1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гејмери, компјутери и нивно влијание

Дискусија во 'Сингл' започната од Yipman2, 30 март 2011.

  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Со дозвола од двата модератора ја постирам темава да можам да одговорам на многуте прашања кој пагаат во машките друштва .
    Ситуацијата е ваква
    Гејмери се луге кој го сакаат компјутерот , зависни се , играат повеке од 4-5-9 часа дневно
    општеството или повекето луге ги именува ко "лузери" поради нивниот различно гледиште на животот
    Што мислите вие
    - Дали сте имале некакво искуство со дечко кој е гејмер , дали било добро лошо?
    - дали би прифатиле состанок од гејмери или луге кој преферираат компјутер повеке
    Во Гејмерскиот живот е тешко да се фати девојка , сите го знаат тоа .. но сепак еднаш кога ке ја фатат ке дадат све од себе да ја задржат , мислите ли дека тоа е точно?
    - Дали го одбрувате овој Гемјерски живот? - Зашто да/не?
    -Дали мислите дека компјутерот ке штети на иднината на нашата популација/раса

    Се разбира би ве замолил искрени мислења , без навреди и понижувања кон нив бидејки и тие се луге и навреди кон авторот на темата бидејки само ме интересира за следниот пат кога ме прашат да знам што да кажам

    -Дотолку постои ваква тема слободно нека ја избришат иако барав не постои

    Благодарам за вашето време кое ке го одвоите да реплицирате на темаваа
     
  2. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Морам на темава затоа што маж ми е такозван гејмер. Пред едно три години тој буквално не излегуваше од интернет кафето, со другарите цело време играа игри. Значи одеше во смени на работа, ако е втора до 22.30 , после работа на компјутер до 06.00 сабајле. Среќа што тогаш не бевме во ист град , јас студирав па тоа не ми пречеше толку иако знаев дека е тотално заразен со Кантер, Кол оф Дјути, Нид фор спид ( извинете што вака ги пишувам , ме мрзи да уклучам латиница).Поминаа тие години, тој почна да работи само прва смена, почнавме да живееме заедно, ама навиката му остана иста. И дома си ги игра истите игри, па дури цела година и јас бев заразена од Нид фор спид, ги имам превртено сите делови :lol: Синоќа баш ја пуштија на интернет за симнување најновата и он веднаш ја инсталираше и до 01.00 ја играше иако е утрово на работа од 07.30. Ама јас си навикнав на неговиот гејмерски живот и можам слободно да кажам дека не ми пречи, ако претера некогаш му кажувам и се разбираме. Значи се е до личноста што е со вас, дали ќе ве прифати или не. Јас прифатив, па до некаде дури и се соживеав :)
     
    На Biny му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    И дечко ми е гејмер а и јас заедно со него :D Сега не толку ама пред тоа кога ќе отидев кај него он си играше Кантер ја си седев до него и си го гледав и се мењававме на некое време и јас играв :) Така да не ми смета тоа ;)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Јас имав бивш дечко гејмер. :lol:
    Во принцип почитувам сечиј избор, ама да му се соблекуваш на дечко ти, додека он бесно штрака по тастатурата и маусот за да добие повеќе Мана, (или како и да се викаше тоа), значи зборувам за оние игриците World of War Craft и другата, малку е фрустрирачко.

    Ти му викаш - запалена сум, ајде дојди земи ме,
    - Чекај да го убијам Орко. :^)
    (или кој и да е, лупам сега).

    Не е баш здраво, ниту корисно, од толку седење може да се здобиеш со хроничен хемороид, а социјалниот живот е сведен на нула.
    Во свој сопствен свет се, но која сум пак јас да судам?
    Сите си имаме свои бубачки и хобија.

    Во Јапонија и таквите земјички си има секоја година турнири со огромни парични награди, а нештата се сфаќаат многу сериозно.
    Претставници од гејмерските компании се присутни и веројатно бираат poster boy за игрицата. :D

    [​IMG]

