Бев на прва контрола откако ме ставија на режим и мерење шеќер. За месец па контрола. Режим и мерење продолжувам и то. Денес сум лабава у знак на победа, а и да соберам сили за нов месец без куп ствари.
Дијабетолозите ми ѕвонат секоја втора недела и прашуваат какви ми се резултатите затоа што очекуваат со напредокот на бременоста, да се покачува и шеќерот. Wtf?
имав пишано мислам, мојата матична истото ме предупреди, а и ендокринологов ми рече у случај да ми рипаат вредностите, да не чекам месец, одма да одам. Па го сфатив ко...сега куртулив од инсулин, понатака ќе видиме. Затоа и си ја имам на ум ситуацијата на Алишајн. Не си у мк ти? Мене никој не ми се јавил. Ако не отидеме и ги бркаме докторите, буквално ги бркаме низ ходници и згради...може да се удавиме у шербет)
Шеќерни, пак јас со прашања.. од ниедно време..кој што го мачи де . Кога бев на контрола, прошла недела, ендокринологот ја занимаа само вредностите наутро. Гледаше колку често шеќерот насабајле ми бил под 5.0. И се свиѓаше што имав такви бројки тук таме и рече да продолжам со режимот ко шо го терам. Ама, ама. Јас врска немам кога и зошто ми бил под 5.0 еднаш, а друг пат 5.1-5.4 чак и 5.6 еве сабајлево што е над граница. Како сте вие со шеќерот насабајле? И вас ли ви спомнале за ова...и најбитно, шо да правам за да го контролирам наутро? Шо вашите докторки рекле, ве советувале?. Јас ќе барам и друга шо ќе ми помогне малку повеќе од ова шо го добивам ко совет и контрола 1 месечно што вклучува 5 минутки на брзинка муабет пошто, сакам скроз да мафнам метформин (бев со insulin resistance пред бременост и пиев метформин 500).
Ова многу лекари ги занима, колку е на гладно, затоа што со некои храни ќе го покачиш шеќерот, ама према првото мерење највеќе се ориентираат колку и дали ти е потребно лекување. Јас приметив дека ми е испод 5 веднаш штом се разбудам. Ако чекам макар и пола час, се покачува благо.
кај мене па обратно. Одма штом станам ми е вака (мерење пред 7:00), по пола саат, саат паѓа на 4 и нешто.
Мене ми кажаа дека е нормално после будење да се покачува малку, телото се спрема за активност. Јас на почетокот пробав и да пешачам веднаш после будење, џабе! Само мерење и појадување веднаш ми функционира. Јас друга мака си имам, ми пратија поздрав, еден куп чоколада. Ноќеска каснав две коцки, водам војна со себе.
Можеш да јадеш сладолед без шеќер, по 2 јадев на ден, чоколадо јадев со 90% какао по еден ред. Пешечев од 5-7 км на ден цела бременост, после секое јадење обавезно по пола саат што дури при крај се опуштив со јадењето.
држ се мене со тетрапак сокови и овошје така ми прават. Му кажав на татко ми и брат ми дека сум на режим за шеќерот и иде татко ми со сок од јаболко и ќесе круши, јаболки и праски. Вика, овошје е, не е чоколадо, колачи. Брат ми па, конзерва ананас....ананас било добро да се јаде у конзерва за полесно - лапни, голтни демек))
@zhap4e кај мене докторката ги гледаше сите вредности.На гладно обично ми беше во ред под 5,3 или 5,4 . Еднаш ми се случи станав и мерев пред 8 и беше над 5,3 да не кажам 6, а во 8 имав темин кај ендокринологот.Пошто ми е 20 мин од дома решив да пешачам и да ми спадне демек повеќе .Таму одма ми мерат секогаш и кога ми измерија беше 8 , а гладна.Што се случило уште не знам
и мене ми се имаше случено така. И јас не разбрав зошо. Ко и ова со кога ми е под 5 кога над. Не правам ништо попосебно. Се и сешто пробав и не сфатив освен дека е до телото и процесите навечер дур спиеме
Дури 2 пати досега ми бил 4,9 на гладно, инаку ми е 5,4; 5,6; 5,9; 6,2; и на гладно ги гледа ендокринологот, врз основа на него ми ги зголемува единиците инсулин, а и по 1 час од оброк, да не биде повеќе од 8,5. Кај мене беше 8,7; 9,2; 10,9; 11,1; 7,6; Кога по оброк стигнав до 6,5; и 7,2; се задржав на оваа доза на инсулин
Да, така е. Тек после 36та ми беше полесно да го контролирам. Инаку шеќерот на гладно и мене ми одеше до 5.8, не добив инсулин. Битно е навечер да јадете протеин, да мерите после 8часа спиење. Пример ако спиев повеќе секогаш ми беше висок. А ако вечерта сум јадела протеин и сум легнала, сум спиела 8/9часа ми се спушташе под 5
Нема проблем, знам колку е тешко. Сите мои пронајдоци во врска со шеќерот може да ги најдете едно 20тина страни поназад