Финтата е да не му помагаш на телото да се бори полесно со шеќерот, туку да биде тестот веродостоен до крај. Затоа мене не ми дозволија ни да се движам многу многу, само малку колку да не се здрвам. Вода јас ако немам при рака паника ме фаќа, пивнав 1 2 чашки, тоа за мене е ништо, имајќи во предвид дека над 2 литри пиев во бременост, сега со доење уште повеќе .
Исто и јас секој ден пијам минимум по 2 литри вода, а и повеќе. Без храна ќе издржам ама без вода паника ме фаќа од самата помисла.
Мебе ми рекоа дека не смеам да пијам вода помеѓу боцкања. Дури после првиот саат, кога ми падна лошо, ми дадоа голтка-две да се напијам. Ми рекоа дека ако пијам вода, тоа ќе влијае на резултатите.
Мене па баш на Клинички, никој не ми рече не смееш да пиеш вода пошто ќе влијае на резултатите. Ми рекоа може вода, ама по малку. реално, на толку саати глад, вода да се нажљогам, само ќе ми се слоши. Ако има човек проблем со шеќер, два литри вода ако сака нека испие и сто пати на мочање да отиде, па ќе му покаже вишок гликоза. Ама ок, ко шо ви рекле, терајте.
И мене не ми беше забрането вода да пијам, дури ми беше дозволено по малку и помеѓу мерењата да пијам. Тоа е според мене непотребно измачување. Исто така читав во породилните приказни дека во Мк и за време на породување не даваат вода, додека на мене (надвор од Мк) ми дадоа онолку колку што посакав.
Мене докторката вчера ми рече според мерките на бебе нема индикација никаква дека имам скриен шеќер, ама морало да се испита, не знам зошто без потреба само ќе се малтретирам. А и зошто воопшто сите трудници ги малтретираат толку без храна, без вода и згора на се да дремат по болнички ходници со саати.
Исто! Со напад на паника стигнав во болница ради дехидрираност. Толку лошо ми беше, цела ноќ без вода и сабајлето неколку часа додека испитаат. Ми дадоа две голтки колку да заплакнам уста и толку. Најлош период е преку лето да испитуваш шеќер. првиот пат кога испитував не беше толку топло, не ми беше така лошо.
мои познанички, нивните докторки не ги праќаа да испитуваат скриен шеќер. Не знам дали кога правеле крвна слика, мереле и гликоза и биле ок.. јас пример отидов пошто правев крвна слика и гликозата ми беше над 6. пред бременост имав инсулин резистенс, наводно, и пиев метформин кои ги прекинав во бременоста па,нормално отидов од страв. Последно контрола во февруари дури имав и беше ок. На огтт тестот резултатите ми беа нормални прво мерење 5.1, второ 9 трето 7.7, ама ипак ми препорачаа да мерам и внимавам на исхрана. Гинекологот каде бев прошла недела (во 14та недела) исто ми рече, не изгледа бебето ко да имам инсулин резистенс или скриен шеќер и дека не ни треба да пијам лекарства. Обичен режим и толку. И го терам тоа ем за мое добро пошто, а претерам со шеќери (не јадам благо,али компири и сл.)...не сеосеќам добро. Вака се контролирам. Не е страшен тестот. Се издржува. Лошо е, искрено и малтретирање..и ко што рекоа, луѓе без шеќер па крупни деца раѓале и обратно, ама, тоа е.
Мене мојата докторка никогаш не ми зборела за димензии, еднаш само рече дека е за 1 недела понапредно и толку. Чим е понапредно не е страшно.
Во лабораторија ме прашаа дали имам индикации за да проверувам скриен шеќер, им реков нема. Ме прашаа зошто ме малтретираат така безвезе. Не знам ни јас, секој доктор и секоја лабораторија различен принцип на работа.
И јас немав никакви индикации за скриен шеќер, слаба сум, бебето супер беше, на гладно шеќер одличен и пак излезе дека имам гестациски дијабет, не е лошо секој да си проверува.
Само мене тестот ли не ми беше мачен? Не ми беше тешко ниту на организмот, ниту седењето. Вода ни една голтка, чекорење само да ме боцнат. Точно е дека бебето може да е крупно без скриен шеќер, синкп се роди над 4 без скриен шеќер ама и јас к маж ми сме крупни. Проблемот кај скриен шеќер е тоа што е скриен, може трудницата да го има и без знаци. А шеќерот може да направи проблеми. Затоа и не 'малтретираат' , за наше добро и доброто на бебињата. Мене никој не ме примора да правам тест, се е ваша одлука. Ако сакате не правете никакви тестови. Ама да не биде после оф леле мајко.
Првиот пат кога проверував, нити ми се слоши нити ништо. Си чекав 2 саати во ходникот за боцкање, не се напив ни вода. Проблемот беше што вредностите ми беа испод граница, ама близу горна. Испадна дека ми дале поголема доза гликоза. Сега проверив пак со помала доза и вредностите ми беа пониски и од претходниот пат. Овојпат ми се слоши. Не очекував. Според мене, немаше потреба пак да правам, бидејќи и со поголема доза од потребната, не ја поминав горната граница. Бебето е понапред само неколку дена. Ама ај, да не се правам попаметна од докторите, проверив. И веќе не планирам да проверувам до крај, 30 недела сум.
Првиот пат проверив за да бидам мирна, а вториот за да не испадне дека се правам попаметна од докторот.
Ако имаш можност отиди си во Синлаб и можеш надвор на клупа да седиш во кола или дома да си отидеш па да се вратип за 2ч. Ја седев во кола 2ч пред лабораторија. Вода по некоја голтка пиев не бев нешто ни жедна ни гладна ипак шеќер даваат и те држи. Многј подобро него ли да седиш на столчиња во клиника...300-400ден е по приватниве лаб
Мене супер ми е со режимов и мерењето. Пробав деновиве торта, парче...пица исто..хаос шеќерот. Преку 7, 8 ми иде. За саат време се нормализира, али не вреди. Ќе се префрлам на друго брашно и ќе барам црно чоколадо или колачиња што ќе може чат пат да ги мезам, оти ме фаќа мерак и за тоа. Се околу 5 и нешто се врткам со шеќерот. Денес еве, леќа ручав со колбас и патлиџан кромид салата. Леб ич немам јадено деновиве. Многу сирење, кашкавал, маслинки, домати, јогурт, млеко јадам, пијам. 6+ ми се качува ако изедам овошје и јогурт. Ги цепкам оброците. Се' шо се готви за секој друг и јас ручам истото. Ако се главно компири или ориз, помалку тоа, повеќе од другото. маслинки. Бадеми и индиски ореви мезам. Вчера и денес и какао горко пијам по една шолја и гледам ми го држи долу шеќерот. Долго немам пиено. Нема секој ден да пијам. И тоа. Кон средина на месецов сум на контрола, па ќе видиме шо ќе каже ендокринологот. Имам чувство дека слабеам. Отоците ми ги нема. Не сум гладна, не сум прејадена. Цело време нешто џвакам... тоа се впечатоците за сега.