    Јас сепак не би можела да бидам со некој толку заразен за игрици.
    Ми треба некој кој е реален и мошне приземјен.
    Но, не осудувам онака рекреативно играње игрици, со мерка, со усул.
    http://www.youtube.com/watch?v=kEGU8gijSvw :D :D :D
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Не сум имала дечко гејмер, меѓутоа не ги перцепирам како лузери тие луѓе. И мене ми се случувало да заглавам неколку часа на некоја игра, макар што лично јас сум повеќе по RPS, но сакам и RPG, Shooter Action-adventure и некои симулации. Да не излегувам многу надвор од темата, зависи до кој степен би бил инволвиран дечкото и колкав баланс би постигнал на релација врска/PC за да знам дали би се одлучила за ваква врска. Јас сум за тоа во врска да се има простор резервиран за себеси кај двата партнери, па сега дали тоа време ќе се троши на било какви компјутерски активности, или кафе-муабет со сопственото друштво или да не набројувам др. начини е право на слободен избор. И мене повеќе ми се допаѓа да е некој гејмер, барем го употребува мозокот за нешто, отколку по цел дан да виси по кафичи трошејќи туѓи пари, ама ваков подалеку од мене :^) ! Сепак не би сакала и др. крајност да имам дечко гејмер да ми рече ќе се чуеме за половина час, па да ми се јави после 3 саати како „морал„ да ја комплетира мисијата, а ќе се видиме другиот ден :!: веројатно :lol: некаде вечерта откако ќе го усоврши карактерот на понапредно ниво :lol: !
    Сума сумарум, не сум ни категорично за, ни категорично против врска со гејмер, а како личности ја имаат мојата поддршка, сепак со мала опомена дека адреналинот се стимулира и во риал лајф, а не само во тркачки симулации или некој интензивен мултиплеер шутер ;) !
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Не ги сметам за лузери ама не би била со ваков дечко
    Не заради тоа што некој го нарекува лузер или зашто играл игрици туку од проста причина што ваков дечко би немал време за мене, а јас си сакам посветеност и внимание :)
    Плус ова мене ми е малку детско, да игра цел ден на компјутер наместо да шета на сонце со мене :D
    Жално е што/ако немаат социјален живот и сметам дека тоа е голема пречка и е нездраво. Ептен ми е глупо да си зависен од компјутер или од игри, едноставно не е мој начин на живот и тешко би се вклопила во сето тоа
     
  7. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Може ќе бидам малку сурова и не знам каква ама дефинитивно мислам дека „гејмерите“ се итоа како „лузери“.... :!: убаво напиша @Yipman2, „зависни се“...а се што предивзикува завист мислам дека не е нормално. Сепак станува збор за многу саати потрошено време.... тоа е секогаш повеќе од 3h дневно.... начесто по игрење по цела ноќ. Толку многу се внесуваат во тој тој свет, што забораваат на овој реалниов. Социјализација...дружење???? Се тоа е сведено на минимум или воопшто и го нема. Имам (имав) еден другар кој не станува од комјутер.... значи постојано да се игра,,женет е, на сопругата и смета ама кутрата не може да се разбере нема што да прави :x .... она седи на ком навечер по два саати и толку другото време комјутерот се дружи со него. Се дружевме порано повеќе,,,,но немаше повеќе смисла дружењето... кога ќе отидевме он си играше...беше толку уфилман малиот што јас сум сигурна и дека не ни забележуваше дека сме тука.... и ако му кажеме еј дај престани имаш гости :fubar: ,,,да ќе престанеше,,,но само што ќе седне заспиваше. Па нормално мозокот му е заморен од толку играње. Исто се случуваше и ако дојдеа кај нас,,,,таа сопругата едвај го станала од стол и тој кај нас пак заспиваше...Крајот на приказнава се сведува на тоа дека веќе никој од друштвото не го дружи... сами се, се одалечивме..не само со нас со сите. И замислете деновиве на фб случајно забележав слика која е направена деновиве... кај нив дома гости некои деца, сликани сите собрани и гладам во позадина он фатен на сликава слушалките ставени и си игра...како никој да нема во собата... И вие мислите дека ова е нормално...мене воопшто не ми е... :^) Тие луѓе веќе немаат свој живот..размислуваат само како да дојдат до комјутер и како да качат левел... познавам еден пар кој сите играа некоја игра не знам која само за да „качат“ левел... ако се на работа им викаа на децата да играат... само да бидат први.... :yawn: болест... :fubar: Нема ништо поубаво од реалноста...од прошетките...од дружењето, од смеењето.... да гушнеш некој,, да помирисаш... да прочиташ некоја книга... на крајот на краиштата подобро е и филм да гледаш... Гејмери..немате нинакво оправдание кај мене :x
     
    На kristina123456, glosipgirl и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  8. bishop

    bishop Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Не сум ГЕЈМЕР но искрено веке ми е преку глава од девојките во градов. Прочитав интересни коментари од некој девојки погоре но навистина ме интересира зашто ги дозивувате машките кој поголем дел од денот минат на компјутер како фрикови или како и да ги наречете. Факултетот што го изучувам ме задолжува да бидам голем дел од времето пред компјутер но што ме прави тоа поразличен од некој што студира економија или право или било што друго кој компјутерот го користи само за фајсбук, да прати резултати и слично. Уште повеке ме нервира податокот што јас и заработувам благодарение на некој знаења што ги имам преку компјутерите и ме нарекуваат фрик или гик или како се уште не, а некој момци кој киснат во облозувалниците и не прават ништо корисно за нив велат дека се ок момци.
    Може ли некоја девојка да ми го објасни ова?
     
