1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гестациски дијабет - диета

Дискусија во 'Бременост' започната од NEA, 14 мај 2019.

  1. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ми најдоа гестациски дијабет и мака мачам со броење калории. Доколкј некој има - или пак кмал- би било убаво да ги споделиме дневните менија што ги составаме.

    Иначе моето е од 1800 кал. Или 18 лебни единици :)

    За утре планот ми е:

    Доручек
    2 парчиња леб
    1 чаша кисело млеко

    Ужина
    1 краставица

    Ручек
    Боранија или грашок со ориз

    Ужина
    1 јаболко или 1 банана

    Вечера
    1 парче месо
    Салата
    2 парчиња леб

    Ужина
    1 Јаболко
     
  2. srekice

    srekice Популарен член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Еве јас сум со истиот проблем и веќе 3 месец сум на режим на исхрана.
    Нрмам посебно мени со оброци но воглавно ќе ти пишам што јадам и тоа го вртам секој ден .
    Леб,и бели брашна,пецива,месеници нејадам ич.Од леб конзумирам само Тонус леб со прортена пченица мих од семиња.Превкусен е и а мене ми трае 7 дена едно паковање. Млеко заради лактоза не пијам обично.Купувам од рамстор соино млеко во прав,со зелена трака е 130 денари,во 200мл вода ставам 6 мали лажици прашок и е превкусно.Во него додавам и 2-3 смрзнати јагоди а можеш и некоја јатка ореви и во блендер.
    Сокови и благо никако не внесувам .Чоколадо само органско оние што се со 75% какао.И тоа јадам коцка до две на ден,а некогаш и не јадам.
    Тестенини само интегрални купувам,исто и ориз интегрален или басемати јадам,обичен никако. Овошје не јадам и тамо има шеќери,само цитрони црвени и јагода по некоја .Реткооо каснувам еве црешки ,претежно шматам моркови.Ако ми текне нешто ќе пишам.

    Вчера:
    Д: Јогурт со ленено семе и оризови пуканки
    У: 2 варени јајца
    Р:Телешко динстано со шампињони и салата од домати
    В: Коцка супа без тестенина,и неколку бадеми
     
    На NEA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Одбегнувајте леб, бели пецива, макарони, шеќер и се што содржи шеќери и јаглехидрати.
     
    Последна измена: 14 мај 2019
    На melnicanecot, NEA и srekice им се допаѓа ова.
  4. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.645
    Пол:
    Женски
    Кога ми открија гестацоски дијабетес ме пратија на советника за исхрана .Си мислев ќе ми даде точно мени.Само ми ја покажа пирамидата што да одбегнувам повеќе.Реков без леб нема шанса .Па ме советува да јадав интегрален . Овошје ми кажа никако повеќе од големината на твојата рака.Јас бев ваква:oПа предложи пола банана наутро пола навечер.
    Јас се боцкав 7 пати дневно пред по оброк за мерење на шеќерот во крвта и не ми дадоа инсулин.
    Ќе ви кажам од искуство што најмногу ми го дигаше шеќерот.Тоа беше оризот ,компирот и тестенините.Ама гравот и леќата особено леќата шеќерот ми беше многу благо покачен некогаш скоро нормално.
    Денот кога мерев имав само 3 оброка.Ако имав и ужина ќе требаше на инсулин да бидам:D
    Ама кога не мерев ако појадував околу 9 имав ужина чинија овошје,имав нормално и втора ужинка со некое мало блачко:x
    Ако јадав нешто што ми го дигаше шеќерот после шетав 1 час или повеќе.На почеток пробав точок ама некако не се осеќав сигурна мислев ќе паднам.
    Детето ми се роди 3400 во 41недела не беше големо и немаше пад на шеќер кога го мереа.
    А зошто мериш качории? 1800 калории нели е малку:^)
     
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.645
    Пол:
    Женски
    Заборавив да кажам овесните снегулки го намалуваат шеќерот.Гледав една емисија како дијабетичари со тип 2 со високи единици на инсулин со 3 дена јадење на овесни снегулки со вода и некој бобинки ,3 пати на ден, им се намали шеќерот .После неколку месеци диета ослабнаа и го заменија инсулинот со таблета.Нормално мораа и да пешачат многу.
    Па еве ви едена идеа за доручек.Најефтини се и да кажам поздеави од мусли.
     
    На srekice му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    На упатството што ми го дадоа од ендокринологија стои дека треба да јадам 18 лебни единици на ден или 1800 калории - па поради тоа ги мерам.

    Дали имаш слика од таа пирамида? Мене ми дадоа лист на кој стои отприлика кој продукт колку калории т.е. колку лебни единици содржи па се водам според тоа.
     
