хехе.. Немам предарсуди кон гејмерите, сакав да кажам дека се што е претерано е завист, ако јадеш многу ќе станеш зависен од храна, ако пушиш (30 цигари на ден) зависен си.. да мислам дека завист е и ако читаш по многу саати, дури и да гледаш филмови...Значи јас никогаш нема да и кажам на другарка ми (која ме вика не кафе ) не можам гледам филм, или читам... но гејмерот кажува не можам ИГРАМ...Има голема разлика...за другарот кој напишав погоре... порано се дружевме излегувавме, разговаравме... но откако го откри светот на игрите, ако сме излезени брза за дома бидејќи ќе имал незнам нешто двојно.. од 22 ч почнувало па он мора да е тоа време пред пк Да би била со човек кој пуши 30 цигари дневно ( а бе многу да не се а? ) , и со човек кој чита и со оној кој гледа филмови( со последниов најдобро би се сложила) ... и со оној кој игра, па и јас своевремено играв на фб фарма ... (о имав фб не сум отворила неколку дена) ... сакав да кажам би била со човек кој е умерен во работите... се што е многу не чини..викаше баба ми..
Само вториот го читав и не до крај, ме мрзи....не сум толку заинтересирана за темава за се расчитам playing video games can finally make you rich. Famous, even.... ова ко некоја реклама на топ шоп Спортот за мене е хоби, а според мене за некои може да биде хоби, за некои може да биде професија. Сепак не сум убедена дека гејмерството е професија. Само некои луѓе пробуваат да профитираат од забава, а спонзорствата и маркетингот се за рекламирање нормално. Каде што има многу луѓе, има и маркетинг. И ќе ти посочам повеќе будали кои инвестираат во нелогични работи - американците
Го делам истото мислење со Хова. Не сакам да бидам во врска со гејмер. Ќе се надоврзам на мислењето и на Најтвокер. Да гледа филм и јас ќе гледам со него. Да пуши цигара и јас ќе пушам со него. Да чита книга и те како е убаво да си го зголемуваш речникот и да знаеш да се изразуваш кога си во друштво. А вака гејмер да се оддалечуваш од пријатели и компјутерот да ти биде на прво место... НЕЕЕЕЕ! Имам читано на интернет дека некој гејмер, мислејки дека играл игра, се џитнал од прозорецот, и си го загубил животот, до каде можат да стигнат.
повторно ке напоменам Гејмер има повеке типови .... секое играње , било 2 мин возење кола е гејмање и сеа сакате да ми кажете дека вашите дечковци не играле? - секое машко , ама баш секое има играно и 90% сеуште играат (кога ке се соберат со другари ова она, и 100% се десило да ти каже лошо ми е или морам дома да сум , а игра пес или кантер или др....) и сеа заради тоа ке го откачите ....??? сеа друго е човек кој седи 12 саата на компјутер , а друго е човек кој игра еднаш неделно или по 1 саат дневно ако пишете , пишете би била со гејмер што има контрола а не тамо општо ми зборите - и да во право е NightWalker има професии како и турнири , една победа на турнир може да биде и до 50.000 па и милион евра + слава .....
Дечки, не се нервирајте . Јас ги разбирам гејмерите и сама често уживам да одиграм одредени игри, само внимавам да не претерам, што порано ми се случувало. И никако не ги сметам за лузери гејмерите. Од друга страна го разбирам и тоа што девојките не сакаат да бидат запоставени и заборавени од некој неодговорен гејмер. Решението е умереност, баланс, рамнотежа, толеранција како и за се‘ во животот . Било која крајност не чини.
