Јас си сметам според датумот на менструација, последната на 22.04.2020 ми беше и така на секој 23ти во месецот рачунам дека почнувам нов месец од бременоста. Сеа сум 23+4, 6ти месец.
Девојки јас сум 25+5 дена...Колку што ми кажа докторот се рачуна дека сум 26 недела.....Не можам да сватам веќе дали сум 7 месец или не хахаха поздрав девојки
Zdravo zenski sega vaka ijas se buna sekogas so nedelive na 28 juni ke imam 35 nedeli i 1 den dali sum vlezena toga vo 9 mesec ili pak 36 treba polni ova me buni mn 35 nedeli i 1 den
Јас сум 35+2 денеска бев на контрола во извештајот ми пишува дека е IX месец. Што значи според докторот сум веќе 9 месец.
Ајде одговорете ми кој знае за пресметка на неделите. Добивам на 30 дена. Последна менструација ми е на 18ти мај денеска ми е 32 ден од циклус и сега дали неделите треба да ги сметам од 18ти мај на секои 7 дена нова недела или на секој 30 дена нов месец затоа што ако се по 7 дена секоја среда сум нова недела а на 30 дена секој петок така да не знам како да рачунам дали сум 4+3 или 4 +1?
Најубаво симни си апликација на тел, ќе внесеш краен термин и ќе ти пресметува точно која недела си. Јас ја имам симнато pregnancy+ П.с. Јас колку што сконтав кој ден од неделата ти е крајниот термин, тој ден ти почнува нова недела.
а јас пак си мислев дека последна менструација ми беше 18 мај среда, дека секоја среда влагам во нова недела, бар така беше со претходната бременост
Точно, првиот ден од последната менструација ако се падне во среда, секоја среда влегуваш во нова недела.