Јас би сакала да ти помогнам со тоа што би ти ја пратила табелата но нема да се гледа добро дека е испечатено.Јас одам во е медикал и од таму ја имам.Цела бременост се хранев по неа и имав супер резултати во секој поглед.Најубаво е ако разговараш лично и да ти објаснат таму.Ова со вечерата ако мислиш за една вечера е океј со едно јајце.Но неделно имаше 2-3јајца
Понеделник ќе се консултирам со ендокринолог, табелата ја имам, иако онаа од Клиника за ендокринологија, значи не е прилагодена целосно за потребите на трудница, ама навистина ме бунат тие лебни единици. Вчера стигнав до шеќер 2.7 пред ручекот, значи не внесувам доволно. Шеќерот деновиве ми се подобрува, всушност, на обична крвна слика секогаш се движел над вредноста 4, како и сега. Ми препорачаа и по еден месец да го повторам ОГГТ меѓутоа не знам колку ќе биде веродостоен резултатот во смисла дека сега целосно исфрлив благо, газирано и бел леб. Исто, дали смеат да се јадат пудинзи и останати благи од продавниците за фитнес суплементи? Знам дека тие немаат воопшто шеќери и јаглехидрати.
Јас го правев во 24та , гинекологот ми рече пак во 28ма да го правам, зошто само на гладно ми беше покачен. Ама не планирам пак да правам. Ќе следам имам апаратче ќе мерам, матичната ми рече сепак е во ред само да исфрлам благо и скроб, газирано, ендокринологот ми рече на диета да се ставам, овој од ремедика бара повторување дека со првото имав и пиев терапија тогаш и решив по мое да терам.
И мене искрено интуицијата друго ми кажува. Јас ќе проверам и тримесечен, инаку дефинитивно немаше да верувам во вредностите да не ми се привлекуваше одвреме-навреме шеќер во урина. Како помина првиот пат?
Со пораѓај? Мораше царски и на пораѓај увидоа дека имало вишок вода а сите контроли викаа таман е. Бебе се наголта дури го извадија, не заплака, цел ден му ја вадеа…. незнам дали беше до тоа, сега кога зборев со еднокринологот вика немора да значи може да се наголта и онака. Инаку вредностите тогаш со диета не ми одеа надолу и на крај пиев и терапија но доживеав голем стрес и мислам дека и тоа влијаеше. Сега јадам дури и помалку од диетата ама ете. Тромесечниот ми излезе 5,1. Во 15-та недела ми беше 4,7 што значи овој месец сум го накачила изгледа. А баш во 1 тромесечие не пазев, јадев бели пецива,цедев сок секој ден, благо чат пат и тогаш имав проблеми со притисок нон стоп си пиев кока кола
Јас се плашам, деновиве некако ми стига до 6.9 после јадење, а навистина исфрлив се' и пазам премногу на храната, искрено и кризирам по малку, раздразлива сум, плачам, мислам дека од наглото менување на исхраната. Дали после првата бременост шеќерот ти се регулира?