  9. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Aма да не мешаме баби и жаби...едно е гејмер друго е да работиш на компјутер... ете јас учам моментално маја да работам и поминувам многу време пред компјутер ама си имам дадено однапред колку време ќе трошам на тоа и крај.Мојот другар е 3д аниматор... постојано е на ком ама тоа му еработа...Ова е друго, ова се луѓе кои купуваат појаки компјутери само за да може да ја издржат тежината на играта... постојано само се игра, ништо друго не се прави.
     
  10. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание



    Го прочитав мислењево, и ОК, се’ што пишуваш е одење до екстремни крајности, што кај оваа зараза и тоа како може да е застапено. Но, само едно прашање, околу болдираното, чисто ме интересира дали се работи за размислување кое го базираш врз основа на поимот „завист“ (читај: ќе се водам по твоите критериуми), или имаш предрасуди кон гејмерите. :)

    *Дали тоа значи дека никогаш не би била со дечко кој пуши 30 цигари на ден? Тоа го смирува од секојдневниот стрес, го опушта, па во комбинација со кафе, мх, мх, идила, и тие 5-7 минути сосема се исклучува од секојдневниот свет.) (30 х 5-7 минути = 150-210 минути, завист)
    *Дали тоа значи дека никогаш не би била со дечко кој чита книги по 3-5 часа (завист) на ден, до доцна во ноќта? (а ако книгите не се средство за заборавање на реалноста, поттикнување на имагинарното и препуштање во друг свет, тогаш не би ги ни читале)
    *Дали тоа значи дека никогаш не би била со човек кој дневно гледа по филм, два, три (просечна должина 90 минути, значи од 3 часа нагоре, завист)? Па ги гледа навечер, во темно, додека сите спијат. Па се поистоветува со глумците, се внесува во нивните улоги...

    Значи, ме интересираат твоите ставови околу ова. :)
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание


    Nope. Никој не напиша така за машките што минат на компјутери голем дел од денот. И ние самите со самиот факт што пишуваме на форум значи еден дел од денот го поминуваме на компјутер.

    Едно е работа на комп, сосема друго е гејмерство.
    Дури и забавата на комп (фб, твитер, форуми) е многу далеку од гејмерството.

    Ете зашто: ако јас седам на компјутер и имам работа и другарка ми или дечко ми ми звони да излеземе, јас ќе му речам дека имам работа, да ја завршам и ќе се видиме. Ако дремам на фб и ми се јави некој на мобилен да се видиме, го гасам фб и излегувам. Е од друга страна, јави му се на гејмер да излезете ќе ти рече: "неможам, играм" или во најдобар случај ако бидеш среќен ќе добиеш одговор "додека не ја превртам играва не излегувам".....а тоа трае со денови и потоа на сцена стапува нова игра. И не добиваш никакво внимание, на почеток се нервираш и со тек на време забораваш на личноста.
    Значи личноста нема социјален живот, и јас никако неможам да се вклопа во таа шема, и таа врска неможе да функционира

    п.с исти е случајот и за тип што е зависен од кладилница, ако јас другар или дечко неможам да го најдам или да се видам со него, а тој си дреми во кладилница тогаш чао,пријатно.

    Секоја врска си бара внимание и посветеност, комуникација, безразлика дали е пријателска, љубовна.....Ако имаш пријател што не ти се јавува, не излегува коа го бараш, си игра игрички по цел ден дома такво пријателство неможеш да одржуваш. Сум имала вакви случаеви
     
  12. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание


    Аааа ти мора да си иден архитект или програмер :D . Е знам, маж ми е архитект и по 10-12 сата е на компј. ама тој работи - заработува како што велиш ти. Не ми смета кога знам дека од тоа го вади лебот. Колку ноќи имам преспиено сама а тој пред компјутер. Тоа му е работа, не ја сваќам како завист а уште најмалку дека е фрик или што ти знам уште што.
    За се си има своја граница и разбирање.
    А за тоа што велиш дека девојките велат дека се ок момците што седат по обложувалниците и не прават ништо корисно, тоа го разбирам како низок степен на критериум на проценка :)
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Сега ако си му некоја девојка која и самиот знае дека е тешко или едвај ја фатил нема тоа да го направи

    - во тој гејмерски живот друго е врска гејмер-другарка гејмер-другари гејмер-девојка

    првите две се релативни и не толку важни (за него) третото е посебна врска некои ја почитуваат а некои сепак и понатаму се длабоко навлезени во компјутерот .

