@Trufe во која недела влегуваш во трето? И јас се водам до табелата на stevemila, ама вчера читав математики и сега малку сум збунета. Вели: Ако сакаш да пресметаш кој месец си, НЕДЕЛИТЕ подели си го 4. Јас имам 18 недели. 18/4=4.5 Значи јас имам 4 полни недели, и математички 4.5 се заокружува 5. Значи според оваа табела, ако во Јануари наполнив 33 години, во Јули веке сум 34. Прашање кое ми се јавува во главата е: Од која недела можат да се родат бебе и да се смета дека се 7ми месец родени? Ако одам математички, 28/4=7. Значи од 28 недела имам полни 6 месеци, и го стартувам 7ми месец. За бебето да ги "фати" бенефитите од 7ми месец, треба да биде старо барем 29 недели. Extremely preterm infants are born 23 through 28 weeks. Moderately preterm infants are born between 29 and 33 weeks. health.ny.gov Според тоа, табелата на babycenter за тромесечија е одлична. Ама со месеците и вкупно 42 недели, сепак е хаотична Спојлер: babycenter Ако 40/4= 10, тоа значи дека 39,8/4=9.95 Значи се до моментот додека не стигнеме 40 недели, бебето ги добива бенефитите од 9ти месец (коефициент 9.95) на 40 недела, бебето не е 10 месеци, ами полни 9 месеци, штотуку влезено во 10 месец.
Јас сум 17+5 рачунам дека со полна 18 ќе влезам во 5 месец. Имам апликација на англиски и секоја недела ме известува кога влегувам во наредна недела
@Momichka и мене ми е комплицирано со неделиве и рачунањето, негде читам 27+1 е старт на 28ма недела и 7ми месец, ама јас во декември наполнив 27 години и сега имам 27, а не 28 затоа јас си рачунам дека денес 28+0 сум си влегла во 7ми месец (значи имам истерано 6 полни) и сум 28 недела. Се водам по следнава табела, му ја покажав на Др тука вика дека е така А во однос на предврено родени беби прашањето во 7ми месец, бидејќи сум со скратен цервикс, баш вчера на преглед го прашав и ми кажа дека можам малку да се опуштам дека влагам денес во 7ми и нели веќе во тој месец шансите се многу големи се да е ОК. Ми кажа ова ни беше првиот "milestone", сега гледаме да стигнеш до 32ра недела, а после тоа веќе нема ни да го мериме. И последно битно е да фатам кажа 35 недела, бидејќи бебињата родени во 35 недела имаат исти шанси како оние во 9ти месец.
Јас се изнервирав дека секаде различно пишува, секаде различно рачуна и како и некоја трудница што даде предлог (термин ми е 31.10), па така секој крај на месец јас си почнувам нов месец, така на 31ви месецов ке си почнам 8ми месец, крај на Септ ке почнам 9ти.. Ееее ми здосади некаде 40, некаде 42 недели
Така изгледа ќе биде најдобро @mariz . Ќе правам ново чистење на апликациите Јас утрово се збунив, дека пресметував за седмак ако се роди бебе, од кога има шансии да преживее знам тапа тема, ама многу касни абортуси прочитав низ темите, и некако оваа прашање не престанува да ми се врти во главата
Крaен термин ми е 04.11 и кaкo и мaриз и јaс тaкa ги рaчунaм месеците, секoј 4ти нoв месец. Нa 04.09 ќе си сметaм декa сум влезенa вo 8ми незaвиснo кoјa неделa сум.
Ајде, ајде.. Само "глупости" прашуваш. Де инкубатори цени, сега ова Се гледа вишок време имаш! Ние точно месец разлика
Имам вишок време не негирам. Го имам цело време на овој свет. И да, знам дека сум за ќотек. Баба ми така велеше, удри три пати еднаш број Баш за таков ќотек сум. Наредната недела сум на контрола, се надевам нема пак да ми кажат строго мирување
Имаш 27 полни, а ја трошиш 28 година. Така иде и со гестациските недели. Не е тешко да се разбере ова со неделиве, ама знам дека збунката ја прават 9те месеци, наместо 10, како што е правилно, т.е како што сметаат гинеколозите. Доносено дете родено во термин се смета со 37 полни недели, т.е 10ти месец, а има полни 9 лунарни месеци.
Додека чекав да помине вториот скрининг (демек ќе се намирев после тоа), сега со нетрпение чекам да влезам во 9ти месец. Ама времето ќе си помине и ќе дојде, што не поминало Ти благодарам што секогаш ми одговараш на прашањата