И да не сакам ќе кажам дека дечко ми не играл затоа што е свесен ако почне да игра ќе стане зависник. А да ме лаже за вакви ствари? Хахах детско ми е најискрено, и да знам дека ќе ми се лути што претерувам со дремење на фемина, пак ќе му кажам дека дремам на фемина. И да ќе го откачам ако претерува и ако почне да халуцинира. Инаку да седи 2-3 часа океј е. Па и ние женските ако не со игри претеруваме во други работи
А си слушнала за игри кои се играат во друштво од 2 до 20 дечки, еден до друг? Па ремет, па кој кого победил, па каков гол постигнал, па кој треба да части, па што да части...Тоа не е социјализирање? Хммм... А пак од друга страна, замисли дечко ти да е тип кој сака да гледа филм во тишина, и не сака никој да му пречи во тоа, да го прекинува, а пак не дај боже да му кажува што ќе се случи на крајот... Но ок е, само зашто не спаѓа во категорија на гејмер, нели? И искрено, би гарантирал дека пола (па и повеќе) од дечковците што си ги имала биле гејмери, но ти не си знаела, зашто едноставно имале време и за да играат, и за своите обврски, и за да се гледаат со тебе. Како што се обидуваме да објасниме со другиве машки на форумот, гејмер не мора да значи забеган, бубуљисан, дебел, грд, неинвентивен, затуцан дечко без чувство и осет за реалност... Тоа е ко јас да речам дека сите девојки што не пропуштаат дневна доза на 5 шпански серии се глупи, трачарки, не знаат да живеат... Односно, да генерализирам. ^ПС. Хаха, ете, ми одговори за делот со дечковците, кул!
Гледајте ја Make Love, Not Warcraft епизодата од Саут Парк, некаде во 10та сезона мислам беше п.с хуморов не е за секој
- your grandmother said she poked you and you didnt poke her back - but dad i dont wana - Poke your grandmother !!!!! него он топик тој тип како што е на саут парк е типично хардкор гејмање -треба да се прави разлика не како што кажа другарчето Nightwalker да генерализираш
Тоа е друго, кажав се согласувам со Хова во случајот со другарка и што го кажа. Е тогаш да се оддалечува. А ти што ќе правиш додека некој друг гледа филм, сигурно нема да скокаш низ соба . Секако ќе седам, ќе гледам и ќе ќутам . И да океј е само затоа што не спаѓа во категоријата на гејмер. Не гледам причина да се обидувате затоа што никој тоа не го рече и никоја од феминките не посочи одредена личност. Дискутираме општо Нели?
Дечко ми секој божји ден е во интернет кафе, се собира со другарчињата и по 4/5 саати си играат некои си игри.А кога дома ќе си симне некоја игра,е тогаш тешко да го изнесеш надвор.Се случило и јас да си седам до него и да го гледам како си врши мисии и понекогаш знам да си дремнам,затоа што нормално не ми се интересни.Порано ми сметаше што толку време им посветува на игрите,сега веќе се навикнав Па и јас бев зависна на времето кога искочи Симс 2, 24/7 бев пред компјутер.Сега па немам среќа за Симс 3 комјутерот не е како што треба и сега си чекам нов па ништо чудно пак да си забегам Убаво си кажа некој од погорните постови,поубаво нека игра отколку да седи по цели денови на кафиња и празни муабети
Има многу други работи кои може да ги прави а да не е играње, ни кафиња, ни празни муабети... може да работи, да учи, да се дружи со тебе, ооо има толку многу поинтересни, поубави и попаметни работи од играње игри по цел ден ...
значи вака јас сум гејмер кој играм кантер страјк веке 10 години, сум постигнал успеси во гејмерска смисла но кога ке гледам опширно на работите најголемата грешка во животот ми бесе што станав гејмер. Кај нас во македонија и не е толку развиено гејмерството но со секоја година повеке и повеке се развива, има гејмери(но лифери) то значи да игра по 14 сати минимум дневно а ги има многу а тие што играат по 6 часа се миниатурни гејмери. Тој што е гејмер неможе да почне да оди на работа , неможи да се дружи со другари или другарки, секогаш е зафатен или со играта или со додатоците за таја иста игра. Ги имав овие проблеми додека не престанав со играње прет 2 месеци почнав да одам на работа стекнав пријатели нови познанства го видов животот на друг начин. Моја препорака за гајмерите во македонија што побргу да се одалечат од игрите и виртуелниот живот.
