меу ајде со лесно, уште малку имаш ама јас постојано сум во збрка со овие недели на ехото една недела , според последната менструација друга недела... денес докторката според ехото ми вели 23, а според моето сметање од последниот преглед до сега мислев дека сум 22... одсега само во месеци ке си рачунам
39 ја завршуваме и ја фаќаме 40ката. Бебе турка како да сака да скокне да излезе, ама се ми се чини дека му е заубавено внатре и ќе си поседиме уште малку. А што мама е крајно нетрпелива да се гушка со бебе тоа е друга работа
Zdravo decki nova clenka sumkako ste? jas sum 26 g.n. bremena a na 24 bev na skrining i bebeto e tesko 587gr. slabicko li mi e ili normalno e ?
Труднички муабети цело време мм нешто чепка и се ми ја губи табелата за недели.... во која недела влегувам во 5ти?
Труднички муабети хехе јас ова си го зачував, затоа шо попара сум со неделите 1 месец: 1-5 недели 2 месец: 6-9 недели 3 месец: 10-13 недели 4 месец: 14-17 недели 5 месец: 18-21 недели 6 месец: 22-26 недели 7 месец: 27-31 недели 8 месец: 32-36 недели 9 месец: 37-40 недели http://tvoebebe.com/BREMENOST/bremenost.php
Труднички муабети хехе епа гледаш дека и јас се бунам со неделите, според ехото сум една недела, според менструацијата друга, и мора да ми е при рака табелата
Труднички муабети и мене ништо не ми е јасно... де вака де така каша попара сакав да ве прашам... значи според некоја табела сум 17недела.. матичниов демек тоа што сум осеќала ко пеперутки не била она него ми се чинело ама јас си осекам не сум до толку... ама ми се случи прошлава недела да не ја осеќам толку често а и 2 дена ич..дали дека се напив 1 чашка бело вино и еднаш кока кола или дека ја однесов у дискотека..не знам што е... нормално е тоа да не е секогаш активна? и кога ќе почне нормално да се осеќа а и да може и татко и да ја осети?
Труднички муабети Ne se sekiraj normalno si e eve jas pocnav aktivno od 22 da ja osekam no sepak ima denovi koga ne ja osekam po cel den ama zatoa vecerta od 11 do 4tri sabajle me budi zurka pravi
Терминот или датумот за породување е последниот ден од 40 гестациска недела. Cecilia, тебе веќе ти помина терминот, според тикеров? Едит: А ти пишува 5 days to go. Веќе си влезена во 40 недела, ти поминал терминот, пред 4 дена ти бил. Или нешто тикеров не ти е во ред
Не ми се верува дека ја завршувам 35 недела и влегувам во 9 месец Колку брзо помина, а мислев дека ќе ми се види како 2 години како кај слоновите Мајка ми и сестра ми се имаат породено во првите денови од 9 месец, ако се погодам како нив би можело уште викендов да се породам Се надевам ќе си поседи бебе барем до Нова Година, јас сум спремна, ама не до толку
ехехех е навистина брзо си помина времето и јас сум веке 9 месец, 36 + 2 дена, ама јас се надевам дека оваа мојава бебушка ке си седи во мешко до кај 15 јануари незнам зошто ама се си мислам дека тогаш ке се породам п.с а јас пак ич не сум спремна, уште аливцата за бебушко не ми се испрани
И мене ми остана само да исперам и испеглам облеки и постелнина за бебето, друго се е купено, наместено, спремно за бебе. Денеска последен ден на работа, па планирам од понеделник здравје да почнам лежерно со перење и пеглање и по можност следната недела да отидам на фризер, депилација и педикир, оти којзнае кога ќе одам следен пат
И јас сум 34 + 2, и немам уште испрано и испеглано, ама па другото ми е спремно. Веќе си земав одмор на работа,после породилно и ја чекаме женскава да излезе. Иако има уште малце време, некако целата во паника сум...
терминот го рачунаат до последна ден на недела ако случајно не се породиш до тогаш ти остават луфта уште 2 недели односно 14 дена ако е во ред постелката и плодовата вода јас си истерав 16 дена над термин и на крај пак со провокација мрзливо бебе
Јас бев на преглед на 30 ти декември, докторот ми кажа дека е се воред и дека сум 10 та недела и 4 дена бремена. Мечѓутоа кога го прашав кој месец ми рече два и пол, а според ова треба да сум трет месец. Стварно ме буни ова со неделиве.