Како иде со шеќерот после породувањето, колку време се продолжува со диета, кога може веќе нормално да се јаде, плус и ако има доење ќе треба посоодветна исхрана... Некој искуство
Си продолжуваш нормална исхрана.Не ти е потребна диета за доењето не е докажано дека храната ги предизвикиува грчевите кај бебињата.Ако бебето има грчеви ќе има и без ништо да јадеш, така да јади си се
Ќе си јадеш се, по некое време ќе провериш шеќер(Стефанка од Ремедика ми рече по 6 недели да проверам) , јас еве скоро 3 месеци одкога сум породена немам проверено, на доење сме, јадам се освен храна која предизвикува грчеви но бебе имаше многу.
Држев одлично ниво на шеќер досега, ама 3-4 дена по ред ја претерав со пица и благо. Еден ден скокна дури до 11 после јадење. Мислите дека направив глупост што го спајкнав шеќерот неколку дена по ред? :/
Мене нутриционистот ми рече секогаш кога многу ќе го качам шеќерот почнуваме како од почеток, не е убаво да има големи варијации, и стварно приметив дека е така еве веќе неколку недели ми е се до 6 после јадење. А и јас не се осмелувам на пица и благо, иако многу ми се јаде, зар шеќерот не ти рипа до таван, мене од едно топче ванила ми иде над 7,5 обавезно. Не диета за доење, туку зборот ми беше за диетата за дијабетот, дека не можеш да ја држеш додека доиш, тоа сакав да прашам колку време после породувањето се враќаш во нормала
А го мериш шеќерот или се си функционираш нормално, си јадеш што сакаш колку сакаш, без мерење, дури после 6 недели што требало огт.
Инаку апаратчињата мислам дека даваат ориентационо колку е шеќерот затоа на различни прсти во исто мерење даваат различни вредности. Баш вчера испитував, дома на гладно 5,2, отидов во лабораторија од вена 4,4 на гладно. Не е мала разлика.
Еве јас имав гестациски, а и претходно имав интолеранција на инсулин. Внимавав во бременост и малку откако се породив ама диета за дијабет и доење не идат баш заедно. Сега не внимавам јадам се што можам, а да не му прави грчеви, здравје понатака кога ќе почне тој самиот да јаде ќе сменам и јас исхрана (сега е скоро 4 месеци). На 6 недели едвај отидов на гинеколог, а не 2 саати шеќер да испитувам закачен ми беше на цицка. Ќе одам понатака. Пред неколку дена јадев благо и почнав да се потам и да се тресам, значи уште имам некој проблем и треба да пазам. Не знам дали си породена ама ќе си внимаваш колку можеш. Компир и ориз се основната исхрана за време на доење Ама ете ќе скратиш на благо.
Не мерам шеќер си јадам скоро се освен храна која предизвикува грчеви, ќе проверам понатаму благо ми се јаде многу ама приметувам дека ми пречи, пржено неможам, поховано исто.доење и диета не иде заедно, чекам малку да потпорасне па да испитам
Исто и јас сум со благото а ми се јаде многу, само со сладолед без шеќер се залажувам,друго се си јадам
И јас јадам благо, си јадам сладолед немам гајле. Ама многу ми е страв. Воопшто не ми беше лесно во бременоста, со страв јадев. Читам горе јаделе благо, јас не прекршив ниту еднаш. Немаше шанса да изедам нешто што не ми е дозволено. Ама некогаш некои јадења ќе ми дадеа супер бројка, некогаш катастрофа. Многу ми е страв бидејќи не сакам така да биде цел живот. Да се тресам над јадењето и да се мислам дали ќе ми го качи шеќерот или не Али мало бебе, доење и диета не иде. Јас бременоста ја поминав во кујна, сега немам можност за такво нешто.
Здраво на сите Ми пронајдоа скриен шеќер во 27ма недела( на гладно 3.9, 10.7 по еден час испиена глукоза, 9.6 по два часа) сега сум 34та недела Од тогаш ми објаснија убаво што и како да се хранам и комбинирам, не ме испратија кај нутриционист и слично. Ми рекоа немаш потреба да мериш дома, само еднаш неделно до амбуланта да одам насабајле да ми проверат на гладно. На гладно секогаш ми е 4 или 4 и нешто малку. Јас сама си купив апаратче бидејќи сакам да знам што се случува откако јадам. Денес после околу два часа од доручок, шеќерот ми беше 6.6. Колку треба да се движи еден час после и два часа после јадење? Благодарам
Јас и преку ден го доведов во ред шеќерот. Измеѓу оброци, т.е. пред ручек, вечера ми е под 5.0. Од сабајле пред 8 саат, нема шанси да ми е под 5.0, затоа ама по 8, во 8.30, 9...кога и да измерам паднат е на 4 и нешто. Почна и по саат после некои од оброците да се движи 4 и нешто. Не се стремам ама се така да го држам по оброците пошто, не планирам да се изгладнувам нит себе нит бебе заради глупи таргети кои нема потреба да се бркаат баш сега. Апетитот ми е под контрола. Пред тоа, еден оброк го цепкав на два пати, имав по повеќе ужинки и најдобро што можев избегавав јаглехидрати. Сега ама, после месец и кусур вежбање на организмот, имам само три главно оброци,многу мала потреба да ужинам, па и тие ужинки ми се ради онака да грицнам некој бадем, индиски орев...ради да набилдам нутритивни некои вредности што ми се во минус за дента. Се надевам по бременоста и пред 8 саат ќе ми е шеќерот паднат под 5ка, иако и тоа нешто над 5 е далеку од лошо. Закажав и консултација на приватно...па да си поправам муабет и со некој друг на темата пошто, уста не ми се отвара за сиве мои откритија периодов пред докторката кај која почнав да одам периодов.
Devojki aj malku pomos.Denes ispituvav skrien siker 25+4 g.n sum ke saka li da mi pojasni nekoj za rezultatot ne mi se videni od doktor.
покачен ти е малку шеќерот на гладно. Ко и првиот саат по шербетот. Последната вредност не ти е лоша. Можда ќе ти препорачаат диета...што да смениш во исхраната, пр. Помалку јаглехидрати, повеќе протеини, сокови и благо ако можеш да исфрлиш, благо овошје намалуваш...ќе ти кажат. Вредностите мои и по оброци шизат: Саат по јадење..малку печена мешавина од компир, печурки, морков и печено месо во вино и зачини + зелка,краставица салата. Се надевам ќе продолжат промениве. Од недела во недела новина.
Девојки,едно прашање... Испитував скриен шекер во 28 ма недела,(сега сум 31 на крај)нешто малце ми беше покачен над граница(зборам за оној после 120 мин).А Нормалниот шекер во крв оној што се испитува во обична крвна слика ми е супер.Матичната ми рече само диета,не било страшно.Е сега ме интересира дали сте правеле контрола на скриениот шекер и по кои други индикации може да се примети дека имаме скриен шекер?По плодот,по постелката ...Моето бебче сега за сега се развива супер според неделите. ИЗВИНЕТЕ на долгиот пост и ве молам за искуство
Индикација обично е покрупен плод. Ама сега секако даваат скоро на сите трудници да проверат. Имаш тема гестациски дијабет, таму ќе најдеш одговор на скоро сѐ.