38 недела + 2 дена....уфф ситно ситнооооо се брои не ми се верува колку брзо помина времето 9 месеци. Со лесно на сите.
Добро утро мешиња! Јас пак да се пријавам со мојата недоумица за рачунање на месеците Седми месец почнува од 27-ма недела, дали тоа значи 26+1 или од полна 27-ма кога се влегува во 28-ма. Инаку веке ја раситнувам 27-ма недела, па сакав да прашам од кога сум офицјално седми месец? Убав ден на сите!
Знам дека е од 27-ма, ама не ми е јасно дали полни 27 или 26+1, затоа што од 26+1 се смета веке 27 недела, тоа не ми е јасно
A што е тоа толку смешно :geek: дај кажи барем да се насмеам ..како може 26+1(дваесет и шеста недела плус еден ден,во дваесет и шеста недела,па потоа дваесет и шеста недела и два дена и итн додека не се стигне во 27 г. недела.)да биде 27г.н ..ај просветли ме
Гglasna denes vo dve temi te procitav i sekade gledam karanici i navredi ???!!! I jas kolku sto znam 26 nedeli + 1 den e vekje 27ma nedela... Kako sto 3 meseci plus edna nedela e cetvrti mesec ... ili jas gresam??? Doktorite kazuvaat razlicno, I na internet sekade razlicno pisuva taka da nikoj ne znae tocno pretpostavuvam…. Muabetot mi bese 3-4 dena ne menuvaat nisto, no stavot I napagjanjeto na forumov e sosema nepotrebno… ne veruvam deka celta e da navredite nekogo… Se izvinuvam za off topic I za latinica
A каде виде ти лични навреди??? кого вреѓам на форумов??? Cамо дискутирам,не значи по дифолт ако не ни се совпаѓаат мислењата и не ни се на исти левел,тоа значи навреда..дај молим те.. да не сум офф топик: 26г.н +1...+6 ,се приближува во полна 27 г.н..не знам што не е јасно
Секој месец има повеќе од 4 недели затоа се тие плус денови во неделите, 12 плус 3 дена и после се влегува во 13 недела, 26 недели и 6 дена па се влегува во 27 недела итн. Инаку јас си користам модернава технологија да бидам во тек со бременоста има толку многу аpps за да се биде во тек без било што да ве збунува. Мене ово на бабле највеќе ми се допаѓа.
Во ред, ако твојот "левел" е највисок според тебе не мора да пишуваш иронични коментари... А за собирање мислам дека сите знаеме колку се 1+6... Ако ти е заморно и под "левел" не ни мора да се објаснуваш. Се извинувам за коментариве и гласна секогаш ми се допаѓало како размислуваш, но ме нервираат вакви вербални напаѓања на форум
ама не напаѓам,тоа што прашав зошто е смеењето на членката е само прашање,сакав да ми објасни на што се должи нејзиното исмејување..тоа што објаснив по детално..беше без негативна конотација околу г.н,впрочем и не барам некој на форумов да е на исти левел со мене или да се натпреваруваме кој е попаметен,далеку од тоа,под левалмислев на тоа дека сите сме со поразлични погледи кон нештата и нема ништо страшно околу тоа.
Баш фино што се разбравте Знам дека кога ке помине макар и еден ден после на пример полни 26 недели, тоа е веќе 27-ма недела, а прашањето ми беше многу конкретно, дали 7-ми месец почнува со 26+1 или полни 27 недели и баш ми е жал што дискусијата по ова прашање отиде каде што нетреба. По тоа што го видов од табелите на нет сепак мислам дека Гласна е во право и дека седми месец почнува со полни 27 недели, можеби и грешам ама сепак ке ја почекам наредната недела за да го прославиме влегувањето во седми месец Девојки фала ви за мислењата, имајте убав ден!