    или да ги поделиме на 3 типа
    -Тип еден (човек кој игра компјутерски игри но не цел ден)
    -Тип Два ( човек кој игра к.и секој ден )
    -Тип Три ( човек кој игра к.и по цели денови па и недели , и едиствено што знае се игри)


    сега тука колку видов повекето се
    Гејмер и одма напади ,одма оваков онаков , сепак барем толку знам од искуство а тоа е дека не се сите исти
    - играњето компјутерски игри се посебни работи кој секој ги сака и ужива во нив , некои претеруваат а некои се држат на нормала. Ти општо гејмер е и одма нечини ....
     
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Е за ова искрено незнам. Дечко гејмер не сум имала за да тврдам дека ме откачува, ама сум имала еден куп другари со кои веќе не комуницирам од причина што незнаат за ништо друго освен за игри. И ги немам видено со години. Некои од нив имаа и женси ама слабо....затоа и иам таква претстава

    И во никој случај не нападнав. Ако некого тоа му прави задоволство - слободно. Неможам јас некого да му кажувам иди на кафе, ако него позабавно му е да игра дота дома. Негов избор, нека си прави тоа што му е најдобро. Не велам дека нечини, само реков дека јас со такви луѓе не би можела да одржувам врска

    А за дефиницијата за гејмер, шо знам....не сум знаела дека има повеќе типови. Јас за гејмери ги сметам оние зависни од игри. И јас играм во слободно време, и мене ми се дешавало да не излезам затоа што некоја игра ми била интересна и не сум можела да ја оставам, ама не се сметам за гејмер. За мене гејмер е личност што играњето му е на прво место, игра игри по цел ден, постојано прави нови конфигурации што ја порджуваат најновата игра, збори само за тоа, му се дешава да заборава дали надвор е ноќ или ден од предолго играње......барем јас имам вака престстава, со извинување на останатите типови на гејмери (ако е како што велиш) :)
     
  15. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    и јас се пронаоѓам во темава и јас имам дечко кој постојано игра кантер но некад знае и да претера но и до некаде го оправднувам бидејки тоа му е струката така да оправдано :)
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    А? Ќе сакаш да ми подобјасниш малку, или не се изјасни ко шо треба или јас не те разбрав :)
    Струка да играш кантер???
     
  17. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Не знам конкретно за нејзиниот дечко, a и општо, во Македонија не постои развиена „гејминг“ култура, но во странство гејмингот се смета за професија, па таквите луѓе неколкупати во годината одат на разни настани, каде се натпреваруваат мрежно во разни игри и преку кои можат да заработат и до 50 000 долари од настан, плус спонзорства од популарните компании за производство на компјутери и компјутерски делови. САД, Кореа, Германија... Само дел од државите кои ја поддржуваат и масовно вложуваат во оваа култура, и нејзините „чеда“. :)
     
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Гејмери , Компјутери и Нивно Влијание

    Никаде не се смета гејмингот за професија, освен можеби кај оние кои ги прават и ги тестираат игрите, може кај нив гејмрството да е дел од професијата,
    Твојов пример не е професија и струка туку хоби, од кои некои можат и да заработат. Али гејмер ко професија со редовна работа и плата неможеш да ме убедиш дека постои
    Исто ко да ми речеш дека некој по професија е јадач, зато што по америка редовно идел на натправари "кој ќе изеден најмногу хамбургери за 15мин"

    За култура да, се согласувам.
     
  19. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Тоа е твој став, со кој можеш да одиш контра цел свет. Јас само ќе ти посочам линкови за да се увериш дека постои како професија. Останатото си е твое... ;)

    http://www.bukisa.com/articles/103658_m ... profession

    http://sports.espn.go.com/espn/page2/st ... uby/071008

    http://www.helium.com/items/908635-gami ... deo-gamers

    Oбрни особено внимание на вториот линк, кој припаѓа на Sports ESPN. Значи, гејмингот се смета за спорт, а спортот, според тебе, е хоби? Не би се согласиле милиони спортисти кои од тоа го вадат „лебот“ (или подобро кажано, луксузот :lol: ).

    И секако, посочи ми еден будала кој во ХОБИ би вложувал мултимилијардерски суми за спонзорство и промовирање. Тешко да се најде таков, нели?
    [​IMG]
    Светот се менува...
     
  20. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    сакав да кажам струката му е поврзана со компјутери т.е учи информатика