Тие што се породивте внимавате ли уште на исхрана? Мерите ли шеќер? Зборев со докторката што ми ја водеше бременоста ми рече да го повторам тестот, па за 2 недели планирам да го повторам
Не можеш додека доиш да си на таква строга диета, едноставно не оди. Нема да имаш сила, исхраната во доење е поголем дел јаглехидрати. Јас не би правела тест сега, кога ќе прекинам да дојам, да. Ама и онака доењето истоштува, уште да припаѓам од исхраната, не не.
И јас немав зголемена плодова вода, единствено "поголемо" бебе што уствари се роди 3340гр. Читав и на форумот имаше мноогу поголеми бебиња без да имаат шеќер мајките. Не знам зошто цело време ми викаа големо бебе кога си бил најнормално бебе. Ама ајде помина... Сега немам мерено шеќер.
И јас мерев и ми е 10 и нешто па 11, па 9 и нешто, па 8,5. И сега сум на инсулин. Најригорозно се придржувам на исхраната, на единиците. Плодова вода во ред, јас во ред со килажа. Бебе понапред за 2 недели и подебелко во килажа
Па братучедка 3800го родо машала. 2 пати беше за скриен шеќер и немаше. Нејзе и викаа мораш царски над 4кг ќе биде ама успеа природно. Така што твоето не било воопшто тешко на килажа споредбено со ова
Мене ми кажаа дека неколку дена после пораѓајот ќе ми мерат скриен шеќер, па си помислив, налет, кај ќе бидам цела измрцварена од пораѓајот уште низ глад и жед да минам(тука над 8 часа не смееш вода да пиеш). Ми е чудно што никој не ве контролира после бременост. Инаку другарка моја си продолжи со диетата и после пораѓај. Е сега, нејзиното бебе беше алергично на мајчиното млеко, па престана да го дои уште на почетокот, можеби затоа можела да издржи. Јас планирам да продолжам со диета, ако можам, секако. Успат да ви споделам што ми се случи сега. Се насладив со една чинија лубеница. Земам да мерам после 1 час, 8,2, ми се стемни! Ама па апаратов чудно ми се понашаше, реков ај ќе пробам пак. Пробав на друг прст, 5,9. На трет-5,9. Значи некоја грешка било.
Па ако го имам пак ќе побарам диета за доење, после пораѓај ми измерија 11, ме бочнаа инсулин другите денови повеќе од 4 не ми се качи. Да истоштува многу доењето, јас планирам да се измолзам за да ја нахранат додека не сум дома ама ќе почекам уште некоја недела
Има ли некоја што губи тежини, влегов во 8ми месец две кила сум ослабена со диетата, матичната вика не смееш да слабееш како ќе раѓаш, епа како да се здебелам кога диетата не ми дозволува....
Јас сум со гестациски, второ дете ми е. Претходната бременост имав гестациски ама и пред да останам бремена на ОГТ тестот ми се покажаа гранични вредности. Не ми поставија дијагноза дијабет тогаш па затоа гестациски се водев дека имам. Е сега после породување не ми направија рекласификација. Мојата докторка беше на породилно, на контролите кај друга докторка не ми препрачуваа да правам ОГТТ додека дојам. За ова се контрадикторни со мојава докторка, таа смета дека било грешка тоа и дека трбало по 3-4 месеци после породување да направам ОГТТ. Останува сега после породување да направам ама мислам дека си имам дијабет. Наследно ми е од кај татко ми скоро сите имаат.
Бебињата си одговараат ли на гестациската недела? Мене вчера матичната ми рече во тежина одговарало, ама мешето му било за една недела понапредно... Кај вас како е малку ме исплаши...
Мешето на моето на крај каснеше 4 недели, од диетата моја изглеа гладно беше кутрото . Шала на страна, не се оптеретувај со мерките и јас се убив од секирање на крај во државна со тие мерки, секој доктор различно ќе те измери. Среќа матичниот цела бременост не ме замараше со такви глупи муабети за мерки..
Оваа недела треба да одам да испитувам скриен шеќер, ама не ја разбрав многу убаво докторката што ми кажуваше. Ми рече дека не треба да сум јадена и пиена од од 20 часот вечерта до сабајле до 8 часот, и таму кога ќе одам ќе ме боцкале, па некој шербет се пиело, па по 2 часа пак боцкање, дали тоа јас цел ден треба да си го преседам во болница, па дури и гладна и жедна? Или после тоа првото боцкање можам да пијам бар вода?
вода можеш да пиеш цело време. Тестот ако го правиш на клинички - ендокринологија, те боцкаат на прием, да видат шеќер на гладно, па ти даваат чашка 75 гр шеќер и вода да го испиеш. По саат па те боцкаат да видат како телото ти го преработува шеќерот и после саат па те боцкаат. Така што ќе отседиш таму некој саат во тоа време само вода смееш. Храна чак после последното боцкање.
Добро е бар тоа, јас се исплашив да е жешко па да неможам ни вода да се напијам, си викам сигурно ќе се онесвестам таму.