не и кажаа дека е опасно. Сега е 30та недела а бебето го мерат 2000гр.
    Мене матичната и во Систина за шеќерот ме предупредуваа и цело време ми збореа голема глава, големо бебе а моето беше во 34та 2400гр.
    Јас откако ми го открија шеќерот со ништо не експериментирав, одма се ставив на строга диета и не прекршив до крај за ништо.
    Не ми е јасно како може некои трудници да ги вадат од памет, а за други да не важат тие правила.
    Едит: Осоебно ние од Скопје што сме, триста испитувања правиме. Абе има трудници не знаат ни за крвна слика а да не збориме шеќери, д димери и притисоци.
     
    На Mom_3, eta, Chuchanov и 2 други им се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Секако дека има трудници кои одат на доктор еднаш во два месеци, ама кој гарантира дека ништо нема да се случи?
    Се раѓаат здрави и прави деца, ама се јавуваат и проблеми.
    Сите прегледи се рутински и со цел да помине се во најдобар ред. И бебето и мајката да се добри.
    Ако проблемот се открие на време, поголеми се шансите да се реши или да се спречи голема штета или фатален исход.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    @Butterfly1107 и од другите градови ги правиме сите испитувања кои ни ги даваат, не е само во Скопје.
    Не се сите исти трудници, но има и како на членката вредности, кои не завршиле само со диети.
    Не е туку така работава, и шеќерот не се занемарува туку така.
    Нека си се советува со ендокринолог членката@Tsukinory и искрено се надевам дека ќе се среди се.
    Може и да се повтори тестот, за да бидат 3 мерења, и така подобро ќе знаат докторите, што да ја советуваат.
     
    На eli.karameli, Milkiway, Tsukinory и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам дека се треба да се испита. Ама мене матичната секој преглед ми кажуваше што може да се случи од висок шеќер. На почетокот и многу килажа накачив па и за тоа цело време ми збореше. Цела бременост во страв ја поминав ама па од друга страна бев многу одговорна. Така да не знам што е подобро.
     
    На eta, Tsukinory и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  19. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.928
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Најдобро е се да се испита. И потоа мирна глава.
    И јас бев со поголема тежина, исто и мене ме предупредуваа. Притисок мерев редовно без индикации.
     
    На eta и Butterfly1107 им се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.757
    Допаѓања:
    7.693
    Пол:
    Женски
    Јас имав 9.3 после 2 часа, после еден час 11.1 мислам, матичниот беше лабаав ми вика ништо не ти е бебето е нормално, немаш вишок плодова вода. Ама јас дали да одам на ендокринолог, дали не се мислев и не отидов. Сама се ставив на режим и си мерев со апаратче, го контролирав добро. И шланк се породив со 10 кила вишок, од 5ти месец до крај грам не качив. Е гладував и се бедирав и мислам дека и сега ќе го влечам тој скриен шеќер. На гладно ок ми се вредностите, ама телото не ми го разградува шеќерот добро изгледа.
     
    На zhap4e, Tsukinory и Butterfly1107 им се допаѓа ова.