Ако е опседнат со тоа, не станува од компјутер не излегува, не се дружи, не учи и не прави ништо освен што игра игри би ми сметало и не гледам простор да опстои врска помеѓу двајца луѓе од кои едниот посветен и има време за партнерот а другиот има време само за компјутерот. Дечко ми си игра игри на компјутер али не е опседнат со тоа да игра по 6-7-8 саати дневно и само за тоа да збори. Нормално тоа му е хоби и интересно му е но доколку претера би направила муабет со него, прво зошто за него не е здраво и убаво.. Се што е претерано не е убаво
Мојот дечко е гејмер! Игра се, а најмногу World of War Craft и Dota. Секоја недела се подновува со некоја игричка. Во врска сме повеќе од четири години и до ден денес функционираме некако.. Се случува некогаш по 24 часа да не стане, не поминува ден, а тој да не седне на компјутер. Но сепак заврши факултет кој нема апсолутна врска со компјутерите, има многу другари, излегуваме, се дружиме. Но некогаш има периоди во кои ептен заглавува и кога и да излеземе гледа што поскоро да се врати, воопшто не спие, ниту јаде. Е тогаш гола да шетам нема да ме погледне. Тогаш и најмногу се караме. Се случуваше јас да излезам и цел ден да ме нема, а тој не се ни замараше каде сум ,битно не му сметам додека игра. Порано многу се нервирав и ми сметаше, ми смета и сега, но некако се навикнав. И јас сум зависник од игри, но не како него. Но ете тоа му е мана, но неможам да се пожалам дека ме запоставува. Успева како знае и умее да направи некој баланс, спрема мене е прекрасен, не ме изневерува, не оти не сака, ами нема време изгледа . Малку му сум јас, а камоли и некоја друга. Охоо левел ќе каче за тоа време. Се шалам. Позитивна страна е баш тоа, секогаш знаете каде е, а вие имате целосно слобода. Секој човек си има свои бубачки, се е до тебе, ако можеш да прифатиш некои работи и да најдеш компромис. А тој компромис го бара и он и јас, бидејќи како што кажав сепак не ме запоставува. Ете сите гејмери неможе да се стават во ист кош, овој мојот е прав зависник, но ниту е асоцијален тип, и плус си заврши факултет и излегува во реалноста. Убава работа кај него е тоа што еден период работеше и тогаш се знаеше што му е приоритет, стануваше секое утро за на работа и поминуваше помалку работи на играње. Така да се е до човекот.
Првото маниачење = Level 1 Првиот разговор со девојка = Level 10 Првиот бакнеж = Level 25 Првиот допир на девојчето по задникот = Bonus level 30 Првиот Допир на девојчето со нејзина дозвола = Level 35 Првиот нормален разговор = level 40 Првиот успешен состанок = level 60 Првото факање на Останати интимни делови = Level 80 Првото издржување на врска повеке од месец = level 100 Првиот Seks (со девојка) = BEYOND GODLIKE !!!!!!!!!!!
Ги разбирам они кои играат игри но умерено а не да претеруваат и јас понекогаш си пукам на кантер но среќа што неможам да гледам толку брзо менавање и вртење на сликата ма ми се завртува и сум приморена да ја исклучам играта дечко гејмер не но кога одам кај братучедите и тие играта игри а јас седам како будала и гледам као се радуваат добро е што пораснуваат и им иде паметот па оној поголемиот штрака на компјутер и ми прави муабет а помалиот ми понудува и јас да играм абе машка работа што неможеме да ја сватиме но дали и тие не сваќаат кога цел ден пишуваме на фемина
Јипман... Како се во животот најверојатно се сведува на модерација и животен баланс. Све може да се отера во нездрав екстрем. Ја играм 3 игри годишно, вкупно 100 саати во годината, и чудно ми е како може некој да игра 10 саати на ден, па и да сакаш нема толку игри... Освен ако не играат онлајн игри, ама и тие е чудно, не ли им станува досадно после некое време? Све едно те исто? Не знам, никад не сум играл ништо онлајн.
Јас не ги разбирам овие луѓе, и мене ми се случувало да заглавам по 3-4 саати но тоа се случувало 1-2 пати месечно, значи со партнерот ке испаѓаме и сеа ја ке треба да го чекам додека му завршела рундата.. Јас дури ни со другарките не испаѓав за да играм кантер, но додека се освестив веке пола другарки ги изгубив. Мислам дека никогаш не би излегла со некој таков дечко. Прочитав неколку статии за ова и видов дека некој ги поддржуваат гејмерите, сепак тоа е нивно мислење но не може тој да е на работа од 7 а седел до 6 сабајле и играл тексас холд ем. Не бива што не бива, а замисли да седнам и јас со него па да се мењаваме по 2 рунди, цццц Без навреда но јас не поддржувам вакво нешто никако..