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.645
    Пол:
    Женски
    Најгоре никогаш,ретко, малку,често и дневно(превод).
    Ова е за дијабетичари и ми рекоа колку повеќе движење.Така и стои на пирамидата 30мин дополнително движење.
    lebensstil_pyramide.jpg
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Не сум бремена и немам дијабет но од здравствени причини внимавам многу на внесот на јх и шеќер.

    Јас ти ја препорачувам апликацијата My Fitness Pal каде што можеш да мериш колку внесуваш. Ги има и мкд јадења без проблем. :)

    1800 калории се сосема доволни за да си најадена и сита, така да, нека не те плаши тоа, воопшто не си ставена на некоја строга диета. (според мене сите треба вака да јадеме затоа што се труеме со премногу шеќери инаку)

    @NEA Ако ме прашуваш мене, имаш премногу скроб, шеќери и јх во денот. Во ист ден и ориз и јаболко/банана е според моето искуство, премногу.

    Сите бели брашна/тестенини замени ги со интегрални. НО, внимавај и со интегралните лебови затоа што дел од нив имаат многу мал дел 'ржано брашно, а се повеќе на бело. Моја препорака се тонус лебовите, а можеш повремено и протеински леб.

    Наместо шеќери и јх, префрли се на протеини и здрави масти. (месо, јајца, авокадо, млечни производи) Здрави масти има и во семињата (ленено, од тиква, но се многу калорични и не повеќе од 2-3 лажици на ден)

    Претпоставувам дека имаш проблем што да јадеш, па еве ти неколку идеи за сите оброци.

    Појадок:
    1. 2-3 парчиња тонус + омлет од 1 јајце и 1 белка на лажичка маслиново (прави во нелеплива тава)
    2. 2-3 парчиња тонус + 2 лажици хумус + 3-4 маслинки
    3. 2-3 парчиња тонус + пола пасирано авокадо со кромид + 1 јајце
    4. 2-3 парчиња тонус + 2 лажици урда + 3-4 маслинки
    5. 2-3 парчиња тонус + варени јајца + 2 лажици урда
    6. Пржени лепчиња - 3 тонус + 1 јајце + домат и маслинки пржено на 1 лаж маслиново
    7. Тост со тонус, 1 мала лажичка путер и урда
    8. Тонус, путер и 2 варени јајца
    9. Тонус, путер и чаша јогурт

    Ручек:
    1. Парче стек (околу 200 гр.) + лажица сварен ориз/компир/грашок + голема чинија салата
    2. Парче риба + истиот прилог
    3. Парче кременадла/печено месо + салата
    4. Голема салата со секаков зеленчук + авокадо + туна
    5. Голема салата со зеленчук + печурки + варено јајце
    6. Парче месо + златна мешавина + голема салата
    7. Една порција црвена леќа/обична леќа + 3-4 маслинки + голема салата
    8. 3-4 лажици интегрален ориз + парче стек + голема салата
    9. 3-4 лажици црвен грав + туна + лажица пченка + голема салата

    Не повеќе од мала лажичка маслиново масло во салатите и внимателно со оцетот, има шеќери. Ставај лимон.

    Ако одбираш да јадеш само скроб/јх како грав, грашок и слично, мери да одговара со количината и обавезно голема чинија салата. Ако јадеш мусака, пример, мери си на кујнска вага да не биде повеќе од 300-400 грама. (2 кутлачи отприлика, грубо кажано)

    И обавезно зеленчук, зеленчукот те држи сита и не дозволува големи осцилации на шеќер во крвта. Најмалку 5 порции зеленчук на ден. (спои ги дланките - една порција е „чиничето“ што ќе ти се појави, епа такви пет треба :D)

    Сечкај си зеленчук однапред за 2-3 дена и прави си богати салати со секој оброк. Можеш и по лажица ленено семе да си ставаш.

    Ужина:
    1. Едно дланка овошје од типот на малини, јагоди, боровинки (низок шеќер)
    2. Јаболко + со 1 лажичка путер од кикиритки
    3. 1 ред црно чоколадо со повеќе од 75% какао
    4. 1 чаша јогурт + 1 рака бобесто овошје
    5. Една порција пудинг без шеќер (го има во кам)

    Мери шеќер и внимавај после секоја ужинка - дефинитивно исфрли секакво процесирано благо, не ти треба. Имаш еден куп идеи на интернет за десерти без шеќер. :)

    Вечера:
    - слична на ручекот, но јас некогаш јадам и шопска со урда/сирење а многу често и риба или печурки со зелка/марула. Најмал и најлесен оброк треба да ти биде вечерата.

    Мој совет, три оброци на ден + две ужинки, секој ден во исто време. Моите оброци се во 10, 14, 17 и 19 часот. Измеѓу не грицкај за да мирува панкреасот.

    Ако пиеш кафе, пиј после оброк. Исфрли преработени сокови и пиј свежо цеден лимон и портокал, но внимателно и со нив колку, имаат шеќер. Провери витамин Д успат.

    Од овошје, ти препорачувам малини и јагоди. Во КАМ замрзнатите јагоди се одлични. Ако користиш засладувач, можеш стевија (органска стевија од Зегин со најмалку 99% стевија) но внимателно, затоа што и стевијата го стимулира панкреасот.

    Се надевам од корист ќе е постов!
     
    На Ljubova, Mom_3, јolene и 11 други им се допаѓа ова.
  9. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    522
    Пол:
    Женски
    Преголемо благодарам за постот :) многу корисни работи научив :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    251.451
    Пол:
    Женски
    Дузи пишала се што треба :nod::hug:
    1800калории се и повеќе од доволни воопшто да не се грижиш. Читај декларации кога купуваш храна, се и сешто се продава под превезот здрава храна.
     
    На Doozy и NEA им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Немаш гајле, пишувај и прашувај што те интересира, само тагни ме и ќе ти одговорам. :hug:

    На почетокот е замарање, а и Бошка убаво ти рекла да читаш етикети (јас Виталија во широк лак ги избегнувам :D), но после ќе си изградиш многу убави здрави навики што можеби ќе решиш да ги продолжиш и после бременоста.

    Со лесно и само опуштено, веднаш ќе го средиш скриениот шеќер со правилна исхрана.

    Патем, на Fitness Pal имаш и опција да скенираш баркод и веднаш да ти го даде јадењето, ова чисто информативно. Корисно е ептен, а и бааги полесно од броење лебни единици. Кога ќе ја симнеш апликацијата, подеси го внесот на јх, протеини и масти со однос - 30% јх, 35% протеини и 35% масти и види како ќе ти биде вака, па преправај по потреба после. (мислам нема потреба од помалку јх, сепак си бремена)

    Ако немаш компликации во бременоста и се движиш, тогаш следи ги чекорите преку апликации како Apple Health на ајфон и Samsung Health на самсунг. 5,000 на ден се 50 мин бавно одење или 30 минути брзо одење. Само носи го телефонот со тебе и сами ќе ти се бројат кога одиш. :D
     
    На orhideea и NEA им се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    @Doozy може слика кој е тој пудинг без шеќер во КАМ?
     
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.646
    Допаѓања:
    161.647
    Пол:
    Женски
    Е нели на секој пудинг дополнително ставаш шеќер ако го сакаш благ?:^)
    Јас цела бременост така правев, т.е си правев обичен пудинг и ставав малку стевија
     
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Мислев на готов да не мисли?
     
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.646
    Допаѓања:
    161.647
    Пол:
    Женски
    Аааа аха
    Има такви едни во канче. Околу 70 ден е , пишува нешто протеинс хај.
    Ужасен е на вкус.
    Го има и во други поголеми маркети
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    А-ха
    Ако се тие протеинските, на збрегов и сл. мене баш ми се убави :D
     
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    10.646
    Допаѓања:
    161.647
    Пол:
    Женски
    Е добро.
    Тебе ти се убави и црните макарони:D:D
    Така да не ме чуди што и пудингот ти е убав:D
    :*
    Бубни ја снајка(heidy)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.644
    Допаѓања:
    251.451
    Пол:
    Женски
    Имаше порано во кам за матење пудинзи без шеќер, со натрен беа. Не ги носат веќе некое време. Како чоколадните што ги имаат ама беше нагласено со натрен. Јас сега на мм му купувам обичен па го варам со неколку засладувачи.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.076
    Тешко дека ќе издржам јас на работа со диета .Сабајле две кришки леб без брашно со намаз авокадо и варено јајце. Сега еден портокал ручек дури во 17-17.30 , а веќе сум мртва гладна :(
    Со 1-то бев дома и ова време ручав и имав и вечера и таман ми беше . Сега се чудам како (facepalm)
    Матичната ми рече само да исфрлам благо, јаглехидрати и газирано. Ендокринологов вика сепак диета.
     
  20. ^Jasmine^

    ^Jasmine^ Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2019
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Ве молам дајте ми идеи за дневна исхрана за гестациски дијабет. Се уште немам разговарано со ендокринолог, и немам идеја како се пресметуваат лебните единици. Дали смеам на пример, за вечера да јадам две лепчиња тонус со маргарин, едно-две јајца и млад кромид? Или многу е?