Да @kiki_riki и на мене така ми кажаа докторите , последните 4 недели се 10 месец. Како и да е тие се неделите, но мислев така народски од која недела е 9ти.
народски и по табели на интернет во 9ти се влегува 35+1 јас имам апликација спуштено на тел и исто рачуна 35+1 дека е деветти месец
Јас од кога го дознав терминот на раѓање 21 септември, почнав да си ги сметам месеците од бременоста од секој 21 во месецот. На пр. овој 21 влегувам во 7ми месец. Така ми е полесно отколку вака со неделите. Не е најправилно, ама најлесно е.
@stevemila 21 + , ако сметаме 22 пуни тогаш 7ми месец би бил 3 недели . Според табелата со 21 полна се завршува 5 месец.
Затоа повеќето се буниме.. дури и јас се збунив.. убаво се водев со 13+1 се почнуваше второ тромесечие и 4ти месец. Значи 5ти месец почнува од 17+1.. а 6ти од 21+1 така?
Se izvinuvam.Mislev od 14+ sakav da ja prikacam tabelata ama mi dojdoa gosti i ne obrnav vnimanie so pisav.Eli ja ima staveno istata po koja se vodam
Јас се водев 13+1 второ тромесечие и почеток на 4ти месец. Бидејки до 13 полни е 3ти месец, а веќе 13+1,2,3,4,5,6 спаѓа во второ тромесечие, односно тоа е веќе полнење на 14тата недела, која спаѓа во 4ти месец. http://tvoebebe.com/BREMENOST/bremenost.php
Имам прашање во врска со Гестациски недели. Дали ако при првото ехо јас сум 5, а плодот е 5+4 е возможно потоа кога јас ќе сум 7, плодот да биде 7+1 ? и дали ода се смета за нормално? дали постојат варијации во текот на неделите во текот на целата бременост или од првиот до последниот момент се мора да се биде исто?
Тоа е се на база на мерење со ехо уредот кое не секогаш е најпрецизно. Зависи како се прави пресекот од страна на докторот т.е. како ги фаќа мерките. Погорово е возможно ако не го мери истиот доктор на ист уред.
Нешто не ми е јасно со неделиве која кој месец е. Дека читав на сајтот на систина со крајот на 12та недела е крајот на прво тромесечие. Денес 13+0 гледам апликацијата ми вика уште една недела, читам тука исто. Баш збунувачки ми е ова, ама важно се да е ок па кој месец сум и не ми е важно http://acibademsistina.mk/health/in...heto-bebe-vo-prvoto-trimesecie-bremenost.html
Секаде е различно, секој се води различно. Според мене 12+1 е веќе второ тромесечие. 26+1 е веќе трето тромесечие Јас така се водам...