Ах, значи сите различно си пресметуваат и си кажуваат . Сакав да знам за која недела да си читам ( симптоми, раст и големина на бебето итн. ) Сепак фала.
Јaс мислaм кaжувaш 16 тa a си читaш зa текoвнaтa 17. Инaку јaс сум 29+3 и oвие тaбели нa мн сaјтoви се рaзлични тaкa дa пoјмa немaм кoјa неделa се сметa зa 8 ми месец.
Не е така во Ремедика. Последниот преглед бев 8+5, ми рече за 5-6 дена напрај ова и ова (не е важно што) - тогаш ќе бидеш во 10та недела (мислеше на деновите кога ќе бидам 9+2, 9+3)
Може различно од доктор до доктор Јас сум кај Елена Петрова и вака ги смета како што напишав Не е битно толку Не следат они си знаат Наше е да растеме и да тераме напред
И јас не капирам. Или попросто Вие кога имате пример 28 години и 6 месеци велите 29години? Исто некако ми е и ова 10 недели +/- некој ден некако не ми иде да се 11. Зошто мојава докторка ми закажа скрининг за 12недела и ми рече дојди на крај за да биде полна. Ке идам на 12+5, значи секој доктор различно. Се губам хахах
Епа или на крај на 11+7 (односно полни 12 недели) треба да одиш или на 12+. Пример 12+5 ти е веќе полна 12та недела и 5 дена од 13тата недела, усвари ја полниш 13та недела... па после понатака си 13та недела +2 дена на пример, значи два дена од 14та недела, незнам дали разјаснувам убаво хахаха
И јас со мајка ми се расправам Вика какви ти се тие 16+3 ? Значи 17 недела си. Не бе мамо 16 недела и 3 дена. Ми вика значи си ја завршила 16 и сега си 17 И не разбирам баш
Абе како си сакаш така. И јас сакам да сум понапред(ради мачниниве) ама колку е толку е..Јас си викам онолку колку што ми шишува според докторката.
Пак не разбирам јас 31 полна е 31+6 или 31+0? По моја логика е 31+6, значи со 32+0 се почнува 8ми месец